Моите деца (сега ми се двајцата првачиња)имаа проблем во градинката од тој тип,посебно машкото но за такво створење јас повикав и комисија од Труд и социјала и јавно ја избламирав пред сите и до кај директорката (која баш многу и не стресе) па да видите како бегаше на километар од децата а и од нас родителите.Не е поентата таквите да се плашат од родителите туку треба да се казнат со моментален отказ и да одговара за малтретирање на деца,тоа е казната.Тие се таму за децата а не се децата за нив.Но кога ставаат секаков кадар по градинките тоа ти е. Затоа мислам дека се додека се кријат вакви работи и не се настапи цврсто и јавно, ќе страдаат најневините. A децат не лажат, бидете сигурни во тоа,верувајте им.
Спојлер Кочо рацин на Водно има две воспитувачки со истото име, а презиимето не го знам знам само дека води група со 3 годишни дечиња, беа во капиштец, сега заради реновирање ги преселија на Водно, Биби се вика иначе. Овде треба да кажеме што сме слушнале, за да сето тоа се провери, било или не било вистина. Сакате да се каже јавно колку ете да се каже, не дека некој е толку загрижен. Мислев еден куп загрижени мајки ќе се огласат во пп, ама тапа. И што сеа ете пишав. и?? Овде се плашите името да го кажете јавно некој да не ве дознае, а ваму убедувате кажи па кажи, ама ај. Иначе, дај боже некој горе што напиша да може да ја среди работава мада тешко. Зборев со мајка на дете од таа градинка, вика јавна тајна е ова, демек као мртва ладна знам така е. Со друг родител, џабе е вика, кај директорка бев, тие се заедно, се штитат. Ете толку од загрижените родители. Никој не може да каже 100% сум сигурна дека ова се случило, реков слушнав. И затоа не сакав јавно да зборам.
Значи ако пишеш име и презиме (не тука, тук аи не мораш, доволно ни е градинката)на таа жена и ако ја пријавиш прво во Општината Центар, бидејќи и тие се надлежни за градинките, па во труд и социјала, сигурно ќе има нешто што ќе се преземе во врска со тоа...Па затоа се брка од работа...тоа да му се случи на моето дете, ќе ја пријавам секаде и на крај ќотек ќе изеде... Инаку моето девојче очна од вчера..седи по сат..Така ќе ја пројдеме неделата со по малку зголемување...Играла со играчки, грабала и грабале играчки...Задоволни се од неа како се привикнува...Јас сега за сега сум задоволна од воспитувачките таму...Кратко е, но ете се ме прашаа, како ја заспивам, што пие, што јаде..за и они така да прават..Мили се фини...па ќе видиме понатака...
И сестра ми го пријави случајот во општинскиот инспекторат и некако ги средија работите. После пријавата и од ова што го прочитав на форумов, ќе кажам дека иако моите две деа одеа во градинка во центар, пред се проади близината на местото на живеење како и условите, очигледно е дека многу се променети работите во градинките во оваа населба. Внукот мој исто оди во градинка во општина центар, и после сето она што го помина сестра ми и внук ми, почнувајќи од неприфаќање, па до лепење на етикети дека детето е со псоебни потреби, од непостоењето на комуникација помеѓу родител и учителки и директор/управител, мислам дека ако има некој на форумов кој е надлежен за овие работи од општина центар, треба соодветно да пренесе таму во општина и во труд и социјала дека очигледно нешто не им штима!!!!!!!!!!!!!!!! Проблемите со моето внук не беа проблеми од типот јадел/не јадел/плачел/не плачел и слично, туку НЕ ЕТИЧКО, ПРИСТРАСНО/НЕ ПЕДАГОШКО И НЕХУМАНО ТРЕТИРАЊЕ НА ДЕТЕ вклучувајќи го и односот на учителките кон неговите родители....па замислете да ве сретнат на врата пред 100 други родители и да ви речат дека нема што да разгоаварте со нив, барајте си психијатар....ДНО ДНО ДНО!!!!!!
Denes e reagirano vo gradinkata, normalno negirale site, ispratena e pismena opomena deka se znae za sluchajot i kje se sledi ponataka,no nemoze nishto da se prezeme za brkanje na monstrumot dokolku nekoj ne izleze so prikaznata, makar i anonimno vo inspektorat. Direktorkata isto taka povikala roditelite da i se obratat i sugurna sum deka kje izleze vo presret bidejki i samata cinot go klasificirala kako montruozen. Iskreno ne go razbiram stravot, dokolku nekoj gi znae roditelite neka gi zamoli da izreagiraat za dobroto na drugite deca.
