1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    @*Лорена* ќерка ми вчера првпат ја пуштив во градинка откако е родено бебето, има скоро три месеци. Пред да се породам се разболе неколку пати, па фатија одмори и ја оставив дома со мене. Имаше пауза од 4-5 месеци отприлика. Далеку од тоа дека е лесно, но не е ни толку тешко со дете и бебе дома, особено што твоите ќе бидат поголема разлика. Плачат истовремено, бебево сака да пие млеко, големата бара некоја играчка и еден мал милион ситуации. А сама сум скоро цел ден. Се издржува. Може искуството е во прашање, ама не се потресувам кога плачат. Ќе намирам прво едно дете, па друго. Во зависност од приоритетите :) Јас решив да не ја пратам одма штом се роди бебето, поради моментот на "отфрлање" кој може да се јави кај големото дете. А за вируси и бактерии, допрва ќе видиме како ќе биде.
    @Lolipop23 мое мислење, или прати го некој месец пред да се породиш, или 2-3 месеци откако ќе се породиш.
     
    На Lolipop23, *Лорена* и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека нема да е страшно со двете дома (во зависност од тоа какво ќе се погоди второто нели :lol:). Малиот ми е навистина умен и послушен, знам дека со него нема да имам никаков проблем околу организација. Особено ми е важен моментот кој го посочи: да не се почувствува отфрлен. Знам дека поголемко е и разбира, ама и 14 да има не сакам да помисли дека некаде го праќам за да останам сама со бебе. Тоа секако ми е причина број еден за останување дома од аспект на поголемото а здравствениве причини пак од аспект на малово. Ќе биде гушкање во тројка секако. Или плачење, ќе видиме (fingers)
     
    На Lolipop23, gjoker4e и NarCis@ им се допаѓа ова.
  3. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Каков е процесот за запишување во градинка? Вистина е дека нема место и дека викаат од септември? Во карпош од која приватна градинка сте задоволни и како се со цена?
     
  4. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Пишуваш барање, наоѓаш врски и дете е запишано :rofl:
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    А ако немаш врски?
     
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Ќе си чекаш ред.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  7. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Колку време се чека рој ред?
     
  8. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Јас ја пријавив во март, ја примија во септември без врски, зависи од градинката.
     
    На mariz и didisi им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Јас ја запишав во мај и ми стигна порака да потврдам дали сакам да почне од септември. Државна градинка во Кисела Вода.
    Ако имаш врски може и утредента да почне ако не се чека неколку месеци или година, зависи.
    Приватните градинки се околу 12 000 барем толку беше таа во Кисела Вода кај што прашував јас, ова отприлика колку да знаеш цена.
    Веќе не се знае што е подобро дали државна или приватна градинка.
    Тогаш прашав и во приватната исто ми рекоа дека од септември има место и може да почне.
    Инаку одиш во управата на таа градинка и таму потполнуваш барање. Го потполнив и ми рекоа дека ќе ми се јават да го потврдам местото кога ќе формираат група. Ама ние се преселивме и не го потврдив. Понатака не знам што како.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Јас запишав дете од Март за да почне во Септември во државна градинка во Карпош. Не фатив врски.
    Арно ама имам луѓе во комшии кои запишаа дете пред две недели за да почне одма исто во државна градинка зашто имало луѓе што добиле место во градинка и потоа не ги носат децата. Таквите мислам дека ги бришат ако не се појават два месеци и на нивно место може да „улета“ ново дете. И комшиите не фатија врски.

    Приватни градники во Карпош имаш повеќе. Тука ти се ИПС, Biriths Academy, Изворче-Монтесори, Веселата Дружина, Светот на Колорес, Грин Хаус и може има уште неколку.
     
    На gjoker4e и didisi им се допаѓа ова.
  11. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Некоја мајка да сподели искуство од приватна градинка?
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Имаш цела тема за приватни градинки, ќе најдеш повеќе мислења.
     
    На didisi и LiliBoz им се допаѓа ова.
  13. QueenP

    QueenP Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    5.229
    Пол:
    Женски
    Мајки како се справувате со бебе на доење и градинка? Од декември морам да ја запишам во градинка ке има 9 месеци а не сакам да ја одбијам. Инаку си јаде се и не прави проблем се поретко и давам цице да се учи.
     
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    онда немаш проблем чим не бара. На почеток сепак адаптација се прави така да ќе си ја на доиш наутро и после адаптација . дур скроз да почне ќе фатите ред.
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Давај и да цица ја пред да оди, кога ќе се врати... Не мора да ја одбиваш . Нипто страшно штом не е приврзана толку. Ако е тогаш проблем. Јас мојот без тронка мака го одбив .
     
  16. QueenP

    QueenP Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    5.229
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ја одбијам не сака никакво млеко да пие,од кашички јаде се гладна нема да биде само пред спиење прави проблем, Се трудам да не и давам за полесно да заспива таму,ако прави проблем ке морам да ја одбијам
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет како да постапам.
    Малиот мој одеше во градинка па престана и сега пак. Не му беше многу погодено што оди ама сепак не плачеше, а и си го зимав пред спиење.
    Е сега од вчера панично плаче и ми вика дека несакал сам со децата и дека биле лоши и учителките и дека го карале :oИнаку жените си се супер и не сакам да ме разберат погрешно, во смисол дека ги обвинувам.
    А може и моево да е размазено малку и да не е навикнат некој да го искара.
    На триста ума сум.
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Не мораш да ја одбиваш потполно. Скрати и го само подојот за денско заспивање. ПОнекогаш е зачудувачки како се навикнуваат да функционираат без нас.
    Јас оставив бебе на 8 и пол месеци да го чуваат бабите, ама ме немаше дома за денско заспивање. Немаа проблем да го заспијат. За викенд мене ме гњавеше. Нив не. Едниствено е што инсистирав пред денско спиење да пие АД млеко ама тој сам одбиваше. Остана да си јаде храна до попладне кога јас се прибирав дома.

    @sunshine2015 обично децата ако одат во градинка па прекинат на второто поаѓање им е потешко. Сепак разговарај со учителките да не се случува нешто во градинката. Ако има проблем барем со едно детенце може да не сака да оди. Ќе треба со разговор да решавате што и да се случило.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Какви манипулатори се бебињава тоа чудо некое еј, не ми се верува. Моево супер прифати градинка, ама на блиски пријатели детето измислуваше страшни приказни, де воспитачката за духови, зомбија и вампири зборела, де им седела на нозе за да заспијат... Се испостави на крај дека лаже, ама сакам да ти кажам дека децата знаат итекако да прават приказни од ништо нешто.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Изгледа сепак не му бил денот.
    Го земав сега и беше весел, учителката вика си беше весел цел ден :)
    Ама дома почна драми да прави и си покажува инат па сега сум решена дека ќе го оставам и на спиење за да види малку дека неможе така да се лигави кога ќе му текне.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.