И вие ја јадевте од Рота? Ние како поминавме, уште коски ми се тресат. И да, се повторува за жал, ама отогаш не знам дали има фатено стомачен вирус. Или има ама во ептен поблага форма. Знам само дека мешето едвај го средивме, па и нетолеранција на млеко. Катастрофа.
Е замисли мене никој не ми кажа дека треба да го чувам дома па го пратив во градинка после 10 дена и детево фати друг вирус и заврши со 14 дена температура, воспалено уво и на крај кај моите, не во Мк го лечев со свеж воздух и мандарини. И за чудо оздраве.
чуден вирус е ротата. Кај некој поминува ко обичен вирус а кај некој знае да сотре. Кај нас беше ... не сакам да се потсеќам. Кај нас дека и коли имаше во црева.. хаос.
Рота и моето дете фати. Од тогаш во групата се појавил Рота неколку пати ама не ја пофтори неа а ниту едно од дечињата кои ја поминаа. Затоа мислам дека стекнува организмот отпор на Рота. Ама додека траеше вирусот,опасно беше..невидено лошо.Еден момент си реков- го изгубив детево
Јас стојкова на инфективно ја прашав и ми рече за жал се повторува. .. од таму кажав. А камо никогаш веќе да не ги повтори.
А од кога постои овој Рота вирусов или отсекогаш? Прв пат во 2018 слушнав за рота, коксаки...од самиот збор се стресува човек кај ли им ги најдоа имињава.
и коксаки тип а прележа мојот се смеам зашто веќе не знам што не прележа. годинава што измина беше крш за нас. среќа многу лесно коксакито го поминавме.
Жал ми е. Оваа нека биде подобра. Мене се уште ми е страв да го пратам во градинка дека не ги прими наредните 4 вакцини, а една од нив за Рота е. За коксаки во изработка е може.
кај нас нема за рота ама во план им е да ја воведат. Како и да е ништо не ми менува тоа дур не ми дадат зелено светло за вакцини.
15 дена беше забрана, ама денеска пак нови случаи на морбили. Дали се пролонгира за нови 15 дена ? Дали ќе чекаме 15 дена од денес или од 5ти? Стварно збесна детево дома. Му фалат другарчињата. Жал ми е