Еве јас за време на епидемијава ја пазам и не ја носам по игротеки или по молови. А и да немаше епидемија, сметам дека зимно време треба повеќе пазење. Поважно ми е детето,а за играње има време, ќе игра. И сметам дека сум совесна мајка. А има несовесни мајки да, мене дома ми донесоа свесно стомачен вирус, детето не можеше очи да ми отвори три дена. Епа од такви ми е преку таквото.
Чекај за кого збориш сега? Важна да се правам за што? За тоа дека мајка ми иде после трета и ми го чува детето и паѓа од умор а немам друг начин ? За тоа ли? Се фаќаш за глупости ана. Јас реков дека ако ми седи дома не значи дека сум свилена мајка а ако твоето иде во градинка од бебе не значи дека си несовесна. Ама се ќе сторите за да се навредите и да почнете со глупости нели.. Епа не го добиваш тоа. Ајт
Премногу лично си ги сфаќате работите Сите. Јас искрено не ни знам за што веќе правиме муабет, за морбили или за обични вируси?
Јас општо зборев. Пред се не сум човек што ќе впери прст во родител и ќе кажува кој е совесен а кој несовесен. Секој прави како што мисли дека е најдобро а понекогаш и како што мора. Мене лично ми боде во очи тоа што јас за некого сум свилена мајка. Од една страна сеедно јас најдобро си знам за своето дете ама од друга која е па некоја да впери прст во мене. Кој им дозволува уопште се прашувам. Зошто мислат дека имаат право за тоа некои личности...
Ако сакав да се доискажам тоа ќе го сторев во постот. Реков дека се работи за деца, па ќе си молчам. Оставам на вас да пишувате кој каков родител е, да судете индиректно и слично, и да стварате само паники за секоја една настинка.
Секој си има свои причини. Пишав и во другата тема каде што се начна прашањето првично. Свилени и несовесни, секој за свое дете одговара, стварно не гледам поента ова да се дискутира ама ич. Муабетот мислам дека е за морбили, дали треба да се затворат градинките за сите, и дали треба да се затворат игротеки, молови, ресторани и што ли уште не. Значи не треба. Зарем треба по таа логика да одиме и ние возрасните со вакцинални картони пред пазарење. Или може пред да влеземе во ресторан. Вакцинираните деца не гледам зошто не би оделе во градинка или било каде, едноставно, заштитени се. Нема потреба никој да се пронаоѓа во едната или другата категорија на родители, секој најдобро знае што му треба на неговото дете.
Моето да е вакцинирано секаде би го шетала. Ако сака само на планина, ако сака само во џамбо. Бидејки не е, си го штитам. Врло веома нормално нели? Тие што им се вакцинирани децата раат им е глава сега..
Кој каков родител е си одговара сам за себе, не јас за тебе или ти за мене, ама кога веќе има препорака и ја следиме ние кои сме приморани да ја следиме, а дел од нас ете и сакаат самоволно да ја следат, фер е да си се прибереме дома и надвор од градинка пошто на тој начин и никако другачие се шират заразите. Јас како мајка на невакцинирано дете го штитам со тоа што го чувам дома, ама не дека ако сум вакцинирала дека ќе го однесам во игротека или мол. Тука е проблемот, што мислите дека вие сте вакцинирани и крај, тоа е тоа, нема сега никој вас не ве пипка. Може поголем број се невакцинирани, ама има и вакцинирани што се заразиле, значи не е баш дека сте имуни. Мене ми е гајле дали ти или некоја друга ќе го однесе детето во игротека, ама на тој начин не правиме ништо за да ја зауздаме оваа епидемија.
И јас пукам од радозналост зошто ти твоето дете не го вакцинираше на 13 месеци, ама нема одговор, нели? Тоа што не ти одговара не го пишуваш, а за препукување си прва мајку му стара.
Што ве глеам чудни. Елајте си на гази баба и вакцинирано и невакцинирано, периодов се е таму на куп. Убавини од деца
@AngelOfArh за да се спречеше епидемијата требаше да вакцинирате тие што имате здрави деца. Сега нормално дека ти нема да шеташ дете кога кај невакцинирани деца последиците се пострашни. Дали ти тоа признаваш дека вакцината сепак штити? Ај да не продолжувам оти спрема почит кон тебе знам и зошто не вакцинираш и не би те пецкала. Ама не судете за другите деца, за оние кои се вакцинирани и сл. Што е според вас решение, се да се затвори, да не вакцинираат? Не може да очекувате приватни фирми да затворат оти група мајки одлучиле да невакцинираат, се појавила епидемија и ете паника. Или пак, да се затворат дома. Има такви ко мене што дете мора и на гинеколог да носат, а не па во мол. Инаку ист е ризикот и во мол и во продавничка.
Ама се шири епидемијава, независно од тоа што седиме дома ние ЛОШИТЕ. Јас не осудив никој што вакцинирал, а ти мене ме осуди, уште во првата реченица.
Кој си се пронајде, сам си е крив Од друга страна, јас не лепам етикети кој каква мајка е (совесна или несовесна) вие го правите тоа. А искрена да бидам, многу мизерно е
Ти мислиш дека ние сакаме дома да седиме и да ги затвораме децата? Јас мојата уште ја немам вакцинирано ммр, а како да ја вакцинирам кога од август се сме со настинки. А има членки и мои блиски што вакцинирале на три години и сега се прават вауу, т.е. ги осудуваат оние што не вакцинираат сега на 13 месеци. Дајте ви се молам, срам да ви е
А ова што е? Провокација? Не е лепење етикети дека сме горди и важни? Али у право си за една ствар. Мизерно е да.
Се шири и најголем број се невакцинирани. Како да не се шири? Извини вака, ама испаѓа оти твоето дете седи дома, ај на сите да седат. А такви мерки на заштита што ги барате, нема никаде во светот.
Реков вие што не вакцинирате, а не несовесни и лоши. Тоа не е осуда, факт е дека е падната стапката на невакцинирани и поради тоа е и појавата на епидемијата.
Ако ти не ја гледаш разликата тука, јас не можам да ти помогнам А зошто мислиш дека твојата постапка да не вакцинираш поради настинки е оправдана, а туѓите причини се неважни? И дали воопшто знаеш кои се туѓите причини? На крајот на краиштата што те интересира тебе тоа? Глеј си го детето