Нема епидемија прогласено таму. Овде ќе се шири уште повеќе. Да не знае како се децата болни од рак со морбили?
Сега објавено прочитав дете од студеничани и првата учителка од градинка од к.вода, 35 годишна,невакцинирана.. се шири ова надвор од скопје веќе
@Septemvri да, прочитав за нив. Ние сме од Битола. Во многу лошо време го запишавме ама мораше. Ако се шири и ваму, ќе земаме одмор или ќе се снаоѓаме некако.
Добро и до кога вака??? Колку ќе се шири?? Заболени доктори, воспитувачка, луѓе вакцинираат деца, другиве у карантин дома а бројка расте, па и во други градови се шири. Значи, не ги носат у градинка ама по игротеки и молови си се шеткаат. Не сум у тек, тв не гледам баш а на ова нетов не ми излагаат вести баш. Од каде почна епидемијава има ли нови случаи, со оглед на тоа дека помина месец, значи пројде инкубација одамна. Тој случајот од центар знар некој која градинка е?? Зошто не кажат, да се знае кој со кого и кога бил во контакт, па да се превенира и на таков начин. Превземаа мерки за да не се шири а упорно се шири. На клиника па, што и така е извор на зарази уште ова фалеше... Јака им душа на родителите чии дечиња лежат таму. Јас скоро никаде не сум била, до продавница и кај луѓе исто така изолирани на некој начин. Ама ептен ме фаќа страв више. Не е ова веќе само за непримање во градинка. Треба ли да немаме допир со надворешен свет све до прогласување крај на епидемијава???
Може, примаат од сите населби, само предност имаат тие со адреса на живеење или работното место да ти е во населбата. Порано бевме во Кисела вода под кирија и сакав таму големата да ја запишам. Во две градинки прашавме, ни рекоа дека е преполно и дека имаат огромен список на чекање. После тоа се преселивме во Козле, мораше од Април да почне, ми рекоа најрано од Септември, до тогаш нема слободно место. Адреса на живеење по ЛК во трета населба имавме. На крај во Центар ни ја примија без проблем и без врски. После тоа за малото имавме страшен проблем, бркавме врски за во истата градинка да почне (неколку дена пред почнување ни дадоа позитивен одговор). Во Ѓорче прашувавме, преполно беше, исто тој период не примаа нови деца. Најдобро е да отидеш во градинката лично и да прашаш. Само така ќе добиеш точна информација.
Pa jas zatoa nekade pishav pogore ne see gradinkite izvor na zaraza koga dete sekade se seta odi po igroteka a tamu ne e tolku cisto a i I'ma deca od sekade. Ete mene mi se nalutija bliski oti nema da go nosam na rodenden moe dete moj pravila. Odbiram vnimavam Kade odime sto ne e I toa reshenie. Losho e sto sekade se Siri ama ajde mora da I'ma kraj. Epidemija za mene ima drugo znacenje smetam deka se tteba da se zazabrani igroteki, kursevi.... Nemoze zabrana da I'ma samo za gradinki ako e za toa sigurno kako svesen roditel nema ni vo gradinka da go nosam ne mi treba zabrana a drugo send raboti. Zboram EPIDEMIJA ne emal zbor
Е тоа и јас се трудам да го кажам ама никој не ме разбира. Јас не одам во мол, пазарам во локални продавнички, ако ми треба одиме со маж сами, па дома да се преслечам па да земам дете. Предостожност до максимум. Нека ми се лутат, и јас не носев и нема да носам дете во игротека на роденден, страв ми е. Не знам што им е толку важно роденден во игротека, кафе во игротека, шетање низ мол... Нека се затворат сите игротеки и градинки, полугодието да се одложи бидејќи голем дел од малите деца имаат и поголеми братчиња и сестрички кои може да се заразат, нека се забрани собирање мали деца на едно место, родителите со деца во градинки нека добијат боледување или одмор или било што, да видиш како за еден месец епидемија се става во ред, а не вака. Имаш мерки за претпазливост, само едни не се во градинка, епидемија се шири, почнуваат и вработените да фаќаат морбили и тебе пак памет не ти иде и не ти иде.
