од годинка по 5 мл. 1 ампула е 10 мл. Од 3 год па нагоре по 10 мл. Тие се со матична млеч. отвараат апетит прекрасни се за имунитет и лесни за давање зашто вкусот е убав. ги има во зегин 35 ден една. Исто така има од истата фирма со колострум и ширтаке ама тие се за над 6 год. И се по 70 ден
Значи на бебе може да давам, 13м е, баш сакам периодов да давам нешто за имунитет. И пошто една ампула е 10, а јас би давала 5, значи да ја делам за два дена, може да стои 24ч така, во фрижидер најверојатно..
Да да може да стои . Дури и обележано е до каде е 5 мл за да не мора секој пат да мериш. Нема поприродно нешто за имунитет да најдеш во аптека од ова.
Тука има во тегла 60 ампули околу 20 евра. И во Мк така се продаваат и отприлика таа цена? Не можам да ја прикачам сликата. Се прикачила.
Сигурна си дека од 3 се дава 10мл? Се мислам дека до 5 години требаше по 5мл Мојава е 4 и пол и уште и давам по 5. Баш ќе земам упатство следниот пат.
сега ме стај у мисла. можно е да е од 5 па нагоре 10 мл. Како и да е при купување најубаво да се праша во аптека. битно по 5 е за маливе. .
Мене па во зегин ми кажаа една ампула на ден од една година нагоре може ,немам земено до сега упатство да прочитам ,ама јас му давам преку еден ден пошто плус давам и хомеопатски лекови па до сега фала богу не сме имале проблем ,ма да сега кога знам веќе ќе давам по пола ампула .
матична млеч може од година односно откако ќе се воведе мед. Е дозата само се корегира. .. Мене сестра ми ми ги кажа пред година дена.. таа на внука ми дава и се советував со матичната која ми даде зелено светло...
Овие ептен гадни се. ПРобав на мојава да и дадам, само што го мирисна ми го врати. Да не биде за џабе, јас го испив, ама едвај. Може да се мешаат во нешто за да се прикрие мирисот? Јас од дм купив едни бонбончиња/витамини, гледам со желатин. ПРетпоставувам нормално е? Не сум обрнала внимание на состав до сега.
Јас барам нешто за мојата ама овде витамини под 3 години нема, не даваат во ниту една аптека.А дали си задоволна? Отвараат ли апетит?А вкусот како им е?Ги сака ли твоете?Можам да си ги порачам онлајн.
Мојот ги пие без проблем. Јас ги зедов баш кога не сакаше уста да отвори за ништо на светот. наредниот ден му се врати апетитот. А претходно пробав со мулти витамини па со дефендил. Едно време и имуно киндер зедов ама и тоа траеше 2 дена ете го џабе ми стои. Само овие најдобро ми се покажаа искрено. Ако можеш да си земеш земи си. Нема штета
Претпоставував, едните се како гумени бонбончиња а другите пак слично ќе му дојдат, за да се лажат да ги јадат. Не знам колку е здраво.
не гледам ништо штетно во желатинот искрено... верувам безбедни се за деца и минимална е дозата сепак. мојот па тие не ги сака. очигледно до детето е секогаш.