Им истекувал рокот на вакцините па затоа. Единствено што ме интересира е дали има и вакцинирани помеѓу децата кои имаат морбили? Ама 100% сигурен извор! Државата за ништо не се грижи па се загрижила децата да не фатат па да не одат во градинка. Мислев дека секој родител одлучува за своето дете, ама државата ме зафркнала...Таа одлучува да се вакцинира, таа одлучува да не оди во градинка. Колку се само провидни, уф.
https://emagazin.mk/tender-tezhok-10-7-milioni-evra-ministerstvoto-za-zdravstvo-kupuva-vakcini/ Ете го Не битно, секако е сомнително. На 15000 не вакцинирани во скопје, 90% ќе се фатат. Односно 9 од 10 дечиња(невакцинирани) со сигурност од 100% ќе фателе. 19 вкупно случаи. Уште не знам дали и колку се а колку не се вакцинирани, дали во радишани се од иста група. Другиве случаи не биле поврзани. Кај се разболеле? На улица, пазар, автобус, некој од моловиве? Епа ајде ќе видиме во тој случај бројот ќе расте секако, џабе забрани.
Како што се замислува? Како тоа уништил? Знаеш колку се опасни? Не дај боже некое да фати, пак он ќе ви е крив. Политики не мешајте. Секако дека сегде може ама утре градинката ќе биде крива не молот. Неодговорно се осеќам што го немам вакцинирано ама не можам да пресечам. И еве дома си го оставив.
Нема правило. Не можеш да знаеш како би поминало, без оглед дали е вакцинирано или не. Ете, вакцинираш, ама си одложила ММР. Автоматски според министерот спаѓаш во групата на оние кои не вакцинираат. А имаш причина за тоа, сигурно. Јас на пример одбив ревакцинација на големиот пред година и пол, пошто постојано кашла, башка дома имав мало бебе. Сега двајцата треба да ги вакцинирам, а не можам, оти големиот само што заврши со антибиотик, а малото е со растечен нос и кашлица. Плус, ризично е да се вакцинира кога има епидемија. И моево не е вакцинирано, јас би го пуштила, ама не го примаат. Инаку, ако го вакцинирам, три недели ќе го чувам дома во карантин, ќе билдам имунитет, и после вакцинирањето уште три недели дома, пак билдање имунитет. Препорака од педијатар, од дефектологот Владимир Трајковски кој работи со деца со аутизам, и од имунолог. Владимир Трајковски ми препорача големиот да не го вакцинирам со ревакцината на Дитепер на 4 години. Два месеца после тоа ја укинаа. Никој нормален не би пуштил тазе вакцинирано дете во градинка, а очигледно тоа се случило. Нема како да се пренесе вирусот, бидејќи само човекот е носител. Ама не знам кој бил првиот пациент, така што нема да давам претпоставки од ракав. И да, мислев дека децата се поголеми, барем така ми кажаа. А на тендерот, главен критериум најниска цена. А што со квалитетот?
Затоа што има вакцинирани. Ако се невакцинирани, 9 од 10 се разболуваат. Ако се невакцинирани 9 од 10 не се разболуваат. Тоа не ти е јасно Го прочита тендерот? Што би ставила ти како критериум за квалитет?
Мојот уште нема развиен говор и бевме и во Завод за говор, слух и глас, оти мн малце збори ( кажува по нешто ама не е тоа тоа) . По препорака на негователките бевме и као ни рекоа на контрола за три месеци. Е сега мојот не е вакциниран од ммр и немам намера да го вакцинирам ради говорот. Додека јас како родител не се осигурам дека е топ имунитетот и се дека е ок нема да прима. Никој не може да ме убеди да вакцинирам дете , макар испуштал градинка.
