Колку смешно мислење сум прочитала богата наследничка жими мајка. Нема врска што зборувате. Нормално е дека пелените и сите други трошоци се наплаќаат, и нормално е дека имате големи трошоци. Но не морате секое дете најскапо да го облекувате и најскапите шишенца и наскапа храна да ја јаде, неморате да се преценувате. Да си направите една убава пресметка дали ќе ви стигне една плата од 250 евра ( пример) за цел месец во време кога ќе бидете мајки па да ми пишете. Па вие купувајте си памперс пелени плаќајте си градинки и после на стари години зошто детето ми е невоспитано и безобразно и разгалено. Него има мајки неможат да си го скратат кафето во град кое им е побитно па затоа велите парите не растат на дрво. Една вистинска мајка ќе си жртвува себе си и кафе и се ама детето ќе има. Ќе се стиснете малце и ќе имате и ќе ви стигне една плата. А вака тролајте си дека не може, е не може секој ден нов партал купувајте, секој ден нова играчка, секој ден нов телефон или секој кафиња по град, неможе затоа имате право да кажете не ни стига една плата. А знам дека секоја мајка сака да му овозможи се најдобро на своето дете и да не му фали ништо, но претерано е секој ден да ги опсипувате со играчки и подароци и се. И колку сакате не се согласувајте со моето мислење јас се држам на тоа дека мајката може детето да го остави кај баба му а не во градинка. Бебе од 21 месец не се остава во градинка. Факт. А инаку не сум мажена ама доволно сум едуцирана и запознаена со овие проблематики. Јас ако треба ќе се скратам од многу работи ама мое дете до 6 години од раце нема да го испуштам. Криво ви е што сум во право не си признавате па си пишувате смешни и плитки мислења. Многу е лесно да чуваш дете, а да сигурно роди го и остави го во градинка и колку да се пофалиш имам синче во градинка ми е 21 месец е. Боже сачувај!
Јас сеуште немам дете но наскоро (со господ напред) ќе се породам и кога ќе дојде време да одбирам попрво би го однела детето во градинка отколку да го оставам на бабаму да го чува. Како прво затоа што гледам дека од неа ништо паметно нема да научи, детето на золвами кое е многу бистро дете таа го научи да покажува шипак, да кажува каде му е к.рето, неколку пати пред мене му се има развикано а и кренато рака да го удри само затоа што ќе заплаче. Многупати му има рече ко демек на шала да си оди одма дома фактички го брка и слични некои ситуации, па затоа пред некое време детето се жалело на таткому дека не ја сака бабаму бидејќи она го тепа. Во градинка барем ќе го научат песнички, игри, ќе се дружи со другарчиња на негова возраст ќе биде посоцијализирано. Немора да значи дека ако е дома чувано дека нема да биде тепано и малтретирано бидејќи по ова што го гледам сета навика децата прво ја учат од најблиските. Го учи да пцуе за да не го фаќале уроци, ццц го учиш да биде невоспитан а нема со тоа да го спасиш од очи. Јас уште одамна и кажав дека со моето дете нема да и дозволам да се однесува така, не викам дека ќе го разгалам да биде мамин син но сигурно нема да го тепам дивјачки, да му се дерам, да го учам да пцуе и да покажува к.р па потоа да ме срами мене пред други луѓе. Бидејќи јас се имам најдено во ситуација кога моето кумашинче 3годишно (кое патем не иде во градинка) ми рече пред 10луѓе да се соблечам за да види дали имам к.ре во гаќите, тоа не се засрами ниту пак неговите родители, само јас бев засрамена во таа ситуација и незнаев како да изреагирам
Во мнгоу стратешки документи како на РМ така и на земјите во ЕУ, ќе прочитате дека најбитен е опфатот на сите деца во градинките, односно да се зголеми опфатот на деца во градинка, пред се заради социјализација и навремено усмерување кон подобар психо-физички раст и развој на децата и создавање на здрава (психички) животна околина. На децата местото им е во градинките, почнуваќи од една година па нагоре.Елемнетот на социјализација е незаменлив со ниту една дадилка, баба или дедо.
^ Не е потребно детето од 1 годинка да е во градинка за да кажеме дека е социјализирано. Ништо не може да ја замени сигурноста и топлината на домот и најблиските за здрав психички живот на една личност, посебно во првите години од животот. Ги носиме децата во градинка на година дена затоа што мора, кои се тие статии и испитувања вистина не знам, но далеку е поздраво детето првите години од животот да ги помине дома во здрава околина нормално, не изолирано од други луѓе, отколку во градинка.
