1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    Мислам дека препораката е само во тек на епидемија, бидејќи детето било невакцинирано кога избила истата.
    Околу 2 недели треба за да се создадат анти тела? Па во тој период, ако другиот ден после вакцинирање се врати во градинка, сеуште нема заштита.

    Е сега ако баш во групата на детето има некој вирус од типот на рота или слично, родителот можеби ќе го остави некој ден дома. Претпоставувам...
    За генерална препорака за карантин и јас прв пат слушам.

    Ако има некој упатство нека постира.
     
    На TarantulaA и An-na им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да не биде бидејќи на ваква битна тема мешаме баби и жаби. Место да бидеме едногласни и да речеме застанете со оваа лудорија, се испоотрувме масовно во државава, вие напаѓате со беспотребни мерки. Јас сум лаик, ама јас сум лаик кој на јогуртот дува бидејќи пликот од млекото го пече во душата. Јас прва ги поддржав градинките во оваа иницијатива, ама не значи тоа дека треба без никакво известување да играат мајтап со илјадници родители. Нела свика родителска, нека ме викне лично министерот ќе отидам и ќе го прашам, а не вака. Моето дете е мало и божем не разбира ама во ретките моменти кога го изнесуваме надвор не тегне кон градинка, како да му објаснам дека е стигматизирано од малоумници кои мислат дека е зараза за општествово додека редовно вакцинираните продолживаат да одат во градинка па во мол па во игротека и заразата се шири а никој не гиба игротеки и молови оти тие носат пари, не на нас, не на државата, ама што е битно сине, ти не си никој и ништо во државава. Е затоа од петни жили се трудам да си отидам од државава, јас, најголемиот локалпатриот, јас сакам да фатам џенем од државава. Нека е меркава каква што е, ама зошто присилна и насилна вакцинација? Зошто? Остави ме сама да одлучам како што одлучувам дали парацетамол или далерон ќе купам, како што одлучувам јабучар или кочански црвен стара сорта патлиџан ќе купам. Ако се невакцинираните закана тогаш затвори ги сите игротеки, молови, нели е епидемија, ова од една страна пази го ама од друга баш ти е гајле на крај за тие деца, бизнисот да си врви. Ме боли што место да тргнам месецов детево на одмор да го однесам море да види, јас ќе двојам за жена да платам и плус ќе си платам градинка за кога ќе помине лудилово да се вратиме во градинка. Јас нашата градинка денес сто пати ја благословував, моето дете таму среќно беше, денес видов тажно дете бидејќи го оставив со непознат човек дома. Моментално моето дете не е закана за никого, поздраво не било никогаш, варичела помина ко од шала, а седи дома оти има болни умови на битни позиции во државава на кои побитно им е џепчето да им се згрее.
     
    На Schwanger и Цвет88 им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Почина Венера вчера :(
    Извинете што сум офф
     
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Де бре од што
     
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    А ти сериозно мислиш дека во други држави би ти примиле невакцинирано дете во ек на епидемија? :^)
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Упорно продолжуваш да пишуваш глупости во темава (facepalm) Какви зарази шират вакцинираните кажи ми те молам? Знаеш нешто што ние не знаеме? Процентот на заболени од морбили кај нас кои се вакцинирни колкав е? Наспроти заболени кои се невакцинирани? 0:100?
    За заштита на твоето дете е мерката, не затоа што не ти го сакаат детето. Аман!
     
    Последна измена: 21 јануари 2019
    На Sexybaby86, bella24, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @TarantulaA од жив вирус е Ммр вакцината. Затоа има период на инкубација од 7-14 дена, за разлика од вакцините што не се живи. Ослабен доволно за да предизвика создавање антитела, а да нема интензитет како вирусот. Type+of+Vaccine+Disease.jpg
     
    На TarantulaA, forumce и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Не ми ја разбирате поентата и нема да ја разберете. Џабе се трескате од земја и мене ме праите малоумна и проста и не знам ти каква.
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Е која ти е поентата де? Освен што шириш дезинформации :?:
     
    На Lianna Anna и ivi1987 им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Леле каде отишла диксусијава.

    Ова анти-ваксерско лоби во Македонија созадава паника, па де биле стигмаитизрани па де ова па де она.

    Правило е кога има епидемија во сите земји за да се заштитат невакцинираните тие да не одат во градинка. Еве нека пише @danichap за Германија. И тоа за варичела која е далеку понесериозна од морбили.

    Нема мешање на невакцинирани за да се заштитат невакцинираните од вирусот. Не е за инает на некој што невакцинирал. И тука не е битно зошто е детето невакцинирано. Не се меша за да не го фати вирусот. Просто е попросто не може да биде. Еве и сега сите заразени се навакцинирани. Денес има нов случај на едногодишно бебе.

    Да ни беше нивото на вакцинација над 95% како што треба да биде тогаш тие што навистина не смеат да се вакцинираат ќе можеа без проблем да одат во градинка, зашто ќе имаше колективен имунитет.

