Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Katerinasarkis

    Katerinasarkis Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Децата и градинките...

    Jas imam najloso iskustvo i od gradinka i od se so moevo dete. Za prv pat vo gradinka ja prativ na godina i 5 meseci vo Bubamara vo Novo LIsice, kade edvaj najdovme mesto ama za golema steta sekoj mesec mi se razboluva i toa ne samo od gradinka tuku odkako e rodena e sekoj mesec so sirupi. Imala i Konvulzii febrilni toa e napad na mozokot pri visoka temperatura. Edni doktori mi vikaa da ja nosam vo gradinka a drugite da ne ja nosam. Sega vo momentov sedime doma i go plakame mestoto zasto na drugoo mesto nemozam ni mesto da najdam. Neznam so da pravime sekoj emsec sme so temperaturi a baska e i alergicna na prasina. Ja nosam na ispituvanja pa ke vidime so ke se sluci. Ako slucajno deteto premnogu vi se razboluva da znaete deka decata od gradinka imaat golemo vlijanie vo toa zasto ima roditeli koi ne se odgovrni i gi prakaat bolni taka se prenusuva bolesat na drugo dete i taka site se razboluvaat. Pozdrav :tmi:
     
  2. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Децата и градинките...

    Ве молам јас сакав да прашам дали некој слушал
    за некоја приватна градинка на Кале
    било многу убаво
    ама не знам како се вика градинката
    и немам телефонски број,
    оти сакам да го носам детето,

    слушнав само дека се плаќало 5000ден. месечно и мн. убаво
    ако некој знае нека ми пише!
    поззз.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.956
    Децата и градинките...

    Немој да ја наоѓаш причината само во градинката...Зарем дома ако седи ќе биде детето цело време здраво?И дома се разболуваат. Бактериите и вирусите се околку нас во воздухот и при паднат имунитет тие напаѓаат.Така да не важи само дека од човек на човек се пренесува инфекцијата во воздухот е и се вдишува.Јас мислам дека тоа е кај секое второ ако не и кај секое дете,немаат јак имунитет затоа што се сеуште кревки и во развиток, меѓутоа веќе не живееме во чиста средина со чист воздух.И од тука се алергиите и инфекциите.Треба да и зајакне имунитетот за да биде поотпорна на болести.Уште еднаш, не ја наоѓајте причината за разболувањето на децата во градинките.
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.146
    Рената,
    Првпат слушам дека на Кале има приватна градинка, а во близина работам. Јас мојата керка ја носам во приватна градинка во Ск. и цената да ти кашам е 12.ооо, оо ден.месечно. За 5.000,00 ден приватна градинка малку ми е чудно, бидејќи пред да ја запишам во оваа ги разгледав скоро сите приватни градинки во Скопје. Најевтина е таа на Рузвелтова околу 8.000,00 ден. но на се личи само на градинка не. Ако дознаам нешто за оваа на Кале ќе ти пратам порака, и мене ме заинтересира.
    Поздрав
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    46.689
    Децата и градинките...

    И моите се разболуваа, и тоа со пневмонии, сатнати уши, па ставање дијаболи... во Козле веќе инвентар сме.

    Ги запишував секоја година, ама се откажав после некое време. За едното дете еден куп доктори ми кажаа да не го носам до 5 години. Другото одеше една недела, па 3 месеци не, па пак една недела да... И плаќавме цело време за местото. А колку имав желба да одат, ама не им тргна. Сега ми е криво што толку инсистирав. Ќе имаа по неколку пневмонии помалку...
     
  6. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Nesa koja e taa privatna gradinka vo Skopje kade sto se plaka 12.000 denari?
    Dali ke moze nesto poveke za gradinkata i kolku ste vie zadovolni?
     