Јас прв пат слушам некој лошо да зборува за Биби од Кочо Рацин, и едната и другата жена...Син ми е кај едната од нив во објектот Панорама на Водно. Толку многу ја сака, што цел ден за неа зборува, толку е мила и толку работи со децата што просто не ми се верува што читам тука. И за другата Биби слушам само пофални зборови од мајките што имаат деца кај неа. А колку си ги сака син ми и воспитувачката и неговтелката ми покажа и моментот кога после операција по две недели го однесов во градинка да си ги види другарчињата и кога ги виде жените толку се израдува што им се фрли да ги гушка и бакнува, а мене ми рече да си одам. Бидејќи ќе градат нова градинка, од ул.Козара не префрлија на Водно, градинката е тешко пристапна и е во слепа уличка, гужва има и кога се симнуваме кај државна болница, но сето тоа го надминувам заради нашата воспитувачка и негователка, такви жени еднаш се сретнуваат. Јас навистина сум изненадена од коментаров, зашто син ми се кажува дома, еве го два дена го чувам дома и си ја бара Биби....
Да не е некоја лична расправија, па затоа и не сакаат да пријават? За ваква ситуација во градинка анонимен не смее да се остане...Сепак се во прашање нашите деца...
Daniela, мене ми изгледа така, се распрашав кај родителите чиј деца се во таа група, (значи не е нашата Биби), и ми кажаа дека имале вонредна родителска и дека ќе потпишуваат петиција за воспитувачката да НЕ биде отстранета. ЗОШТО???? Затоа што родителите се задоволни и децата ја сакаат.... Искрено сите што ги прашав од таа група не веруваат во изјавата на родителот. И моите деца ги чувала, нели се мешаат групите кога се одмори, и апсолутно, ама ниту еднаш не ми се пожалиле дека не сакат да оди во градинка. И да не заборавиме дека децата се склони да измислуваат приказни...чисто за пример, еднаш ќерка ми и кажа на мајка ми дека мојот сопруг ме истепал со тупаници и ми течело крв од носот и сум плачела, а секако врска немаше....добро е што мајка ми работеше долги години со деца, па не си ја сфати работата здраво за готово...
http://vistina.mk/2014/04/08/skandal-sinot-na-mia-kostova-izgrizan-vo-gradinka/ А јас жива среќна поднесов за запишување во градинка уште пред да направи Никита 40 дена...
Од целава ситуација само малечкото е душичка и баш ми е жал што било жртва. Секое дете заслужува да се чувствува безбедно, нив освен љубовта, најважно им е да се чувствуваат безбедни, основа за правилен психофизички развој. Страшно е да се појде од осуда на овие или оние, јас би ги осудила само родителите на насилното дете. Затоа што верувајте ми дете кое е сакано, чувано посветено, не би повредило друго дете. Децата се раѓаат без негација и треба да растат така, а не со родители кои удираат, се агресивни и полни со забрани затоа што сметаат дека детето им е животна последица, а не избор. Страшно е дури и детето да се навреди и нарече монструм и да се чува во кафез. Тоа едноставно така знае затоа што дома така го третираат...и тоа е тажно. Јас би се загрижила за тоа дете по основен принцип на мајчински инстинкт. Колку би ме болело за своето, толку и за тоа, затоа што сигурно тоа дете или гледа грди сцени или е запоставено или и самото е жртва на насилство. Децата знаат да бидат позлобни и понемилосрдни од возрасните од причина што ги немаат стекнато филтрите за да се однесуваат соодветно, односно ненасилно. Ова дете кое повредило друго дете е очигледно такво дете кое е истовремено и за жалење затоа што кој знае какво детство има тоа самото. Во ваков случај треба да реагира социјална служба и да утврат зошто одредено дете се однесува насилно. Не знам кога тоа ќе профункционира во оваа држава!!! Исто така морам да се согласам дека воспитачките се се освен воспитачки. Маалски оговарачки и верни следачки на турски серии, но исто така морам да ги споменам и исклучоците. Во дадениов случај не знаеме за кој тип се работи, па не би било фер да се коментира. Затоа што го знам моментот за секунда дупнување глава. Мислам... од себе си поаѓам, во градинка така солидно ми ја имаат дупнато главата буквално за