Хммм па и не верувам баш, еве 3 недели се мачат и мајката била болна, може од неа прифатило. А очигледно е и дека терапијата не му одговара на детето, 10 дена антибиотик после кој пак е позитивен, нешто не ми штима, јас вината би ја барала во лекарот. Сега пак 10 дена нов антибиотик, јас не би, само ќе му ослабне имунитетот на детето, за 1 недрла после терапијата ќе фати друга бактерија... зачаран круг е тоа.
Да. Но со стрептокока мора многу да се пази кај деца зашто може во крв да навлезе. Во принцип лечат само со маст ако е во нос и тек после недела дена ако не му е подобро даваат антибиотик. ..
Инаку на 0м+ на Телма пред некој ден др Душко Фидановски од Систина зборувал за бактерии во нос кај децата. Јас штета ја испуштив, ама прочитав дел од разговорот на ФБ, истото го вели, асимптоматска бактерија не се третира, кој сака нека отвори да прочита, многу убаво е објаснето.
ама и бактерија што дава симптоми ако не е опасна не се третира. мораксела е смешно да се лечи со антибиотик. сама по себе поминува за недела дена. .. барем нашиот педијатар така предлага. прво само по себе а ако не бива ќе видиме што ќе се даде. син ми со мораксела беше исто ко со стрептокока. температура малаксаност и се комплет. Ама го чекав да му пројде. и пројде. Нема везе никому не судам зашто и јас имам треснато ваква глупост. демек како тоа настинато го носи мајка во градинка. ете може само настинато било и на нозе го прошло тоа. Кој ми е крив мене што моето залегна!? Кога ќе ми текне какви се одевме во школо ми иде шамар да си удрам за што воопшто помслив такво нешто.
Не знам искрено за ова прв пат слушам, дека може да навлезе во крвта преку носот. Ако е толку сериозно зошто во странство многу ретко земаат брисеви, зар тие деца немаат бактерии, или ние ко мали зар некогаш ни е земен брис, а којзнае само колку бактерии имаме прележано без да знаеме???
затоа што е реткост. Треба со месеци имунитетот да е на долно ниво за такво нешто да се случи а најчесто за недела дена се опоравуваат. претпоставувам знаат да проценат.
Почнуваме со адаптација во градинка од понеделник. Мајки со искуство дали првиот ден/денови е паметно и јас да бидам со малиот или од старт да го пуштам сам тој пола саат? Исто и мајките што живеат во странство, ме интересира таму каква е праксата .. Колкави сте и во која градинка? Не можев да ти пишам порака..
Не можам да не изреагирам. Се сфаќам значи, ама цинизам и однос од родител ми шета по нерви ко вилица у уста. Не е секогаш се од родителите, како на тие дома што им се децата не им се разболуваат секој 3ти ден ( и тоа е лошо па зашто не создава имунитет со други деца па и доста деца истото го минуваат во школо во прво одделение) . Значи не е топката да се префрли. Ако е за тоа сите имаме бактерии нормално, ама тоа што во градинка се почесто болни него дома не ми укажува дека иде се од родителите! Ако дел од вас се совесни како родители, не се сите и мора да го сфатите тоа. Најлесно е ти мајка имаш, ти си крива и чао. Мора малце да земете у предвид дека не сите уво ги боли за туѓите деца ( никој не го боли за туѓо дете да се разбереме). Секој си го гледа своето и си ги гледа своите потреби. Крај на приказната.
Асимптoмaтскa бaктеријa, мoрaкселa, стрептoкoкa...мнoгу јa тупите. Бaктеријa или вирус, aнтибиoтик или супи, чaеви и спреј зa нoс. Алергии. Тoa е нaјчестo кaј сите децa, исклучoк нa ретки пoсериoзни бoлести. И дa кaшлa дoлгo и сo мрсули дa е мoже дa oди вo грaдинкa дoкoлку немa темперaтурa и не е oмaлaксaнo, и дa немa симптoми мoже дa зaрaзувa децa, и кoлку и дa ги чувaте пaк ќе зaкaчувaaт вируси и бaктерии. Твoе дете е, aкo си ти цел ден нa рaбoтa и немa кoј дa гo чувa a се рaзбoлувa, твoј прoблем е, снaјди се. Немa сите мaјки редoвнo брисеви дa прaвaт и децa пo три недели дoмa дa чувaaт зa твoетo случaјнo дa не се рaзбoли.
На секој мрсул ако го оставам дома, тешко мене. Прво, никој не ми дозволува мене да отсуствувам често и долго од работа. Второ, скоро сите се со мрсули во градинка. Најарно за детето е мрсулот да не се третира како болест. Нека ја минува настинката на нога. Не ги учете на толкава нега. Е сега..има мрсул и мрсул. Зелено-сивите и густи не се знак на настин туку на бактерија.Тоа од авион се гледа.Самите учителки ќе ти кажат иако немаат врска од медицина. Ако не му предизвикуват здравствен проблем, може да се третираат со соодветни капки, без да седи дома.
Баш така, и ние ко деца бевме мрсулави таман работа ако го третирав моето болно кога поткашлува или и тече носето, не ќе требаше ич во градинка да стапнеме.
Jas od strancija da se javam. Prvite 3 dena sedev so mali po pola h, do 45 min. Posle sam bese 45 min, pa eden h i pocna od 8.00 do 11.20 pred rucek, pa ostana na rucek, pa pred spienje den dva go zemav i taka posle virusite i lezenjeto bo bolnica se vrativme nekolku dena pak do 11 pa posle so spienje. Bi ti preporacala ako ima opcija da sedis vo nekoe kjose, cisto da ne e sam, najarno ke e, spored mene srekjno i lesno da vi odi adaptacijata!
Ние уште не тргнавме у градинка ама да се надоврзам на муабетов. Еве ја кашла пак, делува страшно ама не хрчи на гради, носето само кога ќе се слеат мрсулите... Сеа за сеа проѕирни. А ете бевме на антибиотик зошто не ни поминуваше бактеријата. Ама дете си е весело, нема тт, не е малаксано. Секој мрсул не е од болест. Еве јас сум таква и од алергии. Мислиш тешко болна сум паднала. И шо би правеле ако на секое кивање децата дома??? Не би ја однела едино кај мало бебе. Еве ја, весела трча игра, паѓа, се смее, се закача. Викаат дека кога дете е болно и му е тешко нема бељи да прави.
Едно е што секое мрсулаво носе не е од болест, а друго е што и докториве веќе не отвараат боледувања за било што. Треба да има индикација за седење дома за да отвори боловање. Мене лично за вирус од 1 ден не ми дадоа. Па земав денови од одмор. Ако немаш боледување, нема кој да го чува дома, мора да оди во градинка.
Супер емисија, ти благодарам многу што ја сподели, баш сакав да ја изгледам. Иако знаев дека сум во право со мојата одлука, сепак нешто ме копкаше одвнатре, посебно затоа што и микробиологот и епидемиологот (а и други рандом личности) со кои разговарав ме направија немајка што не сакам да си го третирам детето, но сега сум 100% убедена дека ја донесов најправилната одлука, па макар тоа ме кошташе и место во градинка.
Искуства со бебе во јасли? Дали некоја од вас носи или подобро дома да ми ја причувуваат. Рано е ама да знам да се распрашувам за место, каде што како..?на 8+ треба да се вратам на работа. Сега сме 4+'