@AngelOfArh зборуваме за исклучоци и нус појави. А и др од Неврологија врз основа на што го даде мислењето? Повеќето болести кои наводно ги предизвикува вакцината, детето веќе ги има или има предиспозиции за истото па со вакцината се поклопува или тригерот, ама не и причината. А тригер може да биде било што. Синдром, автоимуни болести не се добиваат поради реакција на вакцина, да бидеме реални. @LiliBoz ММР е белгиска и е истата како и во другите земји.
На членката не и е прв пат да изнесува мислења од ракав. Многу често неточни Сакам да ми посочите каде во медицинските учебници е наведено дека вакцинираните се заразни? Моите медицински извори го велат спротивното. Сакам да бидам сигурна. И уште нешто ме интересира, ако можеш ти или @Annath да ми кажете зошто не се вакцинира за време на епидемија? Опасност да е веќе заразено детето, или? И дали преку некои параметри од крвната слика може да се види дали детето е заразено (период на инкубација кога болрста сеуште не се манифестира)?
во ммр има живи антитела . Во составот на самата вакцина. Затоа децата кои имаат автоимуна болест ниту треба да ја примат (смртоносна е за нив ) и шансите се високи да фатат морбили ако дете во нивна близина има примено. таква е болеста што мора да се вбризга живи антитела во телото за да се создаде отпорност. Исто е и за беснило. Од нет не можам да ти постирам пошто јас од гугл не учам. Но можеш да веруваш во оваа информација нормално, ако сакаш. За здрави деца не би требало да имаат проблем со дете што примило. Се препорачува дете што примило ммр вакцина да седи дома одреден период чисто за него да не дојде до компликации. Ќе објаснам и зошто. Ако денес примило вакцина која има живи АТ значи телото се бори да создаде отпор. Што значи имунитетот е автоматски на нестабилно ниво. целото тело се бори. што значи ако тоа дете утре го однесеш во градинка и таму закачи плус упте нешто може многу да се искомплицира. во ред е релативна ствар срц. Кај нас не знам како би ја поднел. Во моментов се плашам од дтпр затоа што таа највеќе фрка ни направи. ајде на пролет ќе видиме како ќе теле све...
Или еве. Уште попросто кажано зашто мора живи ат. лек за морбили нема! а ако прележиш нема да фатиш повторно. Затоа они доведуваат состојба на телото исто ко да има морбили, вбризгувајќи живи ат, за тоа дете да не фати пак. НО како и секогаш не значи дека нема да фати. Се зависи од организмот.
@LiliBoz зборуваме за здрави деца кои не се вакцинираат. Добро знам што е автоимуна болест, и јас имам, и татко му има дури и полоша од мојата, за него и вирус е опасен, а не вакцина. Детево ми спаѓа во ризик група за две автоимуни болести. Консултирав и невролог и никој не кажа не вакцинирај или слично. Дури освен за целијакија за другото ми рекоа нема зошто да проверуваш дали има ген. Значи, се додека децата се здрави и нема сериозни болести, треба да се вакцинираат. Јас сфаќам недоверба на здравството ама многу од нас користат лекови од паралелниот увоз кој е многу полош и пострашен од белгиската вакцина.
Боже да се крстам со лева рака. Како вакцинираното го дете ширело вирусот?Ова сериозно ли? Па ако беше така требаше да има епидемии од милијарди не само до 19 души. Како прво вакцината не го содржи целиот вирус туку дел од вирусот.За да може телото во случај на вирус да го препознаае и избори. Зошто изолација после вакцина?Мојата 2 пати после вакцина е била во градинка.Дури е дозволено и дококлу има тт пак да оди. Имаше во нашата градинка 2 пати варичела , а не беше вакцинирана па не и забранија.
И мене ме интересира погоре поставеното прашање. Зошто во епидемија не се вакцинира? И дали ако детето е во период на инкубација на морбили или варичела ќе биде нешто променето на кс или тогаш сеуште не реагира организмот?
Па во моментов со бронхит, сигурно нема да вакцинирам. А хгб последен пат и беше 103. И пак не бо вакцинирала со тој хгб. Да е над 115, да, веднаш.
затоа што може да е во период на инкубација. Затоа не треба да се вакцинира во епидемија. На кс ако е на почеток може да не покаже. Но пред се треба да е стварно епидемија. А не 10 души заболени.
Како може вакцинирано дете да е преносител кога вирусот во вакцината е неактивен, тој само го поттикнува имуниот систем да создава антитела против него? Ако е така како што пишувате тогаш веднаш кога ќе ја прими вакцината би се разболеле.
Некoлку примери вo цел свет oд не знaм кoлку испримени вaкцини, милијaрди вo прaшaње. А ниту еден кaде тoa дете јa пренелo нa друг. Штo знaчи шaнси дa се зaрaзи oд вaкцинa екстремнo мaли, шaнси дa зaрaзи друг уште пoмaли, дoсегa кoлку штo читaм, невидени.
Мислам дека се претера со оддалечување од темата, а мислењата треба да се префрлат соодветно. Моето мислење е тоа, дека мерката е сосема ОК и еве се покажа дека е практика и во други земји, ама не е во ред начинит на присилно ставање предсврќен чин на родителите за вакцинација. Сите сме свесни за тоа што го пишуваме на форумов и сме возрасни и одговорни личности, нашите ставови се само наши и никој нема право да ни ги менува. Јас сум сигурна во својот избор, фала богу има и друг родител детево со кое сме ја дискутирале оваа тема и сме дошле до овој став. Јас моето дете нема да го носам во градинка не за да не се зарази туку за да му го зајакнам имунитетот кој му е ослабен од Варичелата. Ако јас сакав да го ставам под стаклено ѕвоно дома ќе си го чував.
А колку има заболени до сега и колку треба да има за да се прогласе епидемија? Сега го слушав министерот на 24 вести. 12 заболени и сите биле невакцинирани
Тоа сакав да го пишам, апсолутно е неточно дека вакцинираните деца се преносители и нивната изолација (карантин) е бессмислена. Ако вирусот е во состојба да ја предизвика болеста тогаш први би заболеле децата што штотуку се вакцинирани, а такви случаи јас како што знам нема.
Така е, ама дете со автоимуна е секако ризично да оди во градинка воопшто. Може да префати морбили и од невакцинирано. Може да биде ризично и коксаки, и варичела и што уште не, што има во градинките, а не се вакцинира против тие заболувања.