дел од секунда и се сеќавам како да беше вчера, учителката беше повеќе од избезумена и исплашена затоа што во претходниот момент навидум нормалното дете го опомена да не ме тегне за коса, се сврте и веќе во наредниот ме бутна и паднав со главата на потпирачот на столчето. Учителка со толку мали деца не може да биде учителка на 30 деца и тука не се тие виновни (ако зборуваме за исклучоците де), туку оние кои го направиле системот, читај оние под чија капа се градинките, читај, државата, читај општините. Се двојат пари за глупости, а за најважното, клетката на општеството, НИКАКО!!! Не сакаат да вложат во нови градинки, со повеќе соодветно образувани и внимателно избрани воспитувачки кои ќе се грижат за мали групи на деца (со тоа ќе се зголеми потребата од воспитувачки и ќе се отворат повеќе работни места ако гледаме поширок бенефит) со специјално програми освен добро познатата програма јади-играј-спиј и опет. Знам дека во ваков случај родителот прво помислува да ја гони градинката, ама поправилно е да ги гони родителите на тоа дете и да се залага за здраво детство за сите дечиња. Секогаш сум на страната на децата. Можам да замислам како ја доживеало борбата со другото дете...страшно. И двете се жртви на родителите на насилното дете и се за жалење. Стојам зад тоа, а и по овој интернет простор барем се достапни истражувања за тоа дека дете зад кое стои здраво и исполнето детство, полно со љубов, без негација е здраво дете. И не, децата не растат со тепачки, модрици и рани и ете едноставно се деца, туку растат така заради родителите полни со казни, хистерии, ќотеци и други типови на нервни испади едни према други, па дури и према детето... Сликата од малото е повеќе од вознемирувачка.
Трагично е што од многу родители и воспитувачки го имам слушнато муабетот ˝што толку им се потресувате на децата, деца се, ќе се степаат, ќе се скараат, мора да се челичат, така растат, не се дома па сите да ги третираме како мамини и татини мази˝. Одлично. Од мали, од 2, 3 години да ги учиме како сами да се снаоѓаат во насилни ситуации, такви какви што од дома ниту виделе ниту знаат. И на крај тебе ќе те обвинат дека си го воспитала да биде мекуш. Зар не гледате колку не се во ред работите? Вие прво како родители. Има разлика од живо и темпераментно дете и дете полно со агресија, не е е исто, разграничете. Ако има многу енергија во себе, како родители треба да ја насочите во позитивна насока оти не сте засегнати само вие и вашето дете туку и околината. Многу мајки се осудувани дека премногу им се тресат на децата и дека порано не било така. Секогаш било исто, и јас кога бев дете имаше деца кои се тепаа и имаше деца кои рака не кренале на друго дете и ги боли до коска емоционално доколку некој крене рака на нив, затоа што од дома така не се воспитани и третирани. Децата се огледало на родителите, погледни го своето дете и ќе видиш што не е во ред со тебе.
Во која градинка се случило ова? Жално е тоа малото. Срце. И јас ја разбирам мајката но коментарите не и се на место! Ги обвинува родителите,зошто имале неподобни деца за во градинка!? Таков пристап не. 1.најголем виновник,како што и таа самата кажува е градинката, односно односот на восптувачките. Не може да не ја известат, да ќутат и да чекаат мајката кога ќе дојде да види што се случило! 2сите деца треба да бидат опфатени во овие установи, тоа е и една од целите на државата, пред се заради нивниот равој.Не може поради недостиг на соодветна нега и третман на децата, тие што се малце проблематични да си седат дома.Напротив, со нив треба да работат службите од градинката и други, со цел да се влијае на децата кои се агресивни, таквото однесување да се намали односно да исчезне; 3 на оваа држава и недостасува соодветен кадар, механизми и повеќе објекти за згрижување на деца од предшколска возраст, а не споменици, фонтани и реклами!
Прво, срамота што не ја известиле мајката...требало да го земи детето за да види. Второ, каде биле воспитувачките ??? Или гледале како го гризеле и навивале или надвор пушеле цигари. Засрамота !!!!
