Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Мене ако ме прашуваш и вакцинирани не треба да одат. ПОмали се шансите да фати ако има вакцина, да, ама ако фати и мајката има бебе дома... и му однесе и на него...
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.005
    Допаѓања:
    37.248
    Пол:
    Женски
    А кој ако не невакцинираните? Колку проценти од заболените се невакцинирани, а колку вакцинирани? И после не ширеле епидемија невакцинираните :^) Не ич!

    Јас сум фрустрирана што слушам дека примаат деца тазе вакцинирани. Не може така. Бар 10 дена да седи дома по примањето, ем за имунитетот на детето, ем затоа што може да е инфицирано и да го примат во градинка па да шири инфекција понатаму.

    Не знам како може да ви смета ваква мерка? Што предлагате? Кое е вашето решение? Да пуштаат невакцинирани во градинка и сите да се испозаразат? Штом сега, кога не примаат невакцинирани има континуирано нови случаи, можете да замислите што ќе се случи ако и невакцинираните одат во градинка?!
     
    На JoyJoy, DAngel, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.944
    Допаѓања:
    203.235
    Пол:
    Женски
    Има нови случаи, затоа што уште трае фазата на инкубација од предновогодишниот период. Инкубацијата на морбилите трае од 14-21 ден, така што, ако периодов нема нови случаи, најверојатно нема ни да има повеќе. Сега ќе се чека барем 21 ден од овие нови пријавени, ако не се појави, нема ни да има нови. А ако овие последно заразениве се движеле на јавни места со голема фреквенција на луѓе (а знаејќи дека родителите носат постојано деца по молови, особено во зима и околу празници), тогаш има големи шанси да има нови случаи.
    Инаку 2010-2011 имаше над 900тини случаи на ниво на град Скопје. Па не се крена ваква паника.
     
    На Dust, TarantulaA, karak и 2 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.005
    Допаѓања:
    37.248
    Пол:
    Женски
    Не е 7 до 14 дена инкубација?

    Ти дали би однела невакцинирано дете во градинка?

    Не знам зошто немало ваква "паника" во 2011, ама е сосема оправдана. Крајот уште не се гледа, којзнае со колку заразени ќе завршиме. Плус, ако не беше забранава за во градинка сигурна сум дека ќе имаше далеку повеќе случаи отколку во 2011, со оглед на тоа колкав е процентот на вакцинирани :^)
     
    Последна измена: 21 јануари 2019
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.944
    Допаѓања:
    203.235
    Пол:
    Женски
    Во просек да, ама има случаи каде што болеста се активира после 21 ден од контактот со заразено лице.
     
    На gjoker4e и LiliBoz им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    37.681
    Пол:
    Женски
    Нема ли удел и "присилнава" вакцинација?
    На пример пет деца чекаат ред за вакцината од кои едно е веќе заразено?
    Не требаше ни да се вакцинира воопшто периодов!
    Или сабајле на вакцина, а вечер во мол, утре сабајле во градинка. Нема логика!
    Според мене поради овие две работи се шири "епидемијата".
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Тазе вакцинирано дете со вирусот во себе неможе да го пренесува вирусот и да разболува други. Да можеше, не само сега, постојано ќе имавме заразени од некоја болест против која се вакцинираме.
    Повеќе штета има за детенцето што е тазе вакцинирано да се пушти во градинка со "нападнат" имунитет.
     
    На JoyJoy, fana, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.431
    Допаѓања:
    183.922
    Пол:
    Женски
    Тогаш и вакцинацијата ќе ја изгубеше својата поента. Впрочем, зошто би се вакцинирало, ако секако болеста се пренесе?
     
    На Dust, duffi, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.803
    Допаѓања:
    40.362
    Пол:
    Женски
    Точно. Некои воопшто не се информирани дека вирусот во вакцината не може да предизвика болест и да ги заразе другите, туку само го поттикнува имуниот систем против самиот вирус.
     
    На JoyJoy, fana, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Предизвикува организмот да створи анти-тела
     
    На forumce и Kitten им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.005
    Допаѓања:
    37.248
    Пол:
    Женски
    Не мислев дека тазе вакцинирано дете е заразно, туку дека пред да се вакцинира може да се заразило а во градинка ќе го примат и ќе шири зараза.
    Инаку, глупост е "аргументот" на антиваксерите дека тазе вакцинирано дете шири зараза (facepalm)
     
    На fana, Kitten и azelea им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.803
    Допаѓања:
    40.362
    Пол:
    Женски
    Да. Се буде имуниот систем, се создаваат т лимфоцити и памтечки клетки и кога следен пат истиот вирус влезе во организмот побргу делуваат и поблага клиничка слика има
     
    На fana и referentka им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.547
    Допаѓања:
    289.162
    Читав дека како негативно дејство на морбилите, во мали случаеви, може да се јави и осип. Но и тој се разликувал од класичниот осип кај заболени и не било заразно.
    Ова ако некои помислиле дека од вакцината детето може да се разболи. Така барем пишуваше.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.547
    Допаѓања:
    289.162
    И мене ми рекоа ако ја вакцинирам малата другиот ден може да оди во градинка. Не ми беше логично.
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.005
    Допаѓања:
    37.248
    Пол:
    Женски
    Во случај кога нема епидемија и не е период на вируси, може и може да оди. Ама сега во ек на епидемија, јас не би...
    Еве ќерка ми 12 дена откако е вакцинирана уште не сум ја пратила. Ќе одиме денес кај матичната, па ако е се во ред утре ќе оди.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Во упатството пишува да седи дома дете.
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.547
    Допаѓања:
    289.162
    Да, се сложувам.
    Мене ми беше чудно што заболените до вчера биле измешани со здравите, сеедно вакцинирани или не.
    Пологички би ми било, макар и сега во меѓу време веќе вакцинирано детето, да седи дома додека не помине периодот на инкубација во случај да се заразило пред примање на вакцината.
    Уствари најдобро после периодот на инкубација да се вакцинира доколку било во директен контакт.
    Комплицирано ми е...
    Се изреволтирав тогаш искрено.
     
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    37.681
    Пол:
    Женски
    Тоа е најголемата грешка периодов. Што денес се вакцинира, а утре се праќа во градинка. Што ако се заразило вчерата/ дента? Треба да се почека до 21 ден би било најдобро па да тргне во градинка. Кога има епидемија. А кога нема не знам зошто не би продолжило веднаш во градинка освен за свое добро бидејќи ќе има намален имунитет.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.547
    Допаѓања:
    289.162
    Кај мене министерството за здравство ми ја даде оваа препорака.
    Ваљда е општа практика секаде.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.431
    Допаѓања:
    183.922
    Пол:
    Женски
    А од каде знаете дека ги праќаат тазе вакцинирани? Еве во групата на ќерка ми, ниедно дете не е тазе вакцинирано и нареден ден да го пратиле во градинка.