Не може да се заразиш од дете кое примило вакцина, во екстремно ретки примери и само кај одредени вакцини. @Annath Што кога ќе го најдат изворот? Вирусот веќе се шири, на други работи треба да се концентрираат.
Епа треба ама никој не почитува. ММР е жив вирус и живее во организмот на вакцинираниот 3 недели колку што е инкубација и може да се пренесе на друг. Во оваа ситуација да, вакцинираните треба да се изолираат, ама... Инаку јас сум за ова, да се заштитат невакцинираните, ама не и да се тераат преку плот да се вакцинираат. Невакцинираните не се причина да за епидемијава, тие можеби полошо ќе поминат и затоа ете да се заштитат, ама не и дека тие шират вирус.
Не може, земи прочитај и не шири дезинформации. За второто, секако дека невакцинираните ќе ја шират болеста побргу. Вакцините се со 97 процентна сигурност, што значи од 100 деца вакцинирани 3 може да добијат вирус. Кај невакцинираните е обратно.
Болеста се шири рапидно меѓу невакцинираните. Сегрегација е во моментов потребна,џабе скокаат што не ги примаат во градинка.Па и протести ќе правеле.
Јас прв пат слушам дека вакцинирано дете со ММР треба да се изолира пред и потоа. Од кај ви се препораките? Сами ги прочитавте и изгуглавте? На мене ниеден доктор не ми препорача да седе дома после ММР. И ниедно дете што го знам не седеше дома и ниедно дете не се разболе од морбили. Ете сестра ми некна во Словенија ја вакцинираше внука ми. Другата двете деца и ниедна не доби ваква препорака. Најдете ми и кажете каде и кој препоеачува карантин. Што ви е страв ако е невакцинирано да фати морбили и така не ги признавате вакцините. Се знаеше дека еден ден интернет лечењето ќе ни се удри од глава. Само се надевам дека ниедно дете нема да има потешки последици. И не се вадете на небезбедни вакцини, на мене коски ми се тресеа од ДТП оти е бугарска, ова ви е од ЕУ барем. Кога веќе сме загрижени, треба да бидеме за паралелниот увоз од Турција и фалц лековите меѓу кои е и Клексанот, Авонекс, оној на Ф спрејот. Тие ви се во листата на фалц лекови, а верувам дека ги употребувате доста.
Дури и во Германија невакцинираните, ќерка ми во случајот, при случај на варичела во групата не смееше во градинка две недели. Тоа е за заштита на сопственото дете, не од инат. Другите мерки не коментирам.
Кое медицинско лице вели дека се вбризгува во бебе/мало дете вирус доволно потентен да се развие во болест која ќе тлее 3 недели и ќе е способна да заразува?
Не, не дека заразува... педијаторот вика дека имунитетот на детето е паднат и затоа да седи дома, за да не закачи нешто друго. А да беше од вакцинираните деца и лани и секоја годиниа ќе имаше епидемија. Во Сопиште е 100% вакцинирано населението, ни еден нема морбили. Ама затоа невакцинираните имаат.
Ај вака, значи на времето, пред вакцините кога имало епидемии измислиле вакцини да се искоренат болестите. Е како сега вака?
Јас и ова би го додала во дискусијата штом е прогласена епидемија тогаш е вонредна состојба ,нека се ослободат родителите од работа да можат да си ги чуваат децата !
Доктор на клиника, невролог, кој патем и призна дека состојбата на детето е реакција на вакцина. Крај на дискусија, овде нема место за такво нешто. Е сега вака, мерката како таква не е спорна, спорен е моментот вакцинација во период на епидемија. Бар за мене. Секаде во светот постои оваа мерка со која невакцинираните се штитат, ама никој не плаши родители дека нема да ги примат во градинка или што ти јас знам. Ете и кај Дани во Германија беше пракса, и во Австралија прочитав и во Шведска, ама никој не тера присилно родители да вакцинираат.
Па и ова не е присилно, вика не прима невакцинирани. Исто како и во германија и не знам каде. Еве јас сега во сезона на вируси плус е тазе настинат теоретска шанса нема да го вакцинирам. А плус пред мрп треба да ја прими шестовалентната.
Де кажи го со име и презиме? Останативе да земат да искинат дипломите, ако не?! Ништо не знаат. Кога постирате вакви застрашувачки тврдења, поткепете ги со факти, аман! Нели ви е срам да ширите паника и страв?!
Протест треба да има за притисокот да вакцинираме со вакцини кои не ги сметаме за соодветни. А не за тоа што ни седи дома детето. .
И ај да сме сериозни сега. Доста се заебаваме. не притискајте членки да кажат име и презиме. свесни сте дека не смеат да кажат јавно докторите? да изгубат работа за мое или твое дете !? никаков фактор не сме ние за нив. И тие се во менгеме ставени. Како што и јас не би излегла на протест за да не си ризикувам работно место така и тие што зад врата ни велат од тоа е. Да не се прајме глупи сеа знаеме каде живееме . И патем ако некоја мајка отворено каже дека не прошла како што треба со вакцините на никому не му должи објаснување па уште и да се правда зашто не верувате. крај краева боцкајте и ќутете. Кај човек споделува па уште и да се докажува треба. абе ај. ..