Народот наеднаш се отсели па сега имаат и одвишок вакцини за воспитувачките. Децата нели не одат во градинка. А што ако некој родител има колега на работа чие дете има морбили? И ако го пренесат дома на своето дете кое не оди во градинка? По некоја логика треба да се забрани и родителите да одат на работа.
Не се плашам од колегите, на сите децата им се вакцинирани. Повеќе се плашам од тоа да влезам кај доктор кај кој пред пола саат влегло дете со морбили. Затоа и не ми се носи на контрола и денеска прерипав. Утре ќе ја носам у 7 и 59, први да бидеме.
Ова во чекална, само што го видела одма го препратила на инфективна. Ни преглед, ни ништо. Ама тие што биле во чекална
Хорор. Ако сомнева мајката треба да каже што мисли по телефон и да излезе доктор надвор а не да внесат дете. Страшно заразно е премногу. Ако не се вакцинирани сите ќе фатат готово утре на педијатарот ќе му речам да дојде у кола да ја чуе.
По телефон, кога закажѕваат, не кажуваат ли за што се, па да им кажат превентивно да чекаат во одделна просторија?
Твоите колеги. Ама на толку невакцинирани деца сигурно некој има колеги со невакцинирани деца. Или пак вакцинирани, но сепак заболени од морбили. Сакав да кажам дека некако меркава не ми претставува целосна заштита на децата. Нека имаат и родителите платено или неплатено родителско отсуство кога има епидемија. Се асоцира на тоа дека епидемија е прогласена поради истекување на рокот на вакцините. Недоволно мерки. Недоволно заштита. Избрзување. Хаос.
Клиничката слика на почеток е како вирус и само доктор може да распознае дека се морбили во прашање. Инаку ова било како итен случај.
Мене ми дадоа боледување кога детето дома седеше и не одеше градинка. Ама тешко изводливо на стотици родители истовремено да дадат педијатрите. Нарцис- помислив осип веќе имало.
Не. Јас кога одам, маж ми е у кола, јас одам носам книшка и ако е итно кажувам на сестрата. Она вика бидете надвор ќе ве викнам кога ќе се ослободи прва просторија. Една баба влезе у чекална со сипаници на внуката, одма ги избркаа надвор, бебиња имаше. После што направија не знам јас избегав. Би требало ако е сомнително да се јават ќе дошол доктор у кола без да става у опасност други деца. А по телефон не.
Син ми е вакциниран, не знам дали да го носам утре. И кај него во градинка имаше случај со морбили, во друга група само. Ама збесна дома.
Кога бе денес прееска слушав на канал 5 нишо не кажаа? Ни фб ништо не ми искочи по групиве... Леле го отупеа значи, секој ден нов скандал. И мојава збесна дома, се разлигави, ред поремети... Едит: најдов линк.. А што стана со тие што не им беа потврдени?? Нели имаше 6 случаи?? Ме буни пишува вкупно 19, а и тогаш беа 19 од кои 6 непотврдени..
10-15 дена. @Cka кога се прогласи(на3.јануари) најавија дека очекуваат да трае 15 дена,колку што впрочем е макс период на инкубација и се зависело дали ќе има појава на нови случаеви.Што значи со гаранција уште 10 дена сигурно,по моја логика. Ете денеска на прес очигледно не било спомнато околу евентуалниот краен или продолжен рок на епидемијава,односно забраната за прием во градинки на невакцинирани деца. Денеска дури разбрав дека две дечиња од нашата градинка се хоспитализирани...бебче 8м и 2,5 год детенце
Леле, според возраста не е во група кај син ми. Ти го носеш во градинка? Ама вакциниран е син ми и пак ме фаќа страв.