Не потклекнувај. нека и потпомине и повторно назад во градинка. Дома ќе ја онежниш цела зима и после пак од ново адаптација на организмот меѓу вируси. Нема дете што не поминало вируси. Ако немораш-не ја носи. Ама ако имаш обврски од пролет па ќе мораш пак да ја носиш, тогаш подобро сега не отстапувај туку носи си ја и понатака.Ќе стане имуна.
Ако имаш опција друг да ја чува тогаш пробај да ја пуштиш понатаму. Само да знаеш и поголема ако ја пуштиш првата година додека стекне имунитет така ќе биде. Мора да ги пројде респираторните вируси за да стане имуна на нив. Е сега стомачните вируси секоја година се различни па и ние возрасните ги фаќаме. Малиот кај нас во Вторникот поврати еднаш и толку. Го пуштив во Среда во градинка зашто беше добар сабајлето и весел отиде. Весел се врати, трчаше по дома само имаше варирање во температура, ама ништо над 38. Апетит немаше ич, ама ај мислев најаден е од градинка. Во Петок мене ме фати вирусот и еве уште не сум добра како што треба. Имав и повисока температура од него и од кревет не станав. Татко му исто. Значи тој полесно помина од нас. Не ни бевме свесни колку му било лошо додека ние не се разболевме.
Јас сега треба да аплицирам пак, обеќале дека ако однесеме негативни брисеви ќе го примат по Нова Година, ама бебето треба да се роди во март и искрено многу ми е страв од комбинацијата новороденче и дете што допрво се навикнува во градинка. Па плус и во период кога вирусите се најраспространети. А како ли ќе се снајдам дома со двете??? И јас не знам што сакам, нели?
Не прекинувај после ќе биде адаптацијата потешка и пак истото ќе го поминете. Март веќе е пролет па поретки стануваат вирусите.Ама пак зависи од детето.На братучетка син тргна на иста возраст како мојата ама во март , а мојата септември.Имаше првите два месеци малку проблем со ушињата фати лето и детето многу поретко се разболуваше од мојата да не кажам ич .Пу пу да не го заречам.
Позната ми е таа комбинација. Најмалото фати тежок бронхијален вирус од сестрите на 1-2 месеци. Они од нога го минаа а она многу лошо мина. Ама ете, бидна, оздрави. Сама со двете потешко ќе тибиде. Вака таман фазата на адаптација ќе му биде помината на малиот додека стаса бебето.
Моево тргна на 8+, може прочита понапред. Учителките рекоа дека полесно се адаптираат помалите. Ќе научат дека ги чуваат, и нема повеќе да плачат. И така беше. Еве сега, кога на врата ќе ја земе друга учителка заплакува, а кога ќе ја земат нејзините, веќе си го имаат муабетот. Инаку, почна во септември, хорор беше, сите плачеа. Сега има некои што уште плачат, но повеќето веќе се прилагодија. Поголемите потешко се прилагодуваат. Мислам дека упорноста кај родителите е побитна, децата ќе се прилагодат.
јас не би пуштила 8месечно бебе во градинка,многу сум жалослива и паметот цело време во него ќе ми биде. Но кога веќе немаш друг избор... детето на таа возраст е премногу приврзано за мајката. Би требало да се навикне но верувај малку потешко. Кај моето во предшколска има девојче што и после 2 месеци едвај го оставаат. Се дрецка плаче а има 4-5 години.
Па баш затоа што е на таа возраст. Поголемите потешко се навикнуваат. Најлесно се адаптираат бебињата, после нив малку поголемите, а најтешко деца на возраст од 4-5 години. Внука ми почна во градинка на 4 години, не сакаше да оди и со сила ја носеа, на крај се откажаа. Сега е во школо и нема проблеми, ама градинката никогаш не ја прифати.
Јас се мислам март е најлош со вируси, алергии и слично. Времето е потопло, ама многу променливо. Мада знам, нема правило, некогаш во сред лето знаат да се разболат, додека зимата супер ја поминуваат. Ете од ова ми е страв, уште непркнато да го разболиме. Јас си се самообвинувам поствесно дека ради моја комоција ќе ризикувам здравје на бебе и затоа толку ја тупам, знам.
Мене градинка не ми е комоција туку нешто кое е неопходно за развој на дете. За социјалниот и емоционалниот развој кај децата битно е да се стават во група на врсници каде што нема да бидат презаштитени (значи каде што нема мајки, татковци, баби, дедовци да се мешаат и прекинуваат и убедуваат и играат и внимаваат) туку каде што ќе треба да научат сами да создаваат пријателства, да видат како изгледа кога им се зема играчка, да научат да споделуваат и слично. Так што јас сум секое дете да оди во градинка барем од 3 години нагоре. И како мајка и како психолог сум за тоа.
