Само безвезе им е тоа што не даваат пакетчиња и на децата кои не одат во градинка. Мислам на децата кои одат редовно, ама поради оправдани причини не можеле да одат на делењето на пакетчињата.
Остај, син ми мал, мал, ама реши да ме почасти ги извади „Домачица“, ги отвори, ме понуди, зедов две, па откако ги изедов му викам „дај уште едно“...ги затвори, ги спакува во пакетчето и дирек под елка. Ми рече „не, ова е од гадинка“...Од другите смеам шо сакам да земам, ама од ова од градинка Боже пази, само ако он ми даде сам.
Па, да... И малиов пред две години тој период беше болен, па не доби, а дента баш бев по сликите. Таква им била политиката, кој е дента присутен ќе дбие следовање, во спротивно не
Е на нас лани ни го дадоа, ни се јави самата негователка, дојдете или пратете некој за пакетче има и за Матео.
Кај нас на врата имаше напишано дека децата за кои родителите не платиле за градинка нема да добијат пакетчиња. Мислам дека не е исправно тоа. Како ќе се осеќа тоа детенце ? Имало родители кои немале платено од септември.Ама , нека најдат друг начин. Ова дефинитивно не е вистинскиот.
Е за ова не се слагам, сепак е крај на месец, градинката до 20ти треба да е платена, треба да се плаќа. Јас сум за тоа да се плаќа редовно. И мене ми е тешко да најдам финансии ама прво градинка, сметки и кредит плаќам па после се друго.
И лани мислам на Краш беа. Лани не беше во градинка, ни чуваа пакетче (со врски) Оваа година пак не е во градинка, ама ни кажаа кога ќе даваат пакетчиња да дојдеме да си земеме. Беа денес со татко и. Радости живи
Јас да се пожалам. Малата моја ги тепа другарчињата во градинка . Година и три месеци е. И дома кога ќе ни дојдат некои деца ги кубе, влече и гребе. Ја карам ама џабе, не разбира. Не знам како да и објаснам дека не треба да праве така
Јас тоа го решавам така што ако се случи да ме удри мене или друго дете му враќам со ист потег малку помалку силен од неговиот. Така го решивме гризањето, он мене ме гризна, јас него и толку беше, од еднаш. Он ме скубе јас ќе го скубнам и толку. Сега е во фазада ги брка децата да им вика Бегај, јас го земам другото дете за рака и ги запознавам и ни поминува и тоа. Не дозволувам да тепа, гризе, кубе или бутка.
Мајки совет - малиот 1г и 9м, пред 2 недели го пуштив прв пат на адаптација и на брис покажа стрептокока а по неколку дена имаше и мораксела. Но не сум сиг дека е од градинката бидејќи беше со затнат нос, мрсули, кашлица и месец дена пред да тргне во градинка. Значи го фаќаше, пушташе. Излечивме еве ок е веќе недела дена. Е сега имам потреба да оди малиот во градинка но страв ми е да не не "спотера" уште нешто полошо со оглед на периодов на вируси, па вие поискусните мајки да ми кажете дали откако ќе е здрав и поминат 2-3 недели е доволно повторно да го пратам или воопшто да не ни пробувам и чекам да помине зимава?
Ние после недела ипол бевме со тт и осип, осипот се повлече, тт имаше до четврток вечер, понеделник ја пратив во градинка. Кашла, мрсули чат пат, ама к слика е совршена, ништо не е ни на граница. Јас сметам дека е многу толкава разлика за адаптација и имунитет. Весело среќно дете, јадр, спие, игра... без тт нема потреба да седи дома. И да се излечи и 2 месеци да поминат секако ќе закачи нешто пак.
Период фаза некоја е ќе и помине мојот истото го праврше кога беше 13-14месеци секој ден ми се жалеа од градинка ,а и кога ни доаѓаа гости и кога одевме негде он истото го правеше некогаш толку ми беше непријатно од другите родители ама среќа сите се разбрани. Јас исто сум многу задоволна од градинката на син ми ние сме во новата градинка на Пролет мала е многу е убава чиста средена презадоволна од учителките до сега ,внатре сум влегла само еднаш на родителска кога имаше инаку не пуштаат внатре до врата строго само .Синко е пресреќен во градинка учителките го викаат смешко . Јас за имунитет по препорака од @LiliBoz користам маџун и протект јуниор ампули и презадоволна сум ,фала многу Лили за советот