Па секако дека тие се први на удар. Невакцинирано дете во допир со оболено дете од морбили секако ќе заболи.
Од кај тоа? Ако има доволно јак имунитет нема да заболи, од кај вакви информации. Ако е така вакцинираните не треба да заболуваат а заболуваат. Денес ми кажа свекрва ми, и маж ми и золва ми имале морбили прележано, маж ми вакциниран а золва ми невакцинирана. Ај најди му нзс. Нема!
Може и вакцинирано дете да заболи ама помали се шансите, доколку за невакцинирано ми се чини се 100 посто, некаде имам прочитано, прогуглајте ако сум грешка. А имунитет против морбили може да стекне доколку ги прележи, нели беше така?
Не знам. Знам само дека ДТП се бугарските, а овие се добар квалитет. Јас ете вакциирав. Така сметам дека подобро е да е вакциниран. Но ете има некој тренд, мода да не се вакцинира. Од една страна разбирам дека не можеш да имаш доверба во здравствениот систем, ама од од друга не ни треба да се правеме сами доктори.
Ако пред да вакцнираш прашаш, се ти даваат. Пред нас вакцинираше пријателка доктор, побара документација од вакцонитр, провери шишето и вакцинираше. А прелесно е да знаете од каде се вакцините кај нас. Ова е за 2017 за 2018 не барав.
Не мислев нешто лошо само ме интересираше од каде знаеш од каде се вакцините? Јас имам слушнато за ММР дека се француски. Мојата е вакцинирана од MMR ама нема ревакцина .Во лето имам намера да ја прими. Јас и да бев во мк пак ќе вакцинирав. Во Германија бројот на невакцинирани од ММР е исто низок.Имаше кампањи летото дури мислеа и казни да воведат имаше зголемен број на заразени во некој населби и градови.
Tе сфатив дека немаше лоша намера. Ама ти велам дека не знам дали пишува на картончето ама знам даваат да видеш што има внатре. Ете и Чка ставила од каде се вакцините.
Тогаш, по оваа логика бројката на заболени треба да е огромна. Ако во една група има 20 дечиња, едно да заболело, треба да заболат бар уште 18, еве нека се и пола вакцинирани, значи треба да има 9 нови, само од таа градинка од радишани. Да не бидам погрешно сфатена, сум за вакцини, ме плашат морбиливе, исто колку и вакцините, исто колку и било што друго во форма на лек. Друго, како бе така ќе даваат ммр на 6месеци? Е ова си го измислија тука кај нас, квази доктори... Него шо ќе праите утре? Ќе носите ли деца во градинка? Ме мрзи по ладно да излагам и на крај да не вратат. И што ако не е во градинка? Не ја сфаќам поентата? Да не се зарази? Па нели можам јас, баба, дедо, татко да и пренесам, пошо нели и вакцинираните можат да фатат(во поблага форма нели) и да им пренесат??? Одиме на работа, пазар, по болници итн... Ама стварно не капирам, мозоков не ми работи периодов Дали ова се значи тотална изолација од надворешен свет? Домашен карантин?? Како и кога ќе знаат дека нема веќе епидемија, кога инкубација е 21 ден?? Денес ќе речат нема нови случаи, а за 2 недели може да се јави нов случај. Ако ми текне уште нешто ќе допрашам после Не ми замерајте, имам едно дете и се ми е ново хахах, порано не обрнував внимание на овие работи и градинки ама ете дојде ред и тоа.
Ко јас да сум пишувала. Во нашата градинка немало да примаат невакцинирани утре. Него, моево ништо нема примено. Не оти не сакам, туку зашто е или болно или анемично.... и сеа сите по ред треба да се боцкаат? Или како оди тоа?!
Не,не. Друго сакав да кажам. Нема примено ниедна вакцина. Прашањето е дали мора по ред сите да ги прими со вакцини и ревакцини, или може директно мрп? Иако сум на 300 ума со вакцинацијата. Јас сум за колективен имунитет и вакцинирање. Но, како да знам дека детето е спремно да прими вакцина? Малку е специфична нашата здравствена состојба, и никој стрикно не вика ни може ниту не може. Би сакала да издискутирам на оваа тема со имунолог, па потоа да вакцинирам.
Се додека вака размислуваат нема да не биде... и да се надоврзам пак. Нели и вакцинираните можат да пренесат??? Затоа прашав, зар домашен карантин?? И на улица ќе фати.
9 од 10 невакцинирани, не 9 од 10 вакцинирани. Мене ми е страв, на прогласена епидемија не носам невакцинирано дете. Никаде. Не само градинка