Не знам зошто ако не го мкнам по молови детето од сам старт сум свилена мајка. Едноставно не го носам, не му е интересно. 5 пати во годината дали го имам однесено во џамбо и не е заинтересиран. Поинтересно му е на река и на планина, што е тоа толку страшно и тажно!? Ама ти го штитиш, па да, може го штитам, и не сметам дека имунитет ќе стекне ако на 8 месеци фати се и сешто. Имунитетот се стекнува со возраста, ова не го кажувам од ракав. Кој не ми верува нека прошпарта по интервјуа со Др. Ставриќ. Жената е имунилог и директор на детска клиника. Епа не може ниту една мајка да е попаметна од неа со опроштење. Мал едит ќе направам околу тоа што го кажав за имунитет. Дете од 7-8 месеци ако редовно лепи на плуќа зашто нели не го штитиме за да ојача може трајни последици да здобие, а не траен имунитет. Редовно мешаме баби и жаби.
За јавни институции, министерствата имаат надлежност, а сѐ надвор од нив е на свеста на родителите. Така да, не може да споредувате државна градинка со Џамбо, Дримленд и Тинекс.
Градинка е институција за згрижување ,молот не е. Секако дека државата може и треба да ги затвори вратите за невакцинирани деца,за да ги заштити,и да го спречи ширењето. Таргет на заштита и приоритет се децата под 5 год. Тоа не е без причина.
Исто , кај нас немаме молови ама ете има по некоа поголема продавница и џабе стуткана у мене , ретко кога ужива , а редовно а носиме по планини паркчиња , ќе се изнатрча изнаигра слободно и одма е како ново дете ,секогаш кога не ми е ок ја качувам во кола па макар и на кратко одма и делува свежиот воздух позитивно , не за џабе во странство топ тема му е свеж воздух , зошто не речат шетај ги по продавници , таму далеку од свилени се , намерно ги носат децата да се шлапкаат и валкат . имунитето го јачаат низ растот точно кажано
Не знам колку време им треба да сфатат дека вака не е решение да се спречи ширењето. Како што викате нека има забрана и по игротеки. Моето дете е дома затворено, а некој си таму си ака и шета, па после цацко им е крив што се шири епидемијава. Вакцини па вакцини, е шо да кажат, одете сите на купче да фатите морбили, за после да се жалите од третман на доктори.(пошо бу немало место и кадар по болниците). Ама не плитко се размислува. Ќе уживале воспитувачките. Ех моја чудесна земјо, не било до народот. Да не мешам политика, ама стално во кризни ситуации некој им е крив. Не гледаат како да се реши проблем туку да се врегаат и делат, префлаат итн. Слушам, односно прочитав, вакцинираните ја започнале епидемијава. Да се чудишна паметот на некои. Лошо е што почна да се шири и надвор од скопје.
Точно. Јас не велам дека не треба да се носат во градинка, тие што мора ги носат од многу рано. Внука ми од 7 ипол месеци оди и исто се разболува ко тогаш зашто од бебе лепи на плуќа. А рачунај прво одд е сега. Точно е дека ако рота фати нареден пат полесно ќе помине ама дека тоа важи за респираторни болести шијем ти га ѓуро врска нема.. И крај краева никој никому не му рекол немајка зашо пратил дете што едвај седи во јасли од што морал ама затоа ние што не праќаме сме свилени и не знам какви не...
Не знам дали да се вклучам во дискусијата или мудро да ја одминам, па да ве оставам да се тапшете по рамо како совесни мајки кои прават се за своите деца во време на епидемија, а останатите ние кои носеме во градинка и по игротеки сме несовесни. Напишав и друго, избришав, ќе ме замразеше пола форум, ќе ме банираа. Може дека нема да пишав во завиена форма, и ќе бев брутално искрена. Ама дека се работи за деца, ќе си премолчам.
Совесни, несовесни, не е време да се вреѓате од вакви работи. Јас да сум во Ск па и невакцинирано да е, не само што нема да го пуштам во градинка и богдачува да го шетам по молови и игротеки, ќе го пратам надвор од Ск (за тие што се од други градови и имаат баби и дедовци таму) на поседок месец дена ако јас треба да одам на работа. Какво е ова размислување -ама му се здосади на детето дома, другарчиња си сака нема со кој да си игра