Читам денес интернетов е преплавен со информацијава за детето што било изгризано во градинка од друго дете. Ме потсети на времето кога моите деца одеа во градинка . Со првото дете немав никакви проблеми , беше бубалче, ама затоа со второто едвај излегуваа на крај воспитувачките со него. Едноставно беше хиперактивно и полно со енергија. Мирно беше само кога вниманието му беше насочено кон некоја креативна игра или било каква друштвена активност. Колку повеќе децата се ангажираат со некои активности толку помалку имаат време за глупости. Но овде се работи за ептен мали дечиња до 2-3 годинки, а со нив нема баш некој избор за активности кои би им го задржале вниманието. А од друга страна на таа возраст децата реагираат инстиктивно без размислување за последиците и дали тоа е исправно или не. Едноставно колку родителите и да се трудат да ги воспитаат , на таа возраст повеќе се водени од инстиктот одколку од разумот. Толкав им е капацитетот. Така што неможе да се каже дека децата се монструми или родителите се криви . Едноставно треба многу повеќе да се внимава на нив и да не се оставаат сами. Но колкаво внимание може да им посвети една воспитачка на 30 деца истовремено ? Што ако во исто време некое друго детенце повраќало или имало некој друг проблем ? Не се криви ни воспитачките ни родителите а најмалку децата. Едноставно треба итно да се донесе закон да се зголеми бројот на воспитувачки во градинките , најмалку по една на 10 дечиња , додека не се случило нешто со поголеми последици. Е неможам да не ја исплукам нашава политика која за вакви важни прашања се однесува индиферентно , а на народов изгледа му е полесно да фрла дрва и камења по воспитачките или децата одколку да ја согледа вистината дека едноставно е многу тешко и одговорно да се чуваат 30 дечиња колку и да е добра воспитувачка или учителка.
Градинката е таа од Капиштец префрлена на Водно! Страшно е што има деца способни за да нападнат друго дете. страшно е што има родители што дозволуваат децата да станат способни за вакво нешто. Страшно е што има учителки и воспитувачки коишто не реагираат на ваква работа. Коментарите на мајката, да, не се на место. Ама зарем вие би изреагирале поинаку? Јас да сум ќе ја кренам цела градинка во вис! Единствена утеха ми е што ние имаме уште неколку месеци до градинка и што во градинката каде што ќе оди син ми ги знам пола од вработените ( јас одев во истата ). Внучето на моја другарка пред некое време им го вратија без цел прамен коса! Цел прамен! Искорнат! И на нив не им се јавија и се правдаа дека со некое дете се закачнале. Детето подуено од плачење, тие рекле не знаеле, не виделе, не можеле сите да ги пазат. Ако не се свестиме во брзо време, со начинот на кој ни се чувани и воспитувани децата, ќе станеме нација што рекреативно ќе се млати меѓу себе, а вината ќе ја префрламе на другите. Во двете ситуации се виновни и родителите и учителките, сепак, и домот и градинката се ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ институции.
Не може да се утврди така лесно кривецот во ситуацијата, уште помалце да се стават на клада САМО родителите, како што тоа го направи Лилит. Ќерка ми тргна пред 1 недела за прв пат во градинка. За жал, тргна во период кога веќе 5-6 дена беше во поагресивна фаза. Во првите 20мин ја изгреба на лице својата најдобра другарка, на која исто така и' беше прв ден! Јас внатре, мајка и', воспитувачката и негователката, и пак во дел од секунда, кога се скараа за играчка, додека да ги раздвојам мојата изреагира како што изреагира и се направи бељата. Многу, ама ужасно многу, ми беше жал и криво....