Auuuuu на 26 беа. Истата група кај што има деца у болница. Уште 8 деца во градинка во Аеродром денеска, не пишува дали истата. Не јануари ,цел февруари дома ќе биде ова.
28 деца невакцинирани имало. Сеа само си милам, со праам филмови, каде се биле децава од приредбата досега и каде се заразиле невакцинирани деца. Леле ама паничам да се напијам нешто за смирување.
Леле. Не го земав јас па не прашав како е денес. Он си оди, денес имаа инспекција. @Cka инаку 28 од само таа група невакцинирани. И кај син ми во група има невакцинирани. Видов во список со минус имаше деца, кога проверуваа за син ми.
Има и во Аеродром во градинката Бамби,на комшиката девојчето оди во групата од каде излезе првиот случај во Аеродром минатата недела и девојчето е на инфективна,а и мајкава и татково фатиле од неа,ама дека биле вакцнирани лесно поминале,еве и сега ме извести наводно имало уште три деца од групата ама не е официјално потврдено,родителите барале од градинката да ги извести. Ќерка ми денес ја вакцинирав,со оглед дека пред нова година една недела беше дома и сега веќе две недели и е комплетно здрава денес решив да ја вакцинирам доста и одлагав.Освен тоа сака да оди во градинка и недостигаат другарчињата ,но и во градинка е празно,и онака решив да поседи дома до крај на месец,да се исчуваме.
Не сакав да го наведам тој детал, ама и јас мислам се спремав за да си легнам до него. Како доаѓаше ново утро мислев нема да стане повеќе. А вака ќе речеш вирус. Море м.ме ми расплаче. .. Во предкоматозна состојба го однесов во болница од дехидрираност, за 20 мин дете падна. Анна некако ми дава надеж дека нема да се повтори. Мене ми остана во глава Стојкова што рече дека се повторува ама не сум отворила да прочитам како оди понатаму зашто избегнувам да гуглам. Фала богу ете ... нема да е страшно понатаму вајда.
Иста ситуација доживеавме со внука ми,на три години од рота, никој не реагираше од докториве неколку дена со проливи капка течност немаше во неа,мирисаше на ацетон,мислевме дека готово... итно на инфективна незнам што и ставија ја повратија,ја исплакавме,еве сега њ 12 години,па и се нема нешто слично повторено
исто... по 2 инфузии на ден примаше посебно антибиотик... ако ти се верува навечер кога ќе легнам ми прелетуваат слики од таму и ...трауми. само здрави нека се ништо друго не сакам.
Ти верувам,кај нас свекрва ми лежеше со неа во болница,( она до ден денес кажува дека и е трауматично да се потсеќа на тој период),бидејќи јатрва ми само што се беше породила со бебе од 10 дена на цицање кое не можеше да го остави,ама сирота она си знаеше како и беше од стресови и се намали лактација.Ама помина како и да е само да се здрави и живи сите дечиња
Јас го вадам од соба да прошета он паѓа. Па превртуваше очи, па почна само да спие. Кога почнав да плачам, прв пат бев волку исплашена. Сакав да го носам на приватно. Цела болница ми беше фатена со врски, го гледаа. Дојде др и ме смири, вика кај и да го носеш, седум до осум дена ваков ќе е. Беше 24 часа со инфузија. Јас вечно ќе им бидам благодарна на педијатрите во Штип. Тврдам и стојам на тоа дека само тие вредат таму и се едни од подобрите во Мк. Детево после Ротата ми е друго. Не сакаше да излезе од дома. Ќе излеземе плаче да се врати дома. Која траума ја имаше. Која траума ја имав јас. Инаку две недели пред рота го одбив од доење. Каму да цицаше уште. Инаку од рота се умира, особено кај деца докај 2 години. Он само што наполни 2.
Ќерка ми на 8 месечна возраст фати рота вирус, ја носев во дневна болница на инфективно да прима инфузии и од таму ми рекоа дека се добива траен имунитет. Со уште неколку доктори се консултирав, истото ми го потврдија. После тоа кога читав за вирусов испадна дека немало траен имунитет и не знам што да мислам. Вирусот ја држеше цели 14 дена, страшно дехидрирана и со многу висока температура, ама не сакаа да ја примат во болница да лежи дека беше бебе и имаше ризик таму да закачи нешто полошо. Се надевам дека ќе ја воведат вакцината кај нас, зошто вирусот е стварно страшен.
Исто однесување и кај внукава,како што викаш не сакаше да излезе од дома,нон стоп беше за мајка и залепена,ептен се повлече и дури тргна на школо мајка и со неа првите денови во клупа седеше.
Леле мајки што сте преживела, јака ви душа. Да не даде Господ, вакво зло.Јас завршив со циклусот вакцини со петовалентна ревакцина, но како што читав за рота се давало до одредена возраст, мислам првите месеци беше. Страшно било, а и генерално стомачниве многу лесно се пренесуваат по градинкиве. За норо кога читав само како се пренесува и колку опстанува (со месеци) страшно. Не знам како и што дезинфицираат по градинкиве, не знам колку се темелни навистина.
мојов 18 месеци беше. 3 недели после рота со е. коли закачи салмонела. 14 дена беше врзан за кревет. не сакаш да ти кажам на што мирисаше собата. знам само дека првиот пат оставив дел од мене на инфективно. вториот пат мислам цела душа ми остана таму.
Оф топик, ама ова се корисни информации: http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/p...diseases-and-conditions/8425/doh-8425-mac.pdf По ова произлегува дека подоцнежното заболување од рота е поблаго, а деца од три години веќе станувале поотпорни.
Леле Лили,масакар му направил на цревата,душиче,стварно стомачните вируси и бактерии се едни од најлошите,потребно е многу време после додека се стабилизира цревната флора.Даваш ли пробиотик секојдневно? Јас сум слушала дека салмонелата е нешто најопасно што човек може да добие..
нема полошо од салмонела. пробиотик он прима секој ден откако е роден воопшто нема пауза. Јас одма го приметив зашто бевме дома. сеуште на боловање се опораваше од Рота и коли. Само што му го чув стомакот знаев дека нешто се случува. кака ја гледам пелената и директ инфективно не ни чекам следна кака. До таму уште 4 пати се искака. сакаа да чекаат резултати од копро ама уште нареден ден со врски лендацин барав. дете изгоре од темп 42 цели 3 дена. Кога почна да делува антибиотикот (кој венски директ низ срце си поминува) почна конечно да паѓа на 38. инаку со дизепа едвај 39.5. ништо др не помагаше. стигна и копрото кажаа што е. До сега 20 копро имам направено од тогаш зашто 6 месеци треба за скроз да излезе од стомак т.е. Од црева. 6 месеци изолација имавме. дијагноза хеморагичен од се што го снајде.
Мешето едвај го средивме, па и млекото он не го поднесува. Хаос. И детево се повлече скроз. Ете зошто треба вакцини. За вакви болести треба. Сликиви ми се пред очи уште мислам.