Моите деца имаше кој да ги чува. И се уште има. Но дефинитвно градинката влијаеше на подобрување на нивниот развој. Од седење дома со баба и дедо, социјализација соодветна не бива. а за истражувањата и документите, еве само еден пример од РМ да не одам подалеку во делот кој се однесува на мрежи на установи, си пишува која е целта на државата и како се очекува да се зголеми опфатот на децата во градинките....овие проекти не се правени само за предизборен маркетинг, ова се реални испитувања на потребите на системот на деткса заштита, инклузија и др.
Се извинувам што ви се вмешувам во дискусијата, немам деца, а мислењето на буба4е89 ме изреволтира и тоа многу. Веројатно ќе го пишам истото како и предходните жени, ама да си кажам Добро бе девојко, како можеш вака да размислуваш и да речиш дека мајките што оставаат и праќаат 21 месечно бебе во градинка се НЕОДГОВОРНИ, НЕ ГИ САКААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ДЕЦА, НЕ ЗНААТ ДА СЕ ГРИЖАТ ПРАВИЛНО ЗА НИВ, И НЕ СЕ СПРЕМНИ ДА БИДАТ ДОБРИ РОДИТЕЛИ. Дали знаеш дека на мајките никој не им дава толку време боледување после пораѓај, па да можат тие да си се мазат и пазат со бебето, туку ги викаат на работа. Ако случајно мајката се осмели да побара уште некоја недела, па и месец плус и врачуваат отказно решение. Дали ти мислиш дека ниедна мајка неќе со своето мало да биде дома, и таа да го чува и пази? Од каде, впрочем дојде до заклучок дека на таа мајка побитни и се работата и кариерата одколку своето дете? Добро, незнам немам видено, дали ти си мајка? Како можеш да кажиш бре дека на една мајка работата и кариерата и се побитни. Многу ги следиш ти изгледа животите на хливудските ѕвезди, ама кај нас работите стојат поинаку. На ниедна мајка не и е побитна кариерата, а најмалку работата одколку сопственото дете. Мајката се враќа на работа за да може да го ИЗДРЖУВА своето дете девојко, за да може НА СВОЕТО ДЕТЕ НА МУ ОБЕЗБЕДИ ДОБАР ЖИВОТ. Извини, ама изгледа ти имаш многу пари и незнам каков живот живееш па што си даваш за право да пишуваш дека мајката е крива што толку рано се враќа на работа. Епа не сите имаат многу пари на располагање за да седат дома и да ги чуваат своите бебиња. Дали ти знаеш во денешниот свет што значи бре да останеш без работа, да немаш работа. Родителите работат за своите деца, не за самите нив. И да, мене од 20 месеци ми носеле во градинка. Мајка ми и татко ми мораа да одат на работа. Мајка ми одсабајле немала време ни да ме облече. Татко ми се туфкал од сабајле да ме облече, спастре и среде. И некој на мајка ми да и рече дека била неодговорна мајка што не останала дома туку ме пратила во градинка? Или па баба ми требало да ме чува м? Па ќе му скокнам на тој, што ќе каже така. Незнам порано дали било подруго времето, ама јас навистина не се сеќавам бре мајки на вакви инциденти во градинка. А одев до 5ипол години. Ги сакав премногу тетките, и памтам дека добро се грижеа за нас. Не памтам да имало инциденти или да бидам повредена од некое детенце, освен ако не се потегнеме за некоја играчка. Можам да кажам дека прекрасно се грижеа тогаш за нас. Ова сега што го слушам се крстам за децата во градинките, а бев убедена дека моето дете без размислување ќе го пуштам во градинка кога ќе дојде време за тоа...нормално кога ќе имам дете
Angel.girl,очигледно нашата едуцирана и запозната со многу проблематики buba4e89,е еден пасивно агресивен трол,кај кого не работи елементарна логика.Значи во случајот кој е спомнат мајката на 21 месечното бебе е самохрана,претпоставувам бабата исто работи и градинката е логичен избор.Мајката не може да остане дома,мора да работи.Е сега како нашата драга buba4e89 очекува таа мајка да си ги плати сметките ако не работи,еве не знам,ако има идеи може да ни ги каже.Ваква упорна и непромислена персона,наместо револт може потсмев некаде да предизвика.Не очекувам дека ке сфати што сакаш да и кажеш. Плус и не е информирана толку колку што мисли дека е,на пример поим нема дека децата сега и со неполни шест години тргнуваат во школо.
