@chocolade така планирам и јас до кај 13 часот да го земаат, а да го носам јас во 9 ко ќе одам на работа. Градинката ми е наспроти канцеларијата, ќе можам и на пауза да го посетам, макар што не верувам дека ќе прави проблеми, како едвај да чека ми делува. Штом се вратам од одмор најверојатно ќе го запишам, мислам примаат цело време, помали се и групите. За разболувањето се мислам навистина, ама што велиш нема правила, само да поминува. И Ммр ја нема примено, за тоа се мислам плус, не знам какви им се правилата, треба да се распрашам. Фала за искуството, ми значи.
Хахах мојава бара да ја земам покасно ,веќе кога се собрани на купче од повеќе групи останати,најинтересно и е тогаш,а и онака до кај 16,30 седи ,а некогаш и 17 ја фаќа ,ама што да правам друг избор немам.Е само ако има некоја баба на гости сама бара да ја земела баба и порано после спиење . @kristina.k и кај мене ја нема примено уште ммр ,3,5 години е ,а оди од 9 месеци
Еве денес беше пола саат иакп не плачел. И на сите исто кажуваа. Нема разлика плаче не плаче. Ама искрено е доста голем стрес за децата, па чим приплакува не гледам потреба од форсирање.
Мене ми рекоја носење од 6:30 до 8:00 најкасно 8:15. Не знам дали ќе можи во 9 да им го носиш,сепак зависи од градинката
@m.i.g ќе прашам и тоа, ама мислам нема да прават проблем приватна е градинката, во 9 најмногу ми одговара поради работата.
Не мислев јас на оставање подолго време. Не би требало да е проблем да седи два саати ако не плаче. Од искуство кажувам. Ама не значи дека ако првиот ден не плаче, така ќе биде и секој ден.
Јас би ти препорачала да го носиш за доручек во градинка. Мојава ужива да јаде во друштво па не би и го кратела тоа задоволство @azelea се надевам дека и кај нас ќе има дечиња до покасно. Уште е рано ама што веќе сме тука, кажи како постигнуваш за ручек? Мене тоа најмногу ме плаши. Сега спремам обично после работа и ручаме малку покасно. Ама она гладна ќе биде штом ја земеме сигурнои ќе сака да јаде. Сега руча во 15.30-16.00. Не знам како ќе постигнам..
Мислам дека нема да имаш проблем и покасно со вас да руча. Дури и да биде нешто брзински, она важно ќе има ручано квалитетен ручек во градинка околу 12, потоа во 14:30 им даваат ужинка, и таман до 5-6 попладне ќе биде сита. Барем кај мојава е така. Некогаш не ни сака да јаде со нас во 5.
Не знам колку руча таму. Викаат јадена е, а штом стигнат дома женава и дава да јаде и не одбива. И како оди во градинка 3-4 месеци без паузи одма слабокрвна. Секогаш и била добра крвта. Затоа сакам после градинка ручек, ужина и вечера да и бидат квалитетни Ај ќе си фатиме некој ред ваљда
Еве нас ни е трет ден денес ,ќе седи од 8:30 до 12 така седеше и вчера без проблем плачел малку на почетокот после тоа супер бил ,ни рекоа оваа недела да седи до 12 ,а од понеделник веќе до 3 .Е сега доброто е што многу малку деца се во јасли ,сега за сега биле само 5 што доаѓале ,од кој само три останувале подолго време да седат ,другите две си оделе за пола саат .
Не, плаче па престане па пак плаче и така. Негувателката кажа добра била, малку јадела. Кога отидов ја видов лазе и плаче.