Мене не ми е јасно едно нешто, зошто не им објаснат на родителите еднаш засекогаш како функционира ММР. Ете Ана горе објасни, во моментов вирус шират вакцинираните, не невакцинираните. Кога внука ми се разболе препораките беа да не се меша со деца тазе вакцинирани, не со невакцинирани, а тоа значеше да не оди во градинка нормално. Жени, мајки, идни мајки, баби! Моментално проблем не ви се невакцинираните деца, туку вакцинираните, зошто тие живеат со вирусот во себе и го шират. Мислењево е за во другата тема ама гледам и овде се развила дискусија. Јас моето дете секако не го носам во градинка, има варичела која ја помина ко од шала, нит тт, нит да се чеша, нит некој страшен осип, ништо, едина “компликација“ беше воспаление на лимфни јазли кое се јавува и од обична настинка и помина со антибиотик Цефалексин. Јас секако нема да го пуштам уште најмалце 2 недели во градинка а да не одев на работа уште најмалце еден месец за да си го зајакне имунитетот. Моментално моето дете не е закана за другите, туку оние кои сега ќе се вакцинираат и одма ќе ги пратат во градинка.
Бараат серификат од производителот од омцл мрежа, европска. у АЦТ. Како сите земји. јавен е на есјн. И невакцинираните заразени се исто заразни. Јас ќе ја вакцинирам, ама по насокана педијатар, прво изолација, па конторла крв и брис, па вакцина па пак изолација. Јануари дома сме. Се надевам само дека нема епидемијава да биде со месеци.
Да, но невакцинираните немаат под дифолт во себе вирус, ако не биле во контакт со заразени лица или тазе вакцинирани немаат вирус во себе, за разлика од оние кои сега ќе се вакцинираат. Инаку сите може да сме носители.
Како си ја вртите на своја страна алал, вакцинираните ќе се криви за заразата оти го имале вирусот во себе
Е тоа е проблемот, овој пат нема баш така сите да направат. Кога ограничуваш влез во градинка, тој што нема што друго да направи ќе го вакцинира детето, ќе го земе картончето и со истото ќе влезе и следниот ден во градинка. Не знам што да кажам на темава. Син ми е вакциниран од се освен ммр, главно бидејќи чекав да прозбори асолно, и педијатри ме советуваа ако не сум сигурна, да почекам до 3 години. На три тој сеуште не зборуваше, и не го однесов. Сега е сред логопедски третмани, фала Богу има голем напредок, и не можам да си дозволам месец дена изолација. План ми е да се среди, па да го вакцинирам, ама не баш сега сред зима, кога и онака два месеци кубурам со затнат нос и поткашлување.
Па треба, ама очигледно некој не го почитувал тоа. Градинките празни се, утрово сите на фб се жалат. Не знам со кој ум сега форсираат вакцинација. Иначе и јас ќе го вакцинирам. Ама треба прво дома да го чувам, да не оди во градинка долг период. И после тоа дома ќе го чувам. @Bridget, а од каде тогаш вирусот кога само човекот е носител, резервоар? Нема друг носител во природата? Вирусот не опстојува надвор од организмот. Ако се вбризгува вакцина со жив вирус, кој е носител тогаш?
Косово и Србија имаат епидемија. Болеста не е одвакцинираните, туку од овие што се заразни. Арно причитав сабајле, вика не ги бранете да не одат у градинка децатам затворете границата према Косово и Србија чим они имаат епидемија. У Дебар беа заразени од Косово. Сити мол е само косовци. Се носат разни болести. Не може никој да рече дека болеста е од вакцинираните, не од некој заболен.
Каде си слушнала ти или прочитала дека после вакцинација детето е оболено од болеста против која се вакцинира и може да заразува други? Се вбризгуваат микроделови од вирусот, медицински називи не знам, ама докажано е дека не се доволни да развијат болест уште помалку да се пренеси на друго лице. И ако се случи се случува во екстремно ретки примери. Вирусот е од контакти со луѓе, дали донесен од друга земја па со невакцинирање многу полесно се шири.
Не знаеме од каде е, факт, пошто не испитале од каков сој е вирусот, а тоа не е тешко да се направи. Проблем е што не се знае кој е првиот (нулти) пациент, од кого почнало ова. Не реков дека е оболено, туку е носител на вирус. Сите носиме по нешто во нас. Како што реков претходно, може да испитаат и да утврдат од каде потекнува.
Ако некое дете во градинка има автоимуна болест и те како може да префати од дете кое што примило ммр. Здраво дете не, ама другиве се на тапет.