Потполно ти ја разбирам грижата, не ја "тупиш" - не се секирај И јас ќе бидам во истата ситуација и навистина незнам која одлука е правилна. Дека градинката е нужна се сложувам во целост. Но не можам да замижам пред фактот дека малиов ќе донесе милион бактерии и вируси. Можеби тој ќе си ги помине на нога, ама мевце од 3 кг. Не сакам ни да помислам на такви лоши работи. Исто како што правев се за да го заштитам првото ќе морам и сакам за второто. Не би сакала да прима антибиотик во првата година ако не мора. Знам дека ме чекаат хорор непроспиени ноќи и тешки исцрпувачки денови, но сега за сега сум на ставот дека ќе го оставам дома некое време. Здравјето на новороденчето спроти бенефитот од градинката на мојот кантар превагнува. Не знам дали е правилно, и дали некој се сложува со мене. Знам само дека немам сомнеж во мојата одлука, а и онака "маките" ќе си ги тргам сама дома со две. Ама ајде да видиме во пракса што ќе биде
@*Лорена* zemajki vo predvid deka te razbiram Moram da to kazam deka zaradi noviot clen vo semejstvoto aktivnostite I sekojdnevieto na drugoto dete ne treba da zaprat. Jas mojot go zadrzav do nepolni 40 Dena samo zatoa sto bese leto a na 1 vi Septemvri si trgna. Dosega nemase nikakvi problemi se si tece normalno. Koga se dvete doma haos opsti zatoa sto sekoe dete ima svoja prikazna. Nekoj ke rece kakov haos nikoj ne te teral da imas dve no ona sto deteto Go ima zapocnato ne treba da se prekinuva. Taka da sekojdnevieto neka tece samo so plus clen doma
Kaj nas pak se sto ke fati golemiot vo gradinka go faka bas ubavo so temperaturi, kaslanja, slaemi i antibiotici, a malovo své pominuva od noga so mrsulavo nose. Sakam da kazam malovo polesno proaga. Pak ke kazam dali cicanjeto, dali ednostavno e pootporen deka odkako e roden eden den ne e cuvan ili izoliran od luge, pa so brat mu se piknati eden vo drug celo vreme, bukvalno, stvarno neznám.
Јас верувам дека помалото полесно може да прележува поради контактот со поголемото братче од прв ден. Подруго е кога дома носиш прво дете, подруго е кога се работи за второ, трето... Затоа и јас сум за да не се прекинува рутината на поголемото дете, оти сепак ќе помогне во челичење на помалото. Иако не мора да значи, зависи и од имунитетот.
Се сложувам апсолутно дека градинката е многу битна за социјалниот и емоционалниот развој на детето, ама сепак мислам дека најдобро е детето да наполни барем 3 години. Мене периодов што помина градинката ми беше и повеќе од потребна, но немавме среќа да не примат па едвај некако се снајдовме по дома, ама ете помина. Сега кога знам дека ќе останам на породилно и дека ќе бидам дома некако срце не ми дава да го пратам, ем за него ми е, уште е мал, нема ни 2, ем за бебето. Јас знам дека ништо лошо нема да направам, ама ете така се чувствувам и само споделив со вас. Конечна одлука уште не сум донела. @*Лорена* ти кога треба да се породиш? Колкава разлика ќе бидат? @Annath вие малиот го носите ли во градинка?
Да, почна пред еден месец. Досега нема направено поголема пауза, бил настинат, со растечен нос, со кашлица, со тт, ама фала Богу, ок е. Еве баш синоќа се пожали на увото, знам дека му е од носот, пошто месец дена не е престанат да тече. Му ставив капки во нос, капки во уво и Блокмакс му дадов, сабајлево е добар, па дедо му го однесе. Ќе следиме ситуација, инаку на матичен само еднаш го однесов во овие месец дена. Има две години. Големиот на две и пол години почна, мислам дека е тоа ок возраст за почнување во градинка. Ама ако се нема избор, ако мора дете и порано да почне, тоа е тоа. Ни прво ни последно. Тешко е, напорно, настинки, разболувања, вируси, ама само нека поминува. Таков е периодот на адаптација.
Термонот ми е во Април. Ќе бидат 4 години и 2 месеци разлика. Твоето нема ни 2 па ти е уште потешко знам. Ама ете и после некое време одење во градинка без паузи сеуште поткашлува или има секрет во носот. Уплав имам од тие бактерии. Кога е таков ни на родендени, ни по гости не го носам а камо ли околу мало бебе, па греота е. Ќе видам и самиот како ќе реагира на новиот член, ама се некако си мислам дека и тој ќе сака да остане дома со нас. Можеби од Септемви пак да го пуштам или...не знам, навистина не знам. Хаос ми е во главава моментално Какви капки во уво му стави? Мене и матичниот и ушниот ми рекоа какпки строго забрането освен ако ушниот не ми ги препише. Еднаш ни даде 3 дена Торбекс.Јас еднаш сама му ставив Орто Х и ме испокараа и двајцата, особено ушниот. А навистина не знам во ситуација на воспалено уво како да му помогнам кога си ја мава главата во ѕид од болка. Од сите болештини мене воспаление на уво ми е најтрауматична.
Dexametason Neomycin. Мојава матична ми вели да ставам Отол Х, ама ептен ако немам избор, а немав синоќа, на дежурен не ми се носеше оти имам лошо искуство. А тетка ми (педијатар) ми рече дека можам да ставам. Блокмакс помага, јас вчера првпат му дадов, со страв од реакција, дека ноќе. Ама фала Богу добро беше, делуваше за едно 20тина минути. Најверојатно е поради затнатиот нос, се надевам дека не му се воспалени ушите.
Се надевам ќе оздравите брзо и без воспаление. И мене ми рекоа дека за воспалението само Блокмакс или Далерон ако има температура и антибиотикот што ќе ни го препишат. Не сум смеела да третирам локално со никакви капки зошто ушниот на преглед не можел да види каква е состојбата реална ако претходно капки ставам. А како да не ставам кога вришти од болка За тоа Блокмаксот бил, ми рекоа. Исто и да очекувам дека може почесто да му се случува при затнат нос или подолготрајно течење на нос. Ме утешија
И јас тоа имам слушнато, дека наводно капките можеле да ја маскираат ситуацијата, особено ДексаНео, оти има кортико. До некаде е точно, ама матичната ми кажа дека за добар доктор капките не се проблем.