da take kako ke stekne imunitet, no ova veke e epten, tri dena odi cetrvtiot e bolna, prethodniot mesec dobi streptokoka ne odese 15 dena, taman ozdrave pocna pak cetvrtiot den pak nastinata, jas sum taa sto najvise saka detevo da odi vo gradinka iako kaj nas ima koj da ja cuva, sakav da odi radi socijalizacija, no ova nekako veke ja preminuva granicata
и наравоучение? нема да оди во градинка ти си мајка си знаеш драга мубаетот за имунитет ми беше во однос на тоа дека е подобро сега да го помине тој период отколку подоцна во школо кога ке оди тогаш ке мора неможе и тогаш да ја отпишеш многу витамини само ке ја биде
Мене ми е смешно што секое динамично дете е со таква дијагноза, а атеншн дизордр може да биде и пасивна работа. Од таму ќе ја согледате нестручноста. Е сега факт е дека има деца кои го имаат овој проблем, работата е да дојдете до точната дијагноза и да не се оди негаторски. Сигурно не е фино кога детето е со некоја прибелешка, ама подобро е да добие третман како што треба, отколку да се игнорира. Само што во Македонија овие деца се третираат како посебни случаи, а не треба, а тоа се деца со повисока интелигенција од останатите, само им треба добро канализирање. Тоа се деца со кои се излегува на крај и тоа се менува во текот на животот. А Ангел, детето зошто не го примаат, ќе ти ја кажам логичната причина. Потешко е да соработува, со повозрасна група е, не може да се дружи и не може да си искаже своите потреби, така што и поризично е за неа. Нешто да ја боли, некој да ја бутне нема да може да се искаже, ама глупа е причината што ја навеле. Ако ве гледа во очи, ако е ведра, ако ве разбира што и зборувате, ако се одзива на своето име, ако не си игра опсесивно само со играчки кои се вртат или можат да се вртат и ги врти упорно, ако ги дели со вас или со други деца, остави ја да се заигра и викни ја по име, до три пати, ако го сврти главчето и изреагира, тогаш нема таков проблем. Мислам ќе ја однесете и ќе ви кажат дали е или не е, да не должам многу, а ако не е, сега пази ми го следното, зошто психологот кај што одите сигурно нема да ве праша како се однесувате,а дури и да ве праша, не верувам дека ќе бидете толку искрени, колку ти што беше тука еднаш. Извини ако бидам груба или навлегувам во поинтимна проблематика, јас мислам дека вас проблемот со зборувањето ви е од други причини. Некаде имаше пишано и така ми остана тешко врежано, дека сестра ти и нема баш трпение со неа и знае и да вика и да биде нервозна,дека знае да избувне и често пред детето прави сцени и караници. Таму барајте го проблемот, детето џабе ќе го тормозите по психијатри и психолози... те може само да помогнат да се поправи грешката, под услов сестра ти да работи на себе. Она секако ќе си прозбори,може и од еднаш и тоа чисто, ама пак суштината ќе остане исто. Не знам како ќе ме разбереш,ама...тоа е мое видување. Некој ќе рече, еее и јас пред моето така се однесувам, ништо не му е. Секој е различен, секое дете е различен карактер,а и ако си дозволуваш така да се однесуваш ти пред твоето и мислиш дека детето ти е ок, само замислувај си дека е така, можеби не реагира исто, а кој знае што му се случува во главчето. Како втора опција, поврзана можеби со тоа аутизам. Знам неколку дечиња со вакви симптоми кои им се случија после вакцината која се прима околу првата година (пред или после не знам), па дури и такви кои зборуваа, па престанаа да зборуваат... и да, им беше дијагностициран аутизам, од активен степен. Не сакам да отварам вечната тема со вакцините, ама никој не може да ме убеди дека не се зло и се неопходни. Луѓето се повеќе се освестуваат, па ајде затоа сега од нигде никаде се појави детска парализа...види богати... Мене воопшто системот на образование чии темел се градинките во земјава не ми се допаѓа. Ајде храната, зошто повеќето родители реагираат на неа, ама колку ме нервира начинот на кој ги воспитуваат децата и работат со нив, просто одвратен ми е. Ништо креативно, ништо истражувачки, се по правила, толку ригиден. Ги отапуваат децата. Се по систем на пофалби и награди, ајде и нека не се казнува (а се), сепак се дискриминира зошто се поразлично и извадено од кутијата се оценува како неприфатливо и погрешно. Уште пред да се запознаат децата кои се, а верувам родителите најдобро си ги знаат,им се ставаат рамки во кои треба да функционираат. Сега ти дома го развиваш, работиш со него и го носиш во некоја градинка таму кај некоја учителка без пет дена школо и без вода во очи и очекуваш дека ќе работи со него како ти дома... оф... Најголемите комплекси кај децата се создаваат во тие години, веќе кога се зрели касно е, а и повеќето не си ги знаат вистинските причини зошто некако се однесуваат и зошто им е некаков животот. А замислете може да е некаков затоа што воспитачката ставала пчелички само на децата кои сонцето го обоиле жолто во линиите како што треба,а тие што го обоиле зелено и неуредно, ништо. А кој знае која креативност и потенцијал лежат во тоа дете. Се буниме за факултетите,а не гледаме какви се градинките... од стеблото поаѓаме...