    @AngelOfArh еве упатство на вакцината со се клинички истражувања и следење и никаде не пишува дома да се седи по вакцината. https://ca.gsk.com/media/591220/priorix.pdf. На англиски го најдов поопширно со сите клинички испитувања.
    Еве го на македонски https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/dru...4F9720CDF.app4mojtermin?t:ac=detailview/56260

    И на двете пишува дека не се пренесува никако вирусот после вакцина. Еве извадок од македонското упатство.
    upload_2019-1-22_11-38-4.png

    Другите што прашуваа за градинка и запишување.

    Јас немав проблем со упис во градинка. Немаше листа на чекање и слично. Само што јас запишав дете во Март за да почне во Септември во општина Карпош. Знам дека Центарските градинки се оптоварени и со листи на чекање и бодување и слично.
     
    На Sexybaby86, Lolipop23 и An-na им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Го имам линкот, од дома ќе го прикачам, ама да, тоа е. Извини ама јас тумачам дека 7 до 28 дена е тој така наречен период на инкубација по наше, иако во упатството пишува дека нема досега појавено случај, што не ми значи ништо бидејќи кај нас никаде не се признаваат од родителите реакциите од вакцина, дури ако дојде до судска пресуда како кај девојчето од Кочани се потврдува како несакана последица од вакцина. На клиника ги водат како вирусче.

    Мојата поента е дека сакам транспарентност, да знам што и како боцкам, а не да ми кријат кутии со поминат рок и да не дозволуваат увид, јавно го кажаа тоа на прес, не е рекла казала муабет. Дај ми да бирам меѓу Глаксо, Максо, Торлак, Морлак и ќе си одберам помалото зло и ајт чао пријатно, а не да ме тераш во период на епидемија да боцкам дете со исти вирус и да ми стварам хорор во животот.

    Да не се оди повеќе оф топик, темава се градинките. Признавам дека и јас забегав и моментов ми е многу тежок, имам многу собрани проблеми на глава и ова ми е една од најголемите маки моментално. Во нашата градинка нов случај освен тој пред 1 месец нема, значи слободно може да прекине оваа шарада.
     
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Чекај малку ти ставив и упатствпо на наглиски од Канада. Овиер студии и пријавени нус-појави се на светско ниво. Не се од Македонија. Упатството е преведно од англиското. Ама ОК. Еве на ништо нема да веруваме. Сите се лоши, цел свет. И сите лажат.
    И да темата е градинки.
    И не епидемија не се отпрогласува само на ниво на една градинка ако таму немало случаи. Има протоколи од Светска Здравствена Организација како тоа се прави. Ама пак ОК. И тие се лоши.

    Само и јас забегав. Се извинувам. Темата е градинки.
     
    На Sexybaby86, ivi1987 и An-na им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Да точно е дека е жива вакцина. Ама е неактивна, нема вируленција, не може да предизвика болест, туку е направена така да само го поттикне имуниот систем да создава анти тела.
     
    На Lolipop23 и fana им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Да, рекоа дека секако ќе чекале 4 недели после последниот случај, значи има уште долго.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Упорно бројот си се зголемува, а деца не одат у градинка, плус не знам таму колку вакцинирани сега...
    Не знам, не ми е верно ова. Секој ден по 4 нови.
    Добро бре, па кај факаат?? Значи дека родителиве баш ги заболе и ги носат децата кај стигнат. Игротеки, молови...
    Ете ја на роденден не ја однесов. Ни во маркети не ја носам.. седи дома и се меша само со деца што се дома. Може и јас грешам, ама ако не ги носиме во градинка ради нивна сигурност, логички ќе си седи дома во изолација.
    Од кај се новите случаеви?? Знаете?
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Чаир и 2 центар
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Оооооо, извини докторке :D
    Да земат сите што учеле медицина (епидемиолози, имунолози итн) да искинат дипломите. Што знаат они :?: кога еве има мајки “упатени” и “начитани” со еден куп “искуства” собрани низ интернетов кои знаат повеќе (facepalm)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Терајте си, уживајте кој како знае, не мора да се расправаме по форумов, има многу поважни работи од тоа во животот. Само за твоја информација, во Германија не се задолжителни вакцините и деца невакцинирани си одат во градинка. Само во 10 држави е задолжителна вакцинација и еј види, тоа се на Балканот, ама што е битно, што знаат па во Германија. Моите искуства се собрани секаде освен на интернет драга моја!
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Да, знам за Германија и останатите европски држави. И замисли, имаат 95% на вакцинираност! Да се чудиш! Најверјатно оти се далеку поедуцирани од нас и не можат лесно да ги прелажат квази-експерти како тука ;)
    Прашај ја @danichap дали примаат невакцинирани деца во градинка кога има епидемија?
    Ајде кажи предлог како да се постапи во ситуацијава? Да се примаат деца најнормално? Знаеш ли ти колку заболени ќе има во тој случај? Штом сега има 70, тогаш колку би биле?!
     
    На Sexybaby86, fana и DAngel им се допаѓа ова.