Ако зборуваш за Сонце во Реонски Центар (пошто пред некој ден за таа прашуваше), на 24ти имаат претстава и давање на пакетчињата. Пижами ставам едни, ако нешто се случи од типот на валкање и сл, ми кажуваат носам други, алишта плус еден комплет од типот маичка блузичка тренерки чорапки. Не знам во која група сте, ние сме со пелени уште, носам секој ден по 3, некогаш кога им остануваат ми кажуваат неколку дена да не носам. Презадоволна сум од градинката , особено од воспитувачките
И нашата градинка е преубава, навистина како приватна е... Чиста, реновирана, се е ново... до сега сум наишла само на насмеани лица, а искрено никогаш не грешам во проценката, ни се падна и негователка која е избрана како најдобра од цело ск, или мк не сум сигурна. Ама сите ги фалат нашиве. Штета што ете оваа недела сме дома. Ама здравје од пон пак ќе одиме. И верувам дека ќе е полесно зошто ќе оздрави, па ќе биде повесела. За поклон добив една идеја, ама кога ќе ги направам ќе ви покажам. буквално ситница колку да се обележи.
Има ли морбили во вашите градинки? Денес една ми се јави за вакцинација, за ммр, ми кажа имало морбили, треба да ја вакцинирам и ако не ја вакцинирам морало документ од доктор да однесам. А претходниот пат кога ми се јави една друга ми кажа дека не е проблем, до 2 год треба да се прима, кога сакам јас тогаш да ја однесам. Не знам кај нас дали има морбили. Негувателките ништо не спомнаа, а кај мене во аптека само едно дете со морбили има дојдено. Можеби има неколку случаи,не знам. Јас сум вакцинирана, па имам добиено. Не планирам сега да ја носам на вакцина. Можеби сакаше да ме исплаше таа.
Јас денес бев во диспанзерот во нашиот град, со докторката се испокарав лом ја направив. Толко многу се дрски и некултурни не ми се верува дека со дозволуваат такво понашање. Отидов да ја одложам Mmr вакцината бидејки детето ми е анемично и со стрептокпка во грло. Пред една недела бевме хоспитализирани и пиеше сумамед. И ги носам сите извештаи на докторката со отпусни писма со се, а таа не ѓи ни погледнува и кога се запна ке го вакцинира ла детето или ке ми пушти казна од санитарна инспекција. По секоја цена мора да вакцинира бидејки така кажал министерот. Ја сум инаку медицинско лице и многу добро ми се познати некои работи, па кога и раздеав таму, и одржа едно предавање и за вакцини и за антибиотици и за се и виде-не иде ми ја одложи вакцината за во март.
Ме интересира во кои градинки ги праќате децата каде пто е се толку убаво и средено, ве пуштаат внатре за време на адаптација,па дури и пижами им ставаат за спиење? Досега сум немала такво искуство со државните градинки
Јас сум задоволна од изворче во аеродром до јане сандански поликлиниката. Оди во група 2-3 години што се и довро им е.може не е идеално но никогаш не сим ја зела помочана или испотена,пижами нисам во помеделник во петок ги земам. Веќе е голема и разбира и сама кажува дека о е убаво и што прават по цел ден,изработуваат нешто соодветно за нивна возраст.иначе во период на адаптација бев првите 2 дена по 15 мин после си продолжи сама.. има и искчучоци можеби некаде во др групи ама треба позитивно да се гледа на работите сепак си се одлучил цел ден да ти го чува некој детето таму и тоа за 1500 ден...
Пижами обавезно за спиење, секакви активности. Внатре не седев на адаптација, нема поента. Ги ставаат на нокшир да мочкаат, тие што не носат пелени на шоља. Кецели за јадење. 3 учителки на 16 деца се. Презадоволна Во аеродром
Мене ми е доволно што детето ми плаче за да оди во градинка, а не оди овие неколку дена. Со тоа легнува, со тоа станува: дали ќе оди во градинка? Инаку по пижами спијат, менито им е многу добро, ужинки сезонски зеленчук и овошје, тек-тук некои месени од специјал. Наредна недела има и работилница за деца и родители, ако е здрава ќе ја носам.
Koга е празно после 5 или 6 можеш да влезеш со кеси на нозе и да видиш како е внатре. Со децата не. Другите деца се плашат од возрасните
Нема влегување во нашата градинка.Освен кога има работилница ,родителска или приредба.Два пати имам влезено до шкафчето на детето за да проверам нешто, со зелени кеси на нозете. Кога беше адаптацијата воопшто не ме пуштаа внатре. Повеќе пати сум ѕирнала од прозор, летно време кога се отворени.
Давам Дефендил во комбинација со Ацидосалус спреј за нос и грло кој моментално не го ставаме бидејќи го нема никаде да го купам а го потрошивме, ама додавам Молерс со омега.
Ти одговорила Кукла, сируп Омега, со други витамини. Помага и за заштита од загаденово. Пошто моево се што е сируп обожава само Молерсот го нејќе, ваљда му мириса малце на риба, му го давам во чоколадно млеко, му правам дома, со растително или обично млеко и какао и мед, плус му додавам од пробиотикот. Мора да се штитиме, кога бев дома лесно беше, сега не е, на работа одам и нема шанси за слободни денови уште најмалку 3 месеци.
Jas prskam propolis pred gradinka navecer acerola i omega junior dobitna kombinacija zimovo pu pu ili veke dete pogolemo. Vazno dobro sme
Браво за Општина Аеродром Пакетчиња од Краш, Пупче спиеше со него И годинава се докажа дека секоја градинка, всушност, Општина си тера своја политика што се однесува до новогодишните пакетчиња. П.С.Да не бидам погрешно разбрана, и да не беше Краш, пак, ќе ги пофалев