Бубаче ме запрепасти твојов пост ( а и другите постови понатаму). Прво тоа што ни го кажуваш е чиста теорија, кога би било. Значи не си мајка и не знаеш како е да чуваш дете. Баш ме интересира кој ќе ти го чува детето кога и ти и сопругот ќе сте на работа, а твоите и неговите родители неможат да го чуваат. Имаш опција да го чува дома жена, ама според твоите критериуми тоа не е повторно мајка, туку некоја жена таму. Впрочем и баба и дедото не се мајка на што инсистираш ти. Од каде ќе најдеш пари да го нараниш и облечеш тоа дете? Знаеш ли ти колку чини едно дете? Мислиш дека од одрекување од едно кафе ќе го нараниш ( и тоа зборам за основни работи , не зборам за забегани работи од скапи шишиња, облека, играчки туку зборувај за најевтините варијанти на пелени, храна, облека). Очигледно е дека немаш поим од реалноста!!!. Јас работам, мм работи и се што се троши е за синко ( тој е поголем има поголеми поредби бидејќи веќе е во школо). Затоа во денешни услови невозможно е да се расте дете , без да работат двата родитела. Освен ако немаш некој спонзор. Друго решение нема.
Шо фино За тоа време додека го чуваш детето дома, парите од дрво ќе ги собираш? М? Ах бе, да му се смачи на човек од вакви "експерти".
Абе што се не ќе прочиташ и не ќе се изнаслушаш. Значи какви индивидуи се има па тоа човек да не знае дали да плаче или да смее Па уште кога ќе прочитам пуфки кои немаат допирна точка со родителски грижи,нити стапиле во брак за да видат што значи помот заедница а делат совети за деца и се мешаат во темите за брак ми се крева коса у ваздух. Дајте олабавете има теми од типот на врски,што јадевте денес,омилени грицки и сл. Па дајте малку респект,немојте одма со осуди.Зошто тоа што најмалку сакате да ви се случи ќе ви дојде до глава. Можела баба,можел дедо да чува.Не требало толку мало дете да оди во градинка?! Од каде дојдовте до таков заклучок? На било која возраст може тоа да се случи. За информација во Холандија веќе од 3 месец ги носат во јасли зошто веќе од трети месец почнуваат со работа и што да праваат оние мајки кои немаат на кого да ги остават? Најпаметно да дадат отказ за да не дојде до ова дереџе нели? На крај краева секој родител си е одговорен за своето дете,затоа и нели затоа раѓаме деца. Кој па вели дека морало бабите да ги чуваат,тие се сепак наша одговорност. Може да искочат во пресрет некогаш ама па немора да значи дека е морално да се грижат токму тие. Што се однесува до трошоците и двајца да работат во нашево државиче со овие просечни плати пак не стига за основни потреби. Али не е темава за тоа. Не дај Боже да се разболиш отидоа парчки. И слични допинг витамини. Затоа не тресете од ракав него искусете на своја кожа па дудлајте
Не е толку страшно ако мајката работи, пострашно е кога после работа трча на кафе, а не дома детето да си го види.
На темата деца и фази, цитирам мал дел од скриптата на филм на чиј дел се имам самата насмеано. Насмејте се или нервирајте се ако морате, само не пукајте по гласникот. Change-up, the script ... Dave: These are called children, or dependents. Never disparage your own children --everything they do is a miracle from God. When they are bad, it's only because they are tired, or going through a phase. When othe people's kids are bad, however, it's because of indulgent parenting
Е многу убаво те личи да навредиш ама не те личи да дадеш мислење. Фала што ми кажа незнаев. Тролајте си и понатака,не се согласувам со вашите мислења и не. 21 месечно бебе во градинка ќе го учи некој друг како да се однесува абе ајдеее... Јас сфаќам се ти не го сфаќаш моето мислење и одма да навредиш, добро ве личи - од ова си патите а и ќе патат вашите деца од напаѓање и навредување и не прифаќање на туѓи мислења. Јбг живот! Едит: Со тоа што ќе навредите некого самите себе си се навредувате. А дали јас знам да чувам дете или не, првин запознајме па коментирај.
E dobro de cupo, ko ke se mazis ti rodisi 2-3 decinja I sedisi so niv, nikade nemoj da gi pustas, vospituvaj si gi samo ti.ni so babite I dedovcite ne kontakt I od niv ke pompimat nesto loso.ni pa nauciliste ne gi pistaj, ucigi ti doma. Oti I na uciliste ke imaat loso vlianie.I od nastavnicite I od decata.
