Реалната ситуација е таа што неможеш да пратиш дете во градинка "чисто" или скроз здраво. Да речеме бактерија лечиме....терапија 10 дена, па 7 дена се чекаа за брис...тоа се реално 17 дена. Кој дава толку боледување, максимум е 14/15. А ако е присутна уште, што правиме...да не одиме на комисија случајно. Никој тоа не го прави. И следниот месец ако пак исто повтори....и тој месец исто нема да одиме на работа? Јас реално можам, државна работа...ама има родители кај што ситуацијата не им го дозволила тоа. И ако немаат помош, баба сервис..што правиме, сите ќе напуштат работа, па дајде бре луѓе, реално малку... Со тт, со пролив и повраќање не сум ја пушила во градинка.
Потполно се согласувам. И јас сум државно, ама реално не можам толку боледување, прво матичните не ми даваат, а на работа ќе ми се качат на глава. И да, дете во градинка скроз „чисто“ нема. Видете го времево надвор. Октомври месец напладне пука сонце, од сабајле камен ладно. Епа ќе течат носињата. Мене ми тече носот, што имам некој поголем имунитет, не па нив. Еве конкретно на син ми му тече носот моментално, и во градинка е. Да не треба дома да го чувам за тоа? Епа ај да си дадам отказ и ќе си седиме дома сите.
Да де. Поради ваквите реални ситуации и дека и ја немам баба сервис, не сум државно и немам помош, од сега и моето ќе ги разболува туѓите. Тамански ќе сме. Инаку сум лечела и сум се снаоѓала. Ама среќа повеќето ги пуштаат така па и мене нема да ми замерат кога таман опоравиле дете, моето ќе им го разболи од ново. Јер така функционираме.
Не го пуштам моето дете во градинка со намера, мислење или ситење да разболи друго дете. Но, по некаква логика кога е болно или под треапија треба да биде во карантин да речеме две недели. За тие две недели ни мајката неможе да оди никаде, зошто да речеме дека и таа е заболена од истото. Па не треба да се движи каде што има деца, во продавници, бутици, на работа....и таа е преносител, што ако таа разболе друго дете? Никој не го праќа детето во градинка болно, со тт. Пролив може дента да фатиле пола деца во група, останатите другите два дена и сите ќе се изредат по ред, дури и воспитувачките, за два дена им поминува и пак назад. По извесно време стекнуваат имунитет заради се прележано и поминато и не се разболуваат често, дури и да се во група со повеќе болни дечиња.
Леле ама се разгорела дискусијава за болни/неболни деца. За мене растечен нос без температура, пролив, повраќање не е болно дете. И јас сум постојано таква (имам хроничен синусит) и ако седам дома да се излечам нема никаде никогаш да стигнам. Моето дете е веројатно на мене и во есен и зима постојано има растечен нос. Дури и кога не одеше во градинка. Фаќаше вируси од игралиште, пријатели, деца на пријатели, од нас. Во такви ситуации јас не го сметам за болен. Додека се деца мора да поминат низ многу респираторни вирусчиња за да стекнат имунитет на истите. Минатата недела имаше температура и бактерија и си седеше дома нормално додека помина тоа. Ама матичната ми рече од Понеделник да си оди во градинка нема зошто да седи дома. И така го пуштив во градинка. Не дека го мразам сопственото дете или туѓите деца. Немам намера да разболувам туѓи деца, ама мислам дека нема потреба здраво дете да чувам дома уште недела дена плус за џабе. Со антибиотикот матичната ни рече даде да пие и бимунал за малку да поткренеме имунитет зашто прва година му е во градинка и толку. Се вративме да пие и КidzOmega и таму има плус витамини па се надевам дека ќе биде добро. @LadyC да ги видеше мрсулите на децата во Германските градинки што јас ги видов летово немаше така да зборувам. Зелени, растечени кај сите. Секој ден беа во градинка. ВО Велика Британија пак примаат и деца со температура, носиш сируп со детето и толку. Само да нема бактерија е битно. Толку.
Ќере не оди во градинка неколку месеци. Дома седи, а закачи стомачен вирус и капак на тоа, кашла буфта и ѝ тече нос. Некој да ја чуе ќе бега од неа. Кашла од алергија. Не се проблем болните деца. Проблем е што нема изолирани соби за тријажа за секое болно дете и соодветна медицинска нега. Кај ни е крајот ако земаме цело време боледувања, небитно дали е државно или приватно. Наместо да се препукуваме ние мајките зошто некоја пратила намерно или ненамерно болно дете во градинка, треба да се избориме за услови во градинките за болните деца. Читав пред некое време, дека родителите во Јапонија не мораат да пропуштат ни ден од работа, затоа што децата им се згрижени и изолирани во тие соби за тријажа во градинките. Знам дека сме далеку од културата и условите во Јапонија, ама не е ни разумно да бараме за секое течење нос, децата да седат дома. Ќере првите месеци многу се разболуваше, а сега не ни знаеме дека има бактерија, нема симптоми. Ама ете и таа е преносител и некое дете од неа ќе префати. Исто како и она што префаќала од други деца кои немале никакви симптоми.
Епа супер. И моето исто така ќе тера од сега. @JoyJoy не гледам место за дискусија. Реков и моето од сега ќе оди така.
Со кашлица и растечено носе си оди во градинка нормално, со тт пролив, бактерија си седи дома за да си одмара и јас да ја лекувам. И не на инат на другите родители, туку за доброто на моето дете. Кога не му е добро местото не му е во градинка , туку дома. Сега последно кога имаше бактерија 10 дена дома си седеше , го допи антибиотикот и ја пратив во градинка.
сун ми од стрептокока ептен залегна. Не беше да речеш ко нас ја имаме и нишо не ни е. Туку со температура омалаксаност и се тоа. Дома си го чував.
еве јас пак да се јавам на форумот и специјален поздрав до мајките со деца кои се со асимптотска бактерија а ги пуштаат децата во градинкаНе успеавме со една доза сируп..само што го завршувме,качи тт-не излечена бактерија.Ни препишаа друг антибиотик наредни десет дена. Незнам што да кажам...Детево со тт,нејќе ништо да јаде...Ајде,валда вака имунитет се билда,па ќе стане и кај нас еден ден асимптотска бактерија....
Мајка ако сега некој ти направи брис лично на тебе веруј ретко на што ќе си негативна. детето чим му падне имунитетот фаќа бактерија најчесто таа што му е најблизу. ко на пример нешто што во твојот нос го има а кај него не. Така да.. доста префрламе топка .. Се некој друг ни е крив а верувам не памтиш кога и дали воопшто си направила брисеви. Јас направив. Имам стрептокока и стафилокока. И моето дете фати стрептокока. И не знам дали од мене од татко му или од градинка ама еве сеа кога е ок со имунитет е негативен. А јас уште ја носам.
Абе небитно тоа ако не е омалаксана и нема темп се оди во градинка. Ама од кај точно знае бактеријата од кого е фатена ме интересира. .