  7. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    436
    пријателка моја го носи детето во француската градинка франкофони, знам дека и е во помалата група, а имаат две групи, убаво е тоа што има само 3 и пол годинки а знае француски да каже по некој збор и скоро се разбира што му зборуваш на француски, цртани филмови и наставата им е на француски, таа е задовлна а и може да го остави детето од 7 до 17 а плаќаат 7000 или 7500, јас да сум во можност здравје боже и јас би го носела во приватна ем се помалку деца вио група, ем ќе научи нешто не е само трати го во градинка и што сакат нека му прават
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.804
    Пол:
    Женски
    Лина не се согласувам со тебе .Може навистина градинката е совршена и посебна, ама 7500 ден.Од друга страна и детето мое иде во градинка, во група се 16 деца и имаат секој ден разлишни активности, цртаат,бојат, моделираат, учат песнички и приказни. Не е така, прати го во градинка и што сакаат нека му прават? Па која мајка така размислува? Моето дете оди само 4 месеци и веќе гледам напредок, многу е посамостојна, посамоуверена, покултурна, цело време само нешто си пее, сама се заигрува и кажува - мамо учителката рече ...и ќе каже некоја мудрост.
    Да, во почетокот се разболуваше, но и дома лани кога седеше истото и се случуваше, седи дома нема контакт со други деца а болна е.
    Јас сметам сега за сега и е добро ,задоволна сум и од учителката и од негователката.
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.146
    Градинката се наоѓа над Кочо Рацин кога се оди накај Панорама, од десна страна, зелена куќа со огромен двор. Се вика Лилипут. Јас бев презадоволна од грижата и програмата која ја имаат за дечињата. Работното време на радинката е од 7-19 часот. Ако те интересира уште нешто прашај слободно.
     
  10. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Кај нас сите одевме во градинка. И јас, и брат ми и братучедите. Многу ја сакав градинката и обожавав да одам. До ден денес кога ќе се потсетам се радувам. А со тетката :D што ме чуваше и сега кога ќе се видиме се гушкаме. Мислам дека децата градинката ја засакуваат од воспитувачката. Мојата беше многу добра и сите деца ја сакаа. Но имаше една која беше ... За да ги успие децата ги покриваше со чаршавот, им ги спушташе ролетните и им се дереше. Тоа многу влијае. Но детето дома со мајка му и татко му, со бабите сигурно нема да се изнаигра како во градинка. Таму има многу интересни играчки, а и друго е играњето со дете колку тебе, а друго е со мајката.
     
  11. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    183
    Lina24, не знам дали имаш имаш искуство со државни градинки и зошто имаш нгативно мислење за истите. Моите деца одат во државна градинка, секој ден цртаат, учат песнички, гледаат цртани, играат игри. А англиски ќе почне да учи од септември. Државната градинка работи од 06-18 часот. Јас искрено сум многу задоволна зашто воспитувачките се ептен фини и моите деца ги сакаат. Особено поголемото кое знае да зборува ми вели дека Оливера (воспитувачката) многу си ја сака и дека и е другарка. Имаат убави играчки, нови, чисто е, јадат свежо припремена храна.

    Искрено бев во Лилипут службено и градинката не е лоша, ама со оглед на тоа што е речиси 10 пати поскапа од државните, очекував дека ќе биде и 10 пати подобра, што за жал не беше случај. Во нашата градинка има и м ногу поубав двор, со многу љуљашки, и паркче. Еве, на сите родители кои се мислат, им ја препорачувам градинката Кочо Рацин зад Жито Лукс,.
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    489
    Јас кога бев помала одев 2 години во државна градинка, затоа што немаше кој да ме чува. Не знам во какви услови се сега градинките, ама пред отприлика 15 - 16 години беа одлично опремени. Имавме чисти вециња со мали веце шољи и мијалници :lol: Храната секогаш беше убава и се сеќавам дека едвај чекав да ни дадат цвекло за ручек! Имавме и прибори за цртање, боици, блокови, ножички и слично. Убаво не воспитуваа, не учеа на хигиена и педантност. Си имавме посебни шкафчиња за нашите работи и преспивавме после ручекот, а пред да си одиме дома ни даваа десерт. Моите не зажалија што ме пуштија во градинка, бидејќи јас бев доста повлечена, а таму почнав да се дружам и да се социјализирам. И ден денес имам 3 другарки од градинка со кои сеуште се дружам. :)
     