А што правиме во случај да сакам да обезбедам нешто плус за мене и за детето? Или битно леб и сол да има на масата, една свеќа во средина и само љубов. Не сакам да се мешам во теми од типот на бебиња и фамилии оти немам а и нема да имам во блиска иднина, ама сум запрепастена од одговорот и од објаснувањето. Абе како бе ќе седиш дома пет години? Леле и порано еднаш имав ваква дискусија, и тогаш ми се крена косата, а богами и сега. Јас моето дете многу ќе си го сакам, здравје, кога ќе имам некој ден, ама не значи дека ако станам мајка дека сите други области во животот ми пропаѓаат. Не ми е јасно, не знам, можда оти не сум мајка. Не сум ни за некои опсесивни амбициозности, ама не можам бре, не можам да замислам, не е психички здраво да си го изолираш прво детето, а потоа и самата себе како родител. Значи раѓаш и се затвораш, изолираш од целиот свет, ти и детето постоите, евентуално таткото и бабите и дедовците. Ама не разбирам, мислиш работата ќе те чека во секое време, дека 200-250 евра се ок плата, и дека со тоа ќе животариш цел живот? Па никој не го ставиле одма директор, освен знаеме кои. Кога ќе дојде ден тоа дете да посака да оди на екскурзија, да има пет блузи за мењавање, да оди да студира, што ќе биде тогаш? Трпи сине, мама трпеше пет години за тебе, ајде сега, биди скромен, не посакувај ништо. Што е должна мајка ми или идната ми свекрва да ми го чува детето? Нејќам бре они да ми го чуваат, јас сум си го родила, како знам, ќе си го исчувам. Мајка ми до пензија има уште 20 и кусур години, или и она да си даде отказ, атер за внучето? Какво ќе биде тоа дете, научено дека се' се врти околу него, а какво ќе биде тоа семејство е исто така многу битно прашање. Не е нормално да се затвориш дома и да очекуваш дека светот ќе чека на тебе додека бебето ти порасне, дека сопругот ќе те чека, шефот, пријателите, не можам и не можам да се замислам да се изгубам во секаков друг аспект, па макар била и окарактеризирана како лоша мајка... Бреј Девојко, јас како студент во Скопје, сосе кирија, сметки, книги, јадење и никаков екстравагантен начин на живот, ами прилично нормален, трошам 250 евра како ништо. Тоа ти се 15 илјади денари, човече, просечна сметка за струја во јануари е 4 илјади денари, од што да скратиш бре, да не се грееш ли. Не дај Боже да се разболеш или да имаш потреба од некој посебен лекар, од искуство ти кажувам, не дај Боже, па да видиш дали 15 илјади денари се многу, малце или таман само по лекари да ги дадеш. Ќе ги даваш и ќе се молиш на Господ да најде чаре, а ти ќе даваш колку треба. Луѓе со години немаат на одмор отидено, месо јадат после 1ви, сите што ги знам околу мене со броени пари испаѓаат кога ќе испаднат двапати во месецот, а далеку погоре се од 250 евра вкупна месечна заработка... Ова испаѓа дека сите пливаме во пари, пафкаме со цигари, пиеме кафиња, па наеднаш раѓаме дете, и веднаш продолжуваме со кафето, цигарот и пливањето во пари. Не гледате ли бре каква беда владее по улици и по автобуси, абре од еден до друг крај на град одат за 3 денари поевтино за да се заштеди, бреееј, значи испаднавме најбогата и наразуздана нација. Какви кафиња какви бакрачи, шопинзи и телефони, тоа човек со 500 евра не може да си го приушти ако дома има барем уште двајца за хранење, не па некој со МИНИМАЛНА плата. Благодарна сум на домашните, благодарна сум на приликите што ми испаѓаат да држам часови и да работам преводи, и си крпам дупки! Нит јадам, нит пијам нешто посебно, уопште не сум разгалена, пијам кафе кога можам, имам телефон на лизгање дури од пред 5 години, алишта си наоѓам на попуст, сама си ги заработувам сите ,,луксузи,, што си ги приуштувам , ама да треба да гледам дете со овие пари, богами, сите светци нека ми бидат на помош!
Па ти прва ги навреди мајките што си ги носеле децата под 5 години у градинка! Земи прибери се и извини им се!
