Да обавезно ќе кажам дека не можам вака чим е добар. Имам обврски со бебе и работа и тоа е тоа. Сакам утре да им речам дека ќе се вратам по 2часа, во случај да има проблем да ми се јават. @wings
3 ден денес ја оставив и нпрмално плачеше ја слушав пред врата стоев за 10 мин се смири. Излезе надвор воспитувачката по др детенце ја прашав рече се смири си зборува нешто си разгледува сама, ама за 20мин зами ја. Реков не е малку нели се смирила нека седи. Рече да стекне доверба дека стварно ја чекаш и ќе ја земеш. Уште 2 недели имам втеме за адаптација да ја оставам утре повеќе или да терам вака до петок? Искуства
Сите плакаат.Имам една познаничка тука, детето стварно мирно не знае да плаче.Во градинка првите денови не плакало после почнала да плака.Ќе се навикнат.Гледам и големките деца во групата на ќерка ми некогаш се тажни па се гушкаат со родителите.Па кажуваат како не сакаат денес во градинка. За мојата веќе трета недела е во новата група кога ја оставам рика не плаче.Дури и по патот рика. Па денес вртев цел круг за да не примети па кога ја виде градинката кога почна да плака.Ама воспитачките ме смируваат дека само кога ја оставам плака, а преку ден си игра и не плака.Останува 8 и пол часа. Ах што убаво беше во старата група ми кажуваше чао и си одеше во групата.Дури и старата воспитачка ми кажа како ја видела дека плака во градината и и прашала зошто плаче.Малата сместа престанала.Има некоја почит кон старите воспитачки.А многу е смешна кога ја носам плака и гледа со едното окце да не испушти нешто кај големите децаПа заборава да плака. Јас ова го пишав да не се жалам во мајчински нон стоп
Кога ќе речеш чим не плаче да седи подолго ќе почнат со -ааа ама нема да сака да јаде, ќе се истрауматизира. Па ај од понеделник со оброк. И ќе дојде понеделник и ќе седи со оброк и ако речеш да остане за спиење-ааа нема да сака, ќе ги буди другите деца ќе плаче по мајка му ЌЕ ГО ИСТРАУМАТИЗИРАШ. Ај од понеделник со спиење. И ќе дојде и тој понеденлик. Па ќе ти кажуваат дека не спие, па ќе почне да спие. Ама да си го земеш пред ужинка т.е. одма по спиење. И кога ќе се прашаш себеси ЗОШТО ДА ГО ЗЕМЕШ КОГА ВЕЌЕ ЈАДЕЛ И СПИЕЛ ЗОШТО БИ ПЛАЧЕЛ?? И кога нив ќе им го поставиш прашањето следи-Ааа епа кога ќе се разбуди и ќе види дека е само т.е. мајка му дека не е тука ќе плаче многу, ЌЕ СЕ ИСТРАУМАТИЗИРА. И така по месец дена тој муабет НА СИТЕ мајки што прават адаптација. Уз пат ако се разболи од почеток јово на ново пола саат, па 45 мин па саат вр... Ви кажав јас, од минатиот септември до сегашен април правев адаптација. Со паузи ради болести. Има 2 или 3 дена седено 8 часа. Толку.
Го оставив реков денес 2 часа од утре повеќе. Рече нема проблем. Од утре сакам да го пуштам од доручек па до 12 ако е се ок денес
Денес со плачки ја оставив. Кога се вратив стоеше во креветчето и не плачеше. Кога ме виде тогаш се расплака и пружеше раце. Негувателката вика добра била, расплака се па престане и така. Не јадела
Јас во нашата градинка немам ни можност да ја видам што прави, на врата ја земаат и бегаат. Денес 2 ден седеше 1 саат, мртва гладна ми ја вратија расплакана дури се тресеше. Мене оваа адаптација ми е поголем стрес него на неа.
Зошто мртва гладна? На адаптација најадена не ја носиш? Ако седела 1 час нема кога толку да огладни. Јас секогаш првите денови ма адаптација го носев надоен/најаден
Од понеделникот сменивме градинка за големата. Секако со три години требаше да менува група, па се решивме на овој чекор. Верувам тука ќе биде посреќна и е подобро за нејзе. Од прв ден е до 12.00. Се поздрави и веднаш си замина во игралната со воспитачката која и пристапи. Вчера му рекле на мм дека слободно може до 15.00, до крај. Се надевам дека така ќе остане. Среќна и без проблеми во адаптирање.
Така е. И кажавме дека сега е голема, дека со поголеми другарчиња ќе си игра, а сестрата ќе остане кај бебињата. И најважното, дека пак ќе дојдеме, да ја зедеме
Не знам колкаво е твоето ама не знам зошто те бараат да си го земиш иако не плачи. Како да има правило првата недела само 2 часа или до 12 да седат. Јас од старт кажав дека ако спија нека си седи таму цел ден,иако не сум вработена и сум цел ден дома. Можеби само Ск е така,не знам што да речам. Мене ми е уште од сега криво што ќе треба да и ја прекинам градинката,а гледам дека со песна оди,ич не ми прави проблеми. Утре речи им дека си со мало бебе и дека не можиш да го земаш по 2 часа. Ако плачи,тогаш ок земи го ама вака не.
2g2m e. Placel posledniot pola saat. Gladen i mu se spiese. A koga go prasav zasto placel vika za igrackite. Moze i mu zemale nesto.. Im kazav deka sum so bebe. Utre ke go ostavam do 12, a ako place nek me baraat.
истото ми се случи. одам сосема нормален. а други денови го имам зимано буквално отечен од плачење. и после ко ќе речеш -ова не е помодрено дете од плачење ќе ти каже дека ЗАКЕНКАЛ кое у превод значи-денес ми дојдоа повеќе деца од што очекував па ај да го баталам бар твоево..
Хахахах јасно ми е. Ама не ми се јавија, отидов и го шеташе кај шкавчињата и рикаше овој Како ги решаваш, де сподели со почетниците
Горе или долу сте? Горе има лизгалки и куќички кај шкафчињата, може затоа го шетале. За ова другото, цена во иМбоХ