Лилит, јас потполно те разбирам, се што кажа си држи вода, од А до Ш. Детево наше е чуден феномен, во еден момент е како да не знае ништо а во друг момент изговара зборови на англиски, иако се работи за мали зборчиња како Бај, Бај на цртаниот на ТВ и Оу Не кога нешто нејке, сметам дека сепак дистанцата меѓу двете состојби е огромна. Детево оди сега на вежби, аутизмот е проблем кој се решава кај неа, бар стадиумот во кој се наоѓа. Градинката се надевам ќе почне да се однесува нормално кон нејзината состојба, како и кон состојбата кон внучето на Фајтер, иако она не се изразува на нормален јазик си знае да се изрази и каже и покаже што сака, со мимики, со гестови, знае да сврти внимание. Инаку околу тоа дали се врти на повик, дали се одзива, да, знае и кој ја вика, односно ако и кажеш дај и на тета, иде мене ми дава, ако и кажеш дај и го на тета топчето, топчето ми го дава, ако си игра и ја викнеш да јаде може нема да дојде , ама ако ја викнеш да си ја изгледа епизодата Маша, одма иде Чудно е не знам како да кажам
^ Ангел, според ова што го напиша, нема врска со аутизам, барем јас колку што сум информирана. Ете едноставно има деца што не зборат од мали. И мојата внука 2 ипол години збор не изусти. Збореше на нејзин јазик. На две години почна со ДАЈ, ТОА, НЕ, МОЕ - и само толку. И ние почнавме некако да ја разбираме, па девојчето немаше потреба да се труди. Потоа се сменивме сите кон неа, со намера да ја испровоцираме да каже што сака (демек не ја разбираме), полошо беше- девојчето стана нервозно и плачеше, како да се плашеше дека не ја разбираме. Попуштивме, и ја оставивме. Кога веќе нокој не ја форсираше да збори, девојчето како преку ноќ да се опушти и почна да збори. Навистина, не толку чисто (тврдите согласки и Р не ги кажуваше), но збореше. Битно и пред да прозбори, се‘ разбираше. Знаеше кој мобилен чиј е. Ако и речеш дај ми го мојот телефон, на масата 6 да има, точно твојот ќе ти го донесе. Зборот ми беше, треба малку и да се опуштат децата, да не се притискаат многу.
Да си барате друго мислење. Ова не е аутизам според тоа што ти го кажуваш. Не го обележувајте детето без врска, да си има проблеми понатака. Немојте да мислите дека во оваа наша држава се би било ок понатака и дека она ќе продолжи нормален живот. Затоа што нема. Ќе ја бележат веднаш. Немојте да го дозволите тоа. Отидете си на друг психолог и бидете си искрени до крај за се. Себичноста и срамот никаде не води. Секогаш има време за поправање на грешките. Детево е нормално. Тој што ви утврдил аутизам, или нема друга работа,па си нашол или толку знае. Незборување не е аутизам! Овие наши *стручњаци* покрај тоа што убиваат бебиња по болници, гледам и веќе здрави родени сакаат да ги водат под дијагноза. Особено па ако сака да се социјализира и не реагира лошо на деца, ако нема епизоди на пиштење и вриштење, ако не е насилна, вие дефинитивно сте на погрешна патека.
Не да се правиме сите компетентни, ама пак толку статии има на нет за аутизам, имаш многу симптоми кои укажуваат на аутизам и ако се погодат неколку не значи дека веднаш дијагноза треба да се даде. Побарајте си повеќе мислења, читајте малку повеќе што од книги што од нет, да не се дозволи еден или двајца некомпетентни да си играат со животот на децата. Сега барем информациите се лесно достапни. Има многу деца на кои пример не им се посветува доволно внимание, растат само со телевизор и компјутери и често заради ова се претпоставува дека покасно прозборуваат и тоа обично на англиски или само пеат. Разни случаи има, не ги земајте дијагнозиве здраво за готово, и мене не ми личи на аутизам иако не сум јас таа која треба да каже, ама не избрзувајте...