Ахх бубаче бубаче. Алал да ти е за размислувањава. Дете на 6-7 години да се праќало во градинка. Па јас на 6 тргнав на училиште бре. Сега тргнуваат на 5 години. Ако треба да се праќаат на таа возраст, што да кажам јас? Моиве ме пратиле на 8 месеци во градинка. Ауу јас некој изрод ќе да сум Баба ми и дедо ми на работа, мајка ми и татко ми исто. Што требало да направат? Да си седи мајка ми дома со мене и да гледаат како да сврзат крај со крај? Ти имаш деца? Јас немам, ама гледам разлика меѓу тие што се во градинка и тие што седат дома со бабите. И кога ќе имам, без размислување ќе ги пратам во градинка, макар и да не работам. Ако можам да си дозволам да плаќам градинка и со една плата, без размислување ќе ги пратам. Ама дома не ги оставам со баби и дедовци. Убаво кажа една феминка претходно, тие можат само да ги причуваат, по нивна волја и ако изразат желба. Во спротивно не. Во градинка се социјализираат, се дружат, стекнуваат другарчиња, учат многу нови работи, песнички... Ама и стекнуваат чувство за одговорност, што сметам дека е најважно. Има многу голема разлика. Кога ќе си дојдев од градинка или од училиште прво пишував домашна, учев, па дури потоа си играв или гледав тв. И не изостанував од училиште никогаш, освен ако бев навистина болна. А тоа не е случај со сестра ми, на пример. Таа одеше само во забавиште, значи тргна на 6 години. И има голема разлика меѓу нас. Стручноста и подготвеноста на негувателките и воспитувачките е друга работа. Затоа, не секоја треба да работи во градинка. Треба да има чувство, осет, ама и желба да ја работи таа работи. А пред се, треба да сака деца и да има трпение, многу трпение
Јас да се приберам, хахахахах. Е извини јас немам што да се приберам, некој ако треба тука да се прибере е да седнете да си размислите што правите. Ме напаѓате ама пред се РАБОТАТА Е ЗА ВАС НАЈБИТНА ОТКОЛКУ ДЕТЕТО. Ете кој треба да се прибере. А ти ако се пронајде и се навреди ТОА Е ТВОЈ ПРОБЛЕМ. Зрелоста е ваш проблем колку знаете да чувате дете, а гледам секој различно е пратен во градинка. Е за жал затоа не можеме да пронајдеме заеднички јазик. Иначе Нати се сменија времињата затоа така размислувате, ако се вратите години наназад и ги прашате вашите мајки и баби како се чувале децата ќе сфатете што сакам да кажам. Се преценувате леб и сол и незнам што. Агресијата кај децата се јавува од рана возраст а тоа е дека дома не се чувани и не им е пружана љубов. А кажете ми вие мене како очекувате другите деца да имаат нормално детство ако уште од рана возраст се пратени во градинка? Каде им се родители, каде им е нивното внимание? Нема време мама за мене - работи. Затоа не се мажи на млади години на 18,19 години и готово дете чувам и ќе работам како конобарка за бедни 500 денари и ќе имате вакви размислувања а даа сигурно. Ама затоа се мисли на време, ќе се вработите ќе си зимата плата ќе си заштедите и после можете да мислите на мажачка. Секој си има право на свое мислење, знаев дека ќе ме нападнете ама си терам до крај. Ако сум ТРОЛ нека бидам ТРОЛ за вас ама само сум реална измешавте и пари и работа и се се работеше за мајката каде била тоа време и што бара 21 месечно бебе во градинка. Неможам повеќе да се замарам со вас и со вашите мислења докажавте дека немате време за НИВ. Немата време, сакате ама немате. Жалосно, многу жалосно. Колку сте искомплексирани боже божеее, немам коментар. Фала многу, пријатно!
Оти не работиш? - Ами дете мало имам! Од воздух живеам. Туку што е за децата кои сакаат да одат во градинка и покрај тоа што родителите им се дома? Едно такво дете сум била јас. На 4годишна возраст изразив желба за во градинка иако мајка ми ме вардеше. И се знае многу нормално дека ме запишаа, најубав период за социјализација на детето. Одев 1 година, ама од таа година ми произлегоа многу другарства што и до ден денешен живеам со тие деца.
Не е убаво детето уште пред да наполни една годинка да оди во градинка, може да падне или што било, таму никој нема да ги остави другите и да трче само по вашето. Веќе од 4г. е друго. Ќе каже кога сака во ве-це да оди, ќе си игра со останатите, ќе се научи дека мама не може да е до него цел живот. Е, сега, има некои родители коишто не можат да работат во различни смени, па детето во градинка. Тоа го оправдувам, но самоволното праќање бебиња во градинка, НЕ.