значи на моето да и' направеа така немаше да ми биде толку криво.... И сега доаѓаме до моментот на родителите, зошто Лилит нив ги посочи. Лично ние не сме совршени, никој не е, ама од срце се трудиме да воспитаме дете ке ќе е полно со љубов, нежност, трпение и почит. Ќерка ми во животот не е удрена, не знае што значи ''потчукнување'', нит по раче, нит по газе. Испочитувано и' е мислењето максимално, ама граници се секогаш поставени и безусловно следени, зошто сфативме дека доследноста ни е најголем сојузник, па така ја држиме под ''контрола''. Мажот ми, фала Богу, во животот нема кренато рака на мене, ниту повишено тон, па следствено сметам дека детето мое не расти во нездрава и насилна средина. Ете сега и поминува фазата која започна пред 10на дена, а за која уште при првиот влез во градинката ја информирав воспитувачката, за да ја има повеќе на око и да е информирана. Не велам дека моето дете е идеално, сепак е само дете од 3 години и со баш толкава емоционална и психичка зрелост, ама нели ќе беше жалосно заради една развојна фаза да е окарактеризирано како ''насилно и агресивно''? Едно е да се посочи дека родителите треба да бидат повикани на разговор, за да се изнајде решение кое ќе му помогне на детето во надминување на оваа фаза и во градинка и дома, а друго е да се каже дека целата одговорност е само кај нив. Јас не знам кое е тоа дете, ниту му ги знам родителите, ама поаѓам од својот пример - Што ако и тие никогаш не го удриле своето дете, и тоа само да е во таква фаза? Јас бев спремна, ако било каков друг инцидент се случи со ќерка ми, под итно да ја отпишам се' додека не и' помине фазата и се врати тоа мирно и повлечено детенце, зошто сметав дека никој не е должен да ги трпи испадите на друго дете, посебно ако тоа ги повредува. Воспитувачката беше таа која ме убедуваше дека ќе и' помине, зошто знае, видела стотици такви примери. Прашањето е: Дали воспитувачките во конкретниов случај знаеле какво дете имаат во група, и дали ги превземале сите мерки за тоа да биде контролирано и воспитувано? Зошто овие повреди не се ''дел од секунда'', видов јас што е дел од секунда...
^ А што е со родителите кои секогаш оправдување им е ˝фаза е, ќе помине˝ а всушност детето веќе подолг период така се однесува? Па кога ќе заврши фазата на гребење, доаѓа фаза на пцуење, па следната на туркање, и кога ќе завршат сите изговори се доаѓа до она ˝па дете е, исто како сите деца˝. Не зборам за твоето, можеби првпат ова му се случува и можеби е заради промената и стресот од одење во градинка, исто не сметам дека за секоја мала детска кавга или инцидент треба одбори и психолози да се повикуваат, но мислам дека нема ништо лошо во тоа родителот да каже: ˝да, моето дете е агресивно и насилно, дали е фаза или не не е важно туку кои се причините и како да се реши˝. Не е ништо од што треба да се срамиме како родители или да го потиснуваме и криеме од другите, туку да се работи на тоа. Можеби е само детска игра, ненамерно се удриле, се изгребале, се турнале, зависи од ситуација до ситуација, но можеби постои вистински проблем и ако се игнорира не е добро ниту за детето ниту за другите околу него.
Моира ти се зафати со мене и моите зборови затоа што лично си го доживеала тоа со твоето дете, од позиција дете кое повредило други деца и можам да ти ја разберам испровоцираноста. Пак ќе кажам, деца не влегуваат во агресивни фази без причина. Сите деца не се исти, како што сите родители не се исти, зошто едни деца се агресивни, а други не се? Тука има сериозно и реално размислување. Сите сакаме да сме идеални,ама дете само не се воспитува. Не мора маж ти да те удри или вие малата да ја удирате,може агресијата е предизвикана на друг пасивен начин. Мене ме има изгребано, значи длабока бразда, лице до осакатување кое одвај е санирано, денес да не се познава, дете за балон... значи за балон, мој балон, откако го докачи го пукнал, јас не се сеќавам зошто од крв и плачење сум се онесвестила. Ова не е прича од градинка, туку од по дома под надзор на родители. Познати родители, ненасилни, арно ама себични по природа, дете разгалено до бесконечноста, пасивно агресивни, а дете како дете може само тоа физички да го прикаже, а не како возрасните. И примеров не е за да ти речам, е ти си таква, туку пример со кој сакам да ти опишам како од суптилни работи децата примаат и го манифестираат на сопствен начин, сакале ние да признаеме или не. Мене жал ми е што ти се чувствуваш навредена, па дури и ме нападна дрско, сигурно е глупо некој да ти напише нешто што најмногу погодува, односно родителството, ама фактот е дека децата не се сами од себе агресивни. Дијапазонот на движење од едно до друго поведение е широк и причините се различни. Јас горе напишав едно сценаријо, но истото може да биде во различни нијанси. Со тоа што ти твојата ќерка условно