@LiliBoz мајки сме ние, силни сме, така ќе пораснат децата. Јас обично сум камен ладна, не паничам ни на 39.8 тем, ама тогаш плачев. Помина битно. Тогаш и од работа се откажав, и од градинка паузиравме и еве го сега со супер имунитет. Ќе се среди и малиот твој.
уфф. . дај боже ... раат сум малце сега дур не почнеме со другите испитувања. Да се подсоберам психички и пак да почнам..
@LiliBoz а како препозна од пелена дека е салмонела? има нешто разлика од др кака?(сори за изрази) и јас сакам вакцината за рота и стрептокока да ја ставам За стрептокока,незнам зашто ама ме упатија прво да сум проверела имунолошки статус.. За ротата сакав да прашам..воопшто ја нема во мк оа треба од странство да се набави?
Има разлика од дијареа од стомачен и дијареа од цревна инфекција. каката мириса на расипано јајце и има слузава крв. Колку почесто кака се повеќе крв иМа. На крај само крв исфрла зашто нема веќе што друго. страшно звучи и страшно е.
Едно прашање.... да не испадне после ширам дезинформации.. На едни пријатели детето е денес примено во градинка, им се јавиле вчера дека може да одат, добиле соопштение дека смеат. Се работи за приватна градинка. Имате нешто инфо вие? Мене ми е чудно малце. Може дека приватна па други правила м??
Ама имаа и таму забрана, не ги примаа, или сакале да одморат?? Чудно ми падна зошто баш мајкава се јавуваше и и рекоа забрана има, не смееме невакцинирани. Сеа се јавиле дека добиле соопштение дека смеат да примаат.
Не е точно, и во приватните школи и градинки имаше. Знам колешка детето и учи во Нова не може да тргне во школо. Ги стегнаа сите.
Приватните градинки имаат дозвола за работа од Министерство. Па нека не те чуди што така рекле. Како така они да изгубат 12 000 денари месечно. Колку што знам, отприлика таа е цената.
Некои продолжија да бараат потврди и книшки а некои се упорни дека не бараат и примаат деца, ама кога имаа инспекции не примаа. Да, во Британската е 300е, во Колорес е 250е, во ICA исто 250.... Од нив само за Колорес знам дека ќе прима деца без оглед на забрана. Британската не прима воопшто без вакцини, ICA не ја разбрав другарка ми, дали примиле или не или што како, ама знам дека имаа забрана.
Аууууу. Изгор цени. Јас сакав моите да ги запишам во приватна градинка, ама немам доволно финансии. Се знае како е во државните градинки.
Да да од 12000 па нагоре... Фала ти... Ние обични смртници за жал Забраната за невакцинирани деца во градинките ќе трае се` додека не се прогласи крај на епидемијата на морбили (Мики Трајковски) Ова ми оскочи случајно на фб. Не ми дава да го отворам како линк.
Е тоа не сум знаела, знам другарка ми не вакцинира а ја носи малата, не сме се чуле не знам како е. Мислам и газдарицата беше на тој став.
Во градинката кај што го носам синко (државна градинка), бараат потврди и за тие деца што се вакцинирани.