А зашто не би боцнала прво со ммр (со оглед дека од дтпр има почесто последици)? Јас баш така би напраила...
И јас истово го мислам. Многу се збори за ммр и сите од неа се плашат. Ако се задлабочиш во проблематикава дефинитивно дтпр е пострашна.
Некако испаѓа луѓево не се против вакцини туку се против морбили вакцина. Јас искрено за следно дете само ммр ќе боцнам и раат глава.
Јас заради дтпр до сега не сум ја боцнала малава. За ммр немам таква грижа. Едино ми е само заради тоа што матичната ми стави чивија во глава дека не е за дете на 13 месеци.
Тоа е препорачан календар, нема врска една со друга вакцина за да не се почни со Ммр прво на пример. Мене во диспанзер само ми кажаа до година да се трите дози дтпр примени, макар што и тоа ми нема смисла. @LiliBoz може си информирана да те прашам, ако не се стави ревакцина на 18 месеци што е дтпр имаат уште заштита од првите три дози? За што е ревакцината всушност? Јас од Ммр се плашам многу, ама од морбили уште повеќе. А од дтпр имаше оток и за ревакцината ми е страв од реакција.
Јас мислам дека баш е за дете од 13 месеци. Никаде нема научни факти дека е поврзано со говор од или било каков развој. Сепак ова е мое мислење, не би сакала никому јас да му влијаам
Првата доза на дтпр штити само 6 месеци. Втората мислам година. За второво не сум сигурна ама за првото сум зошто доктор ми има кажано. Е наводно третата е доживотна и има логика. За ммр ти е страв зашто за неа се прави баук а ако зборнеш со имунолози ќе ти кажат повеќе се жалеле од дтпр.
секако си правиме муабет, какво влијание. Не во смисла на говор и развој. Жената ми кажа дека лично смета дека хемискиот состав е премногу агресивен за толку мал организам.
Не велам не. Но сигурна сум дека син ми да имаше примено вакцина со составот на ммр (не земајќи ги во предвид антителата) ќе пројдеше многу полесно со цревните инфекции.
Ќе ти препратам една лп што и ја пратив на една членка бидејки е на долго објаснето. Да допраам ручек само
Поголем факт од внука ми не ми треба. Извинете, може грешка сум разбрала, што знам. Ама си мислев некој ред има, ама кај нас ред изгледа научна фантастика е. Сакате да ми кажете да одам да боцнам ммр и ќе ме остават раат? Никад чула, не дека ми е битно, ама ако одлучам да боцкам би сакала по ред да боцкам.
@AngelOfArh не, пак ќе ти праќаат покани за другите (ако ти праќаат). Еве јас минатата недела добив за дтпр ревакцина што е на 18 месеци, а ммр не е примена.
Ќерка Ми почна да си зборуе секој ден за другарките. Они беа 6 деца у група , па од епидемија 2, сеа гледам 4. И фалат многу. Мислам сеа да у речам одиме ќе се затрча. Комшичето плаче по другарите, плус голем е, 5 години... Мојата уште 3 недели најмалку ќе е дома. Социјализација 0. Жал ми е.
Јас ММР ставив на 2 и пол години, а после нејзе ДТП што е ревакцината на 18 месеци. Јас искрено прашав дали може ДТП да ја скокнам. Прво од ММР се плашев, а после кога се информирав повеќе, сфатив дека страшната е бугарската ДТП.
Мене па матичнава ми рече дека четири години штити. Конкретно за тетанус прашувавв летоска кога малава се исече, во случај да е подлабока рана дали ќе треба тетанус да прими, ми рече ако има помалку од четири години од вакцината не треба Ама не беше сигурна, па не знам колку ова е точно. А какви се сега ДТП? Кој производител? Сега во март/април планирам и таа да ја ставиме и после раат