Ова не можам да го сфатам. Ако е со моментален здраствен проблем, поради кој не може да прими вакцина, и дома би седело детето. Доколку е со некаква состојба поради која не може да прими вакцина не би била одложена, туку прескокната/одбиена. Вака збунувачки а и нефер кон многу деца кои дома седат.
Истото си го помислив, ама некако ич не ми се дебатира на темава. Пак ќе речам, секој со своето убедување и став, но, навистина е не фер кон другите, вакцинирани деца. Можеби постојат икс причини заради кои се одлага вакцината, а притоа детето може да посетува градинка. Не знам, не сум медицинско лице, а ни најмалку не сакам да бидам гугл лекар.
Лошото е кога довербата е расклатена, па дури и во медицински лица и педијатри. Јас стварно помислив дека и детето, кое не смее да ја прими и има белешка, се става во ризик.
Во 8и30 доручек. Потоа менуваат пелени. Активност на под. Ручек по 11 менување пелени и во 12 спиење. Во 2 ужинка.
И мене ме чудеше. Прашав идете во градинка? Да, имаме белешка да одложиме мрп. Толку, не ми се прашуваше повеќе да не скоривам нервози. Јас сметам дека се претера веќе скоро месец ќе направи, ова само укажува дека нешто друго е труло, а не антивакс кампањите. Оно се испоотрувме и ние и деца, од дома неизлезени сме од воздухов, Козле е полно, они за морбилите се фатија оти може можело да заврши со компликација. Еве не знам.
Прва мисла е дека децата седат дома поради нивна заштита. А ако има некаква состојба би било причина плус да се пази на имунитет и да не закачи морбили да речеме. Забраната е да се заштитат невакцинираните пред се.
Мајки што се случува со забраната за 9 месечни бебиња? Забрана има и за нив или само за децата над годинка? Бидејќи ммр е по календар на 12 месеци.
Ќе ти кажам за моите, пошто и двете ми тргнаа толку мали. Првите неколку денови седеа по пола саат во занимална, најчесто во раце кај негувателката, зошто и двете плачеа многу. После тоа почнаа да наголемуваат со време и да им даваат по еден оброк, доручекот. После тоа почнав да ги зимам после спиењето за на крај да останат осум саати. Обавезно во ранче му носиш по три пелени, чиста облека за целосно пресоблекување и шише со водичка. Бебињата што лазат ги оставаат и надвор од креветче, па и оние кои само седат со играчки околу нив. Не се постојано во креветче. Им пеат, им пуштаат музика, седат со нив на под и ги занимаваат. Зборам за градинка во Центар каде што ми одеше и големата, а сега и малиот. Кажуваат дали јаде, спие, како и дали се навикнува и дали има некакви проблеми. Пред да го запишеш ќе ти дадат апликација да пополниш и со останатите документи да им однесеш. И за двете деца имав проблем со запишување, во неколку градинки аплицирав, секаде бараа врски, секаде ми вадеа папка со апликации и список на чекање. Инаку адаптацијата трае 15 дена.
Ништо веќе нема логика Од една страна треба да се заштитат и тие и да седат дома, а од друга, би требало да се заштитени со тоа што не доаѓаат невакцинирани деца. Најди го крајот.
Мајки што да правам не ми ја примаат малата во градинка а морам на работа да почнам многу деца имало на чекање???
Забраната не е дека се невакцинирани туку забраната е да се заштитат СИТЕ. (Или пореално за да се потрошат вакцините.) И 9 месечно бебе може да се зарази од морбили затоа не треба да оди, затоа е забраната. Да го прашаш шефот или газдата тие да се јават во управата на градинката. Да се обидеш да најдеш врски. Да прашаш во повеќе градинки. Да прашаш во приватна градинка. Да најдеш жена за чување.
Да и за малите важи. Не им наоѓам заметрка на градинките воопшто, зошто тие само почитуваат закон. Ама дека ќе ме убефува некој дека ммр може да се стави и на бебе од 6 месеци(дека епидемија имало), некако ми е премногу. Кај малава во група се 4 деца(вакцинирани). Другите, никој не сака да вакцинира сега. Може сум глупа, еве не знам. Ама нели повеќе ќе се проширеше епиермијава до сега на толку невакцинорани деца? Коа па ќе слушнам муабет, ете сега нек одмараат восшитувачките, коса ми се крева, ко они да излегоа на тв и да кажаа забрана ставаме. Него како е со нови случаеви?? Деновиве има? Мајка ми ми спомна вчера имало нови, не бевме тука па не сум у тек.
Градинка, да, затоа што таму е сигурно, моментално дома ми е со жена и не дека не и верувам, туку не сум слободна како кога е во градинка. Ми прати жената слика, не ми личи весел, а кога ми праќале негователките секогаш бил весел и насмеан. Ако месец дена не можеш да локализираш епидемија, значи се шири и надвор од градинките, џабе фрката. Што кога децата седат дома, ете пак има случаеви нови.
Ама до кога вака? Цел меец дома, вчера 3 нови случаи, и пак уште 15 дена од нив? Досега 70 заболени, дете збессна дома, не можам да вакцинирам, кашла
Демек невакцинираните се проблем, а седат дома, а нови случаи има. На кого мачкаат очи не знам. Да се разбереме, не ги обвинувам градинките туку оној безрбетник што им наложи ваков глупав став и ќе мења закони. Јас разбирам епидемија, се става под контрола за 2-3-4 недели и децата се враќаат во градинките, а не вакви небулози.
И да нема забрана за нив е најризично. Фактички најпогодена група се најмалите. Над 2 год и не е толку страшно. Не дека МОРА да значи дека нешто ќе му бидне ама поголеми се шансите..
А како да стават епидемија под контрола? Не можат да спречат или да наредат на родителите да не ги носат во игротеки/молови/јавни собири/приватни дружби ... Ако нема забрана делува како да се поддржува или прифаќа колективно ширење, оти сепак, не е исто. Мислам дека ќе беше далеку поголем бројот доколку се посетуваше градинката.