Ангел ви пишував и погоре и пак ќе пишам. Моето внуче до три и пол години НЕ ЗБОРУВАШЕ. Само тук тамо некое зборче без врска. Дури ни името не си го кажуваше. Си имаше некое зборче како нане, и така си се именуваше, а тоа нема врска со неговото име, нема ни една иста буква. И ако го прашавме чива е играчката ќе ти каже НАНЕ. Тоа траеше долг период, а и ден денес не ни е јасно како сам така си се крсти. Тој одеше во градинка од 9-10 месеци, па се до поаѓање на училиште без престан. Комуницираше со некои мимики и такви неколку неразбирливи зборчиња, кој само сестра ми му ги разбираше и покасно воспитувачката. Значи детето социјализирано секој ден меѓу деца и возрасни и пак не прозборе до три и пол години. А се разбираше, да го викнеш, да донесе нешто, да даде буквално се. И почна да зборува некако одеднаш, нагло. Понатаму се до поаѓање на училиште имаше некои букви кои неможеше да ги изговори, па пред шестата година неколку месеци го носевме на вежби на логопед. Ги совлада и нив и сега на полни седум е супер. Исто и јас сум прозборела на три и пол. Полека со тие дијагнози и етикетирања на детето, да не направите контра ефект. Побарајте мислења од стручни лица, ама внимателно кај кого одите, секакви има. Мое мислење е дека секое дете си има индивидуален развој, тој прозборе многу касно ама прооде на 10 месеци сам без некој да го поттикнува. А неговото братче па на годината збореше многу, но прооде на година и 7 месеци. И за него разноразни "стручњаци" алармираа и даваа дијагнози.
Сето ова не смее да го внесува во организмот затоа што во таква храна односно богата со шеќери кандидата опстојува и се шири. Давај, риба, грав, леќа црвена, зелка, спанаќ, блитва, компир, морков....има што да се даде ама знам дека готвењето е малку комплицирано. Пријателка блиска проблемот го реши со диета и пробиотици некои специјални нарачуваше, ама незнам како се викаат. Распрашај се по аптеките ќе ти кажат.
Феминки, ви ветив дека ќе ви кажам,каков е исходот. Значи, го носеа детево во Завод за ментална медицина, таму го гледаа педијатар и двајца психолози. Психолозите рекоа, детето е интелигентно, му недостасува само да се развие говорот,тоа со логопед да се прави и нормално му фали Домашна дисциплина . Не е хиперактивно, не е ни аутистично...туку ,не е соодветно воспитано и ставено во ред и затоа од градинка се лутат и тешко им е да го чуваат. Исто така психолозите рекоа, дека нема потреба да се оди на психијатар ниту на дефектолог, туку само на логопед и дома дисциплина повеќе. На родителите им падна камен од срце, мене исто така, а јас спремна вчера да идам у градинка ...вака ко тетка да ги дигнам у ваздух, ама ајде совет од мајката на внук ми, беше АМАН немој после па ќе имаме проблеми, почекај нека заврши се па после.... КАКО НЕ ИМ Е СРАМ, го направија детето за по психијатри да се носи!
bi sakala da ve zamolam za edna pomos...Ja zapisav kerka mi vo gradinka i mi pobaraa da popolnam obrazec (najverojatno nekoj nov) vo momentot go nemaa i mi rekoa da go simnam od stranicata od Ministerstvo za trud i socijala..Nikako nemozam da go najdam..Ako nekoj znae kade tocno se naoga, ve molam da mi kazete...Pozdrav..
Посче сите случувања што нашата фамилија ги имаше со градинката, во последните месец дена, јас се прашувам само, до кое дереџе стасаа предучилишните установи. Мојата сестра има голем проблем со детето во градинка. Тој е немирко, и тоа е факт кој никој не го негира, но со градинката нема излегување на крај. И после толку месеци престој, во градинката, тој не смее да останува повеќе од 1 до 1.5 саат дневно. А зошто? Затоа што бил немирен,(после играње ги фрлал коцките, не ја давал играчката и се растрчувал по ходници). Бидејќи тие од градинката, цело време кога детето се носи, на врата, само што ќе го видат гласно се жалат, сестра ми и зет ми побараа прием, во градинката, со воспитувачките и стручно лице.За да се разговара отворено, што е состојбата, каде е проблемот, бидејќи малиов оди на логопед, а го носеа во центар за ментално здравје и плус кај други доктори, каде истите рекоа дека детето нема некои нарушувања, малку е хиперактивен, има добар рецептивен говор и мисловни активности, му фали дисциплина и социјализација. И знаете каков беше исходот? Им рекле, нема што да разговараме, вам ви треба психијатар/психолог и дефектолог! Е ова е реалноста во МК.
