Ако не грешам имаше одговорено зошто. Небитно. Битно ќе ги избришат мислењава и онака. Сакав да кажам дека дискусијата нема крај бидејќи секое дете е различно. Еден плус минус збор менува значење на целокупното мислење.
Јас ќерка ми во БИТОЛА не ја носам никаде откако изби епидемијата. Да беше и таа во Скопје па да не коментирам. Дури и да беше вакцинирана (а ќе биде за некој ден) дури трае епидемијата НЕМАШЕ да ја носам никаде и ич не ми чуе дали ќе и било досадно дома и колку ќе плаче по другарчињата
@AngelOfArh според тебе решение е целосно да се затворат градинки, училишта, молови и игротеки? Како би изгледало секаде да има клуч на врата, и ништо да не функционира? Замисли да се пролонгира школски распуст до пролет, како тие деца ќе надокнадат со настава? Мора да сфатите дека епидемијава е поради недоволна покриеност со вакцини, па нормално е да се шират сипаниците. И, многу е нормално да се стави забрана за невакцинирани деца, поради масовно ширење и поради нивна лична заштита. Не може сите да земеме одмори или боледување и да седиме дома, зошто некои родители одлучиле своеволно да не вакцинираат. Ти од една страна збориш дека не го носиш никаде зошто го штитиш, од друга страна збориш дека треба да оди во градинка зошто му фали друштво, а и ете таму нема повеќе морбили. Факт е дека градинките се први на удар за морбили зошто се работи за деца до 6 годишна возраст, а факт е дека се кревки со здравје и дека најлесно може да префатат и обичен вирус, а не па сипаници. Затоа и забраната важи само за градинките, не и за училиштата.
Ве замолувам дискусијата да ја продолжите во други теми, Вакцини за или против, Сипаници... А можеби и не е лошо да отвориме нова тема за Епидемијава и таму да се продолжи тековнава дискусија и сите новости поврзани со истото да бидат таму споделени.
Може да се направи нова тема за епидемијата, затоа што оваа дискусија опфаќа неколку теми, па ќе треба цело време да се префрлаат постовите. А така ќе изгуби тек самата дискусија.
И на двете со еден одговор ќе ви одговорам, очигледно е дека не функционира на друг начин, ете невакцинираните седат дома повеќе од две недели и во градинките сеуште има нови случаи, што кажува тоа? Извини Реин стварно не знам каде да им одговорам па затоа овде и покрај твојот пост.
Очигледно е дека не седат дома, штом се шират и понатаму. Сигурно истите тие деца се мешале и со други деца надвор од градинка за време на инкубација, па така и се проширило.
Не функционира оти имаат пропусти, гледаш дека кадарот не е вакциниран и тие исто пренесуваат. Јас само не те разбирам една работа, дали сакаш твоето дете да прележи морбили?
Ne da ne sedat doma. Kolku gi znam nevakcinirani, I samo skitaa I se uste skitaat majkite so decata. E posle cacko e kriv, pa ke bide de.
https://forum.femina.mk/threads/Прогласена-епидемија-на-мали-сипаници.29899/ Еве ја темата, ве замолувам таму да продолжите да се цитирате.
Мали од вчера е во градинка,после речиси 3 месечен принуден одмор,што заради бронхит,што заради вакцината. Во најкритичната градинка сме... Стравував дека се одвикнал,ама напротив Лепота,7 деца само во група,простор за трчање,играње колку сакаш. Денеска не сакаше дома да си оди,да спиел таму Дури станал прв другар со едно од трите машки што одат(мојов е едниот од нив),а претходно нонстоп се караа И да учел да танцува посака,бидејќи девојчињата за време на престој ги носат на танц
Исто и кај нас,само 10 деца оделе (7 девојчиња и 3 машки),а стандард по 30 се инаку.Учителката вика милина им е за играње,цртање,пеење.Ќерка ми вика си играле учителки,докторки,па оро .
Јас имам едно прашање ако може некој да ми одговори. Малата ми е 7месеци и од март месец би требало да оди во градинка поради тоа што немам кој да ја чува. Моментално знам дека непримаат невакцинирани деца но не мислам пред годинка да ја вакцинирам. Па прашањето ми е до кога ќе биде забранава во градинкиве дали би се укинала до март или ќе важи за постојано пошто нешто такво прочитав по нетов дека ќе важи постојано.
Забраната ќе важи сѐ дури трае епидемијата. А после тоа секако нема да треба да се вакцинираат децата, односно бебињата со ммр на кои не им е време за тоа.
До кога и да важи, не можеш дете од 9м да вакцинираш. Мислам дека се чека да одговори народен правобранител.
Баш за до 1ви март не верувам да се укине, бидејќи рекоа дека епидемијата ќе ја укинат дури 4 недели после последниот случај, а сега сеуште секојдневно има нови. За постојано засега се само муабети.
Дописот од министерство впрочем гласи да не се примаат деца кои не се вакцинирани согласбо календарот. Тоа би значело малите дечиња би гинпримиле ако имаат примено се
За приватните знам дека така прават (ги примаат). Во државните некој имаше кажано дека ни во јасли не примаат, ама тоа не ми е инфо од прва рака.