кажано ќе ја санкционираш ако се повтори однесувањето, ништо нема да промениш. Треба да продреш во суштината на проблемот, како што пиша, си и поставила граници и сега можеш да контролираш, значи знаеш можеби од каде било тоа и знаеш дека вие некаде сте дозволиле премногу за да детето биде агресивно ако нешто не му е по воља. Нешто се случило, може не било толку воочливо па тешко е да се открие што е, ама не е без причина. Нема рецепт за добро родителство и се се прави по основно чувство и инстинкт, не велам дека ти си лош родител, зборувам воопшто, сепак родителите често знаат и да грешат и при тоа од ароганција да не прифатат совет. Од едно истражување кое го правев за одредени потреби на примерок од 1000 родител на возраст од 25 до 35 години и од 35 до 45 години за та ра ра ра, да не образложувам, родителите најчесто си го поставуваат следното прашање - Дали сум доволно добар родител? Од тука го разбирам жустрото реагирање. Па мајка ми да и речам тогаш и тогаш ти така и така ме воспитуваше, не требало така, па мене ко сопствено дете ќе ме направи лом како смеам да и речам дека не била доволно добар родител зошто знам дека цело време живеела со тоа прашање, што впрочем и била, но секогаш можела да биде построга или попопустлива од тоа што била, а сум веќе возрасна на прагот да имам сопствени деца. Значи ја разбирам погоденоста. Ако градинките не се виновни, родителите не се виновни, тогаш кој е? Нормално е деца да се маваат од ќотек и при тоа да има можеби и многу сериозни и трајни последици? Мене не ми е нормално, не знам за вас. Воспитувањето доаѓа од дома, па се дообликува во градинка, каде што за жал се уште нема такво ниво на свест каде што сериозно може да се работи со децата како што треба, а не по системот кој го пишав вчера, играј,јади,спиј и од почеток. Воспитувачката која ти рекла видела такви случаи еден куп и дека им поминува за мене не е воспитувачка, значи врска нема од педагогија и детска психологија. Од фазата на едно дете, нели фазата, зошто се е нели фази во развојот каде што само македонските воспитувачки ги знаат, се случувало други деца буквално да останат сакати. И да може е ова екстремен случај, ама е факт дека не можеме да се повикуваме на моментално периодче кое ете нели ќе помине. Затоа што еден ден, не дај боже може и вашите деца да се најдат во таква позиција и ќе сфатите дека сериозно боли и дека сериозно не е во ред. И ова дете со гризнат образ, се зависи од тоа што докторот утврдил, последицата може да биде од блага траума и исчезнување на модринките без никаков проблем, до сериозна повреда на нерв со згрутчување на крв. Мене лично, ме прави бесна, не знам како би реагирала да е мое дете. Како и да го вртиш, некој ќе се најде навреден, ама мислам дека сега ме разбра што сакам да кажам.Сите си ги сакаат децата безусловно, но за некои родители тоа е попуштање до бесконечноста, други тепаат од љубов и за нив тоа е израз на грижа. Проблемот е системски, градинки треба повеќе и влегување во градинка не треба да е како упис на факултет, треба повеќе навистина стручни и добро платени воспитувачки, но и родители кои МОРААТ да се освестат дека не знаат секогаш најдобро. Ако не се грижиме за децата, тогаш сигурно нема да се грижиме за пензионерите, впрочем тие се повеќе од згрижени.
А од кој дел од мојот пост добивте впечаток дека јас кријам оти моето дете било во агресивна фаза, или Лилит - дека сум се навредила? Не знам ни како исперципира дека сум те нападнала дрско? Немам што јас да се правдам на форум, поентата на мојот пост беше да се прикажи една друга страна, која луѓето без деца и искуство со развојни фази на истите - не ја знаат. Ти може да си најдобриот психолог, ама ако не си осетила на своја кожа - никогаш не можеш да бидеш сигурна дека теоријата ти е правилна. Ме сфаќаш што сакам да ти кажам? Ова што се случи со детето на Миа е искажување на агресија која долго е носена во себе. Секојдневни фрустрации, непочитување на потребите и желбите, развојна фаза, некакви родители и средина - се' тоа придонесе овој инцидент да добие ваков крај. И не знам каде во мојот пост вие заклучивте оти јас сметам дека никој не е одговорен? Дочитувајте до крај, за да се разбираме полесно.