Не знам. Само кажувам како они мене ми викаа. Како што читам тука, повеќе мајки ги чуваат во изолација и пазат и пред и после вакцина, ради имунитетот.
Кога малата ја прими ММР, докторката Венера од одделението за вакцини во пол.Букурешт ми рече да не ја чувам дома, да си тече се како до сега, но да кажам на воспитачките дека примила вакцина, ако приметат нешто невообичаено да ми јават.
Не, зборам дека тврдат дека мајки ги праќаат нареден ден. Во групата на ќерка ми, сега се вакцинираат децата и сите седат дома, сѐ уште не одат во градинка. Настрана од препораките.
Знам дека многу ја почитуваш венера но јас сум крајно разочарана од неа. Здравје на пролет ако испадне може да прими мпр планирам баш пред лето да боцнам зашто нели не може лето. Барем знам нема настинки тогаш и помалку стомачни вируси кружат.
По крвна слика детето беше чисто. А беше термин предвиден за да се прими таа вкацина. Немав причина зошто да ја одложам а како таа ми објасни на кратко немаше причина и дома да го чувам детето 14 дена. Јас и верувам. Повеќе пати кога сум и се обратила за совет и мислење испаднало секогаш како таа тажала. Можеби има некој и негативни искуства - незнам. @danichap да.Немаше епидемија.Мрсул-вирус имаше.
азошто те разочара? и јас сум задоволна од неа. Инаку јас моето во јули го вакцинирав,топличко надвор ама дома нели клима и недела дена пред тоа не го мешав со луге да не ми фати некој вирус.Супер поминавме.
Двете деца ми се вакцинирани, па после примена МРП вакцина ниту матичниот педијатар, ниту докторите во диспанзер не ми рекоа да ги чувам во карантин децата. Ако се вакцинира на време и нема епидемии и вируси, тогаш нема потреба да се чува само дома во изолација детето. Ова не го кажувам јас, туку докторите. Кај големата кога имаа систематски и примаа ревакцина од МРП, не ги пуштија после тоа дома, туку се вратија назад на училиште и продолжија со настава. Од наредниот ден функционираа најнормално. Инаку, малиот е вакциниран во лето зошто нема ограничувања од годишно време за примање на вакцината. После некој ден тргна во градинка најнормално. Сега се препорачува седење дома неколку дена после примена вакцина поради епидемијава.
Do Kade sme so epidemijava koj den ima posledni registrirani? I nekoj go interesirashe nacin na oblakanje soblakanje na deca i pienje voda. Seto toa zavisi od gradinkata koj pravila gi ima postaveno direktor. Kaj sinko pijat od edna casha sekoj ima po edna casha od koja pie podolg period. Ne mi se se dopaga no najverojatno vnimavaat na higienata. Kaj sto rabotam jas casite se na masa koj koga saka pie frla...
Не постои доктор од кого сите се задоволни. Ете некаде нема да се покаже баш баш и тоа е тоа. Мене ме разочара поради неинформираноста нејзина. За некои работи како од марс да беше. Јас зборам а таа се чуди а треба обратно да е.
Мaјки здрaвo. Бебетo ќе требa дa тргне вo грaдинкa пa ме интересирa кaкo им е рaспoреденa хрaнaтa. Oднoснo вo кoлку чaс е дoручек,ручек. Инaче прaшувaм зa јaсли,9 месеци бебе. Пoздрaв
Во упатството што прочитав кај пријателка од вакцината која ја боцкаат кај нас. Јас сеуште не сум била и не знам, ама лично со свои очи прочитав и не не ширам паники туку така пишуваше во упатството. Ќе ја замолам пријателката да ми прати слика да ви постирам ако не ми верувате.
Не знам ама прв пат слушам дете дека не смее во градинка по примена вакцина.Синко од доктор отиде во градинка. Зборам за во Германија. Никој не ми кажа дека треба карантин по примена вакцина. Примал до сега најголем дел од вакцините освен ммр и менингококи.Иако се мислам дали е правилно и неа да ја прими. Во ред е да се испита крв на дете пред вакцина,ама некако многу ми се гледа комплицирано со овие карантини што ги пишувате.Пред вакцина,па после вакцина.Па кога тоа дете да оди во градинка.Треба дома да се чува додека прими вакцини. Јас колку што се сеќавам доаѓаа во училиште и не вакцинираа сите по ред. Нит крвна слика ни карантини и си продолжувавме со наставата истиот ден како ништо да не е. Мислам дека малку и се претерува.Ајде да речам карантин пред ако има епидемија.Ама не е за епидемијата, само по македонски форуми наидувам на вакви мислења.
значи со петни сили се трудам да не ти комемтирам...ама какви да не речам глупости тресеш..Па дај прогуглај пред да пишеп и да се изрезилиш.. Ниедна вакцина не е од жив вирус...ММР е малку поразлична од другите но и тој вирус не е жив жив,него компопнемти се зимаат. Ако има микробиолог на форумот,може убаво да објасни Јас лаички кажувам,но во никој случај не е жив вирусот.
Ангела ммр е со можност за да даде реакција,ама немаме тука препорака за изолација.Сто посто сум сигурна.Е, сега ако детето качи тт секако не смее да оди во градинка.Значи се вакцинира,ако остане еден ден дома и после си оди нормално на градинка. Ќе речеш не си вакцинирала од кај знаеш.Па од сите дечиња кои ги познавам само моето не ја прими до сега ммр.И сите си одеа норнално во градинка. На децата им треба повеќе игра на воздух него чување во изолација. Според мене така се гради имунитет. За зелени мрсоли се зема крвна слика во Македонија.Моето цела зима му течат зелни мрсоли не сум го однела на доктор не знам од кога.Додека не ми качи тт над 38.5 нема доктор.Фала му на Господ лани вкупно само 10 дена беше болно,баш се јавив во осигурањето да споредам колку денови имаме со мм земано за болно дете. Ама секој ден е најмалку 2 саати надвор од градинка и тоа на минус тт.Спијат надвор во кампинг вреќа.Тоа е доволно за децата да изградат имунитет.
Ко што си ти лаик, и јас сум, ама јас читам и се консултирам. Баш ова ми го рече во петокот докторката со која се консултирав за детево мое, од детска клиника. Ако мене докторката ми дала погрешна информација ти ја давам и јас тебе, јас од гугл не сум се информирала никогаш! Продолжи да ме прескокнуваш!