Леле Фајтер иста мака ја имаме и ние, сестра ми нејќе да реагира до институции, да остави на мене досега телевизијата навелико ќе разговараше на темава. Ние имаме проблем со воспитувачката, не сака да ја прими на подолго од 12 саат, а она тогаш си оди ама не знам што и е маката. Директорката вика што да и правам 2 години пред пензија е, не можам да ја избркам сега, да ја казнам. Нажалост цела градинка е оставена на милост и немилост на една воспитувачка. Внука ми не збори, кај нас тоа е проблемот, а она вика се жали детето сакало дома да си оди, идат да ја земат дете се откорнува од плачење нејќе дома. Сестра ми ја фати инат и истурка до некаде, ама јас би била поригорозна, би идела и до институции. Иначе нема фајде од кукање. Јас малку изгурав, до министерство, до инспекторат, до адвокати, активирав и невладини за заштита на децата, ама џабе, сестра ми ме закочи, не сака и не сака да ја прави голема, страв и е да не го малтретираат после малово, иначе воспитувачката е позната по тоа што удира деца, ги кубе, ги штипе, ама ете никој ништо не и може. Не знам, до кај е отидено ова со грижата на најранливата група во општеството да се зачудиш.
Да е до мене, јас знам, ќе одам во Комисија за заштита од дискриминација! Ова се класични случаи на дискриминација, едноставно наместо да се подобри психичкиот развој на детето, овде не се дозволува воопшто да се развива во здрава средина. Внукот мој е комуникативен, тој сепак зборува, може не многу, но зборува, знае да каже како му се вика учителката, знае да каже што сака да пие, ги имитира животните, многу сака деца,сака да си игра, а тие таму му лепат дијагнози. Не викам не, да, тие го проценуваат однесувањето на детето, треба да пријават на родителот некаков проблем, но прво начинот на кој што тоа го прават е никаков, а друго, сметаат дека нивната одговорност застанува кога ќе се пријави проблемот, во случајов кај нас, кога ќе залепат дијагноза и ќе ти речат да си го носиш детето по психијатри и дефектолози. Пониско не сме осеќале во животот.Не значи ако животот ни удрил шлаканица, дека и тие имаат право истото да го прават.
Причај ми о томе Фајтер, јас велам сега научив што значи да те боли душичката, ама боли убива. Кај нас една воспитувачка го диригира цел процес, многу вешта жена нема што, којзнае колку нереализирана во животот чим се сити на тоа да им ги диригира животите на недолжни родители. Сестра ми затвори и фирма, 2 години без работа седи дома на раб на нервен слом, зошто, заради една бабетина која не дозволува да остане детето до 4, мислам срамота. Внука ми не збори, ама не е хиперактивна, иако нивниот дефектолог и го наби тоа како дијагноза, замисли во досието ја запишале како дете со посебни потреби, а тоа што докторите го викаат не е битно. Секој ден кажуваат дека некое дете удрила или зачакнала, а после два дена излегува дека тоа дете неа прва ја закачнало, и зело играчка, и ги искршила фигурите од коцки или ја скубнало. Сестра ми вика нека е, ако заслужила и нека ја закачне дете, ама она стварно не е таква, прва не напаѓа, си игра, пушти и цртан и си седи мирна, си реди коцки и си бои. Прв ден кога ја оставија на спиење не сакала да спие и одма вртење телефони, дојдете земете си ја не сака да седи веќе, шанса да му се даде никако на детето, носење дома заспива во минута детето, сестра ми вика уште на врата очите и се затвараа, ама не, не сакала да спие и сакала дома да си оди, тоа го дознале од дете кое не зборува, ма иди бре. Јас ја гледам и свекрва ми, и она работи во градинка, луѓе какви личности ни ги чуваат децата, да не ти се верува, за нив зборат ко за најголеми злостори, секој втор муабет им се родителите кои седеле дома и не ги чувале децата ги носеле во градинка, што ги носеле дома да си ги чувале, кога ми кажува свекрва ми што се се збори, абе ми се гади, срамота. А да не збориме за сите глупости кои се имаат случено по градинки, деца испиле Дезентал, пред некоја година во Ѓорче во градинката деца останале сами во занимална и ја нашле четката од ВЦ и ја џвакале, биле гладни а ручекот не бил готов, завршеток фатален, во Гостивар стрептокока, стафилокока, бактерии од фекално потекло во храната....