  13. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.337
    Леле јас никогаш не би пуштила дете во градинка. Јас од јасли таму до забаваче одев, и сеуште ми текнува на мирисот на градинката. Како сум плачела секое сабалје кога ке ме носеа во градинка до бесвест, и уште еден час плачки во ќошот од занималната по мајками. Имав така лошичка негователка, и никогаш не сакав да спијам и да јадам, и се сеќавам колку многу ми викаше :sweat: Имавме боенки, приборчиња секакви, и убаво беше кога си цртавме, си игравме, нормално и јас имам и ден денес другарчиња од градинка, но секогаш кога ке се потсетам на градинка едно неубаво чувство што ми иде, и затоа не би оставила дете таму. Башка мене секогаш покасно ме земаа зафатени со работа, плачки плачки, и сега ми се плаче кога ке ми текне :D
     
  14. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Dali nekoj ima iskustvo so detskata gradinka Pinokio vo centar? Mislam deka e klon na Korcagin

    [mod-kirilica:33jific1][/mod-kirilica:33jific1]
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    46.689
    Јас немам искуство со Пинокио, ама имам со Палешка, исто така клон на Корчагин. Палешка е многу мала градинка (се наѓа во кулите во ГТЦ и има само две групи), па за сите приредби децата ги носеа во Пинокио, и колку што сум ги видела, добри се, а и децава задоволни беа. Генерално мислам дека сите клонови на Корчагин се добри - не сум слушнала некој да се пожали. Јас од Палешка сум многу задоволна.

    Туку јас сега сум во тешка дилема. Малиот ми е алергичен на домашна прашина (бронхијална асма му е дијагнозата), и многу често добива пневмонии. Беше запишан во градинка, ама неколку лекари, т.е. сите што ги консултирав ми препорачаа да го отпишам. Работата е што кога ќе се разболе од најобична настинка, веднаш добива пневмонија, а тешко му се лекува поради алергијата, па аргументите беа дека ако не се меша многу со деца, нема да се разболува и ќе го зајакне имунитетот.

    Сега веќе има 4 години, и страшно, ама страшно многу му фали социјализација! Сакам да го пратрам во градинка, ама кога ќе се сетам на пневмониите - а сега веќе 6-7 месеци немал зошто е дома, уплав ме фаќа!

    Има ли некој слично искуство? Совет? Што било што ќе ми помогне да се решам...
     
  16. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    ooooooo navistina ne znam sto da kazam okolu problemot koj sto go imate, no i nie ne sme nisto podobri
    prv pat pocnavme vo gradinka vo septemvri(na 3 godisna vozrast), a od dekemvri veke sme doma poradi toa sto so mala nastinka odma doagavme do bronhit,prviot pak nekade noemvri imavme pocetna faza na bronhot,samo sto ozdravevme i pocnavme pak vo gradinka zakacivme bronhit so opstrukcija(so upat za vo bolnica) i maticnata ni preporacuva da sedime doma zimovo za da ne dojde do nesto poloso. i sega sme doma pa razmisluvame za pocnuvanje vo gradinka na prolet so toa so zainteresirana sum za Pinokio bidejki imas slusnato dobri preporaki(no sepak i na forumov si prasav za iskustvo)
    Samo da napomenam odevme vo privatna gradinka i stignavme do tuka(bronhit) i se plasam sto bi bilo dokolku se zapiseme vo drzavna kade sto ima poveke deca vo grupa...
    Ne znam sto ke pravime ponatamu
    Dajte nekoj sovet mamicki od forumov :)
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.674
    А кога веќе имате пари за давање за приватни градинки, најмете си бебиситерка.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    46.689
    Розалија, ако имало детето опструкции не е лошо да проверите дали има некоја алергија. Многу често опструкциите се поврзани со алергии на домашна прашина, полен и слично.
    Во тој случај можеби подобро би било да не оди во градинка уште година - две.
     
  19. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    A sto mislis koj go cuvase pred da pojde vo gradinka? :D
    Za da se davaat pari po privatni gradinki mora tie pari da se zarabotat :rofl:
    Ista suma davavme i na bebisiterkata i vo privatna gradinka :)
    Se odluciv za gradinka poradi socijalizacija
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.674
    Јас да можам да бирам помеѓу градинка и чување дома, би одбрала дома.
    Пред да појде прво одд, ќе го пратиш таа година во градинка и мислам дека би била доволна една година да се социјализира.