Луѓе јас се чудам?! Се чудам како до сега од 12 деца во група кај син ми, освен една малецка што ако по нејзино не е знае да заплаче без солзи ама па одма се мирува, ниту едно дете дури и кога ги мешаат групите после 2 часот, не се степало, не се скарало за играчка. Еве не знам. Ручек еднаш 7 мин им закасна и одма ги опоменаа во кујна, сите си спијат, ако некој не спие тивко игра, активности сите деца вклучени во се, па јас се чудам како 25 деца да останат нескарани, да не се удрат или расплачат?! Што им прават овде подобро од таму? Внимание!!! Е тоа им даваат и ги следат потребите на секое дете. Оти мали мој се удри и одма ме викнаа на разговор да ми кажат што и како си го знам дечково мој знае да трча како струја и да се сопне, ама така растат деца. Им беше страв да не ги пријавам дека се удрил додека тие се грижеле за него. Оти овде коски им се тресат од пријави. За Мк немам коментар како бре како-дете твое да е туѓото на доверба повеќе ќе го чуваш. Како станале воспитувачки по Богу тие? Нормални се? Не знам дали може нешто да ме згрози и излеволтира повеќе од ова. И не молчете. Еден двајца да се побунат одма и други ќе скокнат ама никој не истапи сите ќе молчат и траат. Мора да се превземе нешто.
Каде да се буниш? Кој ќе те слушне?! Кај нас само за реклами предзиборни се фалат дека ќе вработеле стручен кадар во градинките. Па и тој кадар што го имаат не сака да си ја врши работата, онака како што треба. Ако воспитувачката на мојот внук, е млада и самата е мајка, па таа треба да знае, дека родителот најмногу го боли да се соочи со вистината а друго што е најбитно, треба и да знае дека не е лесно на родител да му соопштиш дека неговото дете со развојот отстапува од своите врсници. Ај тоа што не им е кажано ниту како што треба и доликува на еден воспитно-социјален работник, па дури и не сакаат да сендат да поразговараат , за да изнајдат решение, за доброто на детето пред се. Па кај го има ова? Во која држава го има ова? Кој си зема за право, на болката на родителите сол да става, да ги игнорира, и уште да лепи дијагнози и тоа не во канцеларија каде што има родителско катче, туку во ходник! Сестра ми кога ми се јави да ми каже што и се случило, не можеше да се соземе, од мака, од срам од доживеана неправда .... СРАМОТА!
А за тоа исто имам приказна, на внука ми состојбата цела населба ја разбра, сите дознаа дека има аутистични промени, значи не аутизам, има разлика, дека е од вакцината и дека детето не збори. Дури една мајка се дрзнала да збори во Симпо кај што ги носат децата, објаснувала каква била малата во градинка, како се однесувала и како не можело да се работи со такви деца. Какви деца бре госпоѓо, па и ти си тука со своето дете, значи и твоето има некаква мака, како тоа класифицираш такви деца. Мене не ми е проблем да прифатам, едноставно Бог решил така, на сестра ми и е потешко, ама да се разбереме, сами они си знаат што значи секој ден да се соочуваш со маката па одозгора и да не ти го примаат во градинка и да не знаеш веќе кај да фатиш. Ноел, имам колешка која моментално живее во Данска, нејзиното дете не знае Дански па е примено во градинка, е како бре тоа дете може да оди во градинка а мојата која разбира се, само не одговара, е она не може, не можеле со неа да се разберат. Едноставен е одговорот Ноел, таму вработените си ја работат работата, а овде кукаат како им е тешко и заради тоа имаат створено аверзија кон децата, таква е ситуацијат. Кај одиш понатака кога воспитувачка лично имам слушнато како вика, аман па овие децава на нерви ми идат, не можам да ги поднесам, е таква личност воспитува деца, можеби утре моето, можеби денес на некоја друга. Свекрва ми има навистина многу трпение со деца, дури и со внука ми знае како да се разбере, ама она си ја сака работата и сака да работи, иако физички не е спремна баш, има многу проблеми кои не и дозволуваат да си ја работи максимално работата, сепак се труди. Се додека како воспитувачки работат економискти, нереализирани медицински сестри, правнички, некомпетентни личности ќе се случува ова, куп педагози седат дома, млади девојки кои си ја сакаат работата и радо би си ја работеле, ама ете партијата друго вика.