Беа француски. А сеа ќе Има нов тендер, од март нови вакцини па може пак ќе бидат бугарски. Јас знам дека со нас вакцинираше една пријателка докторка која рече дека сега прв пат носи на вакцина оти ги смениле бугарските, побара да И дадат да види и вакцинираа. Иначе немаше са знам.
Мене ми беше многу чудно и тогаш.. Сајковски викаше француски се.. Одиме на Вакцина зимам читам бугарски. Да имаше избор мк или бг дефинитивно мк ќе ставев. Овие комшииве репер за здравство и лекови не ми се со оглед дека одеа кај нас на обука за европски методи.
Сега ќе се потранспарентни барем, порано каков поглед и коментари добивав во диспанзер за прашањата, мене ме фаќаше срам.
Абе ненормално е ова. Нема никаква декларација ни на картон ни во книшка. Шкртнато еден крст и потпис. На син ми препис кога му правеа му пишаа бсг на 6 месеци примил односно ист ден со дтпр кога прими. Работава од што не се разбира толкуј ти кое е кое. А доказ дека примил? Па ја можам да си допишам реално гледано чим без никаква декларација од фирма за вакцини нема залепено. Да сликам картон на вакцини на кучево и картон на детево мое жива срамота е. За куче уредно дата код декларација кога ревакцина треба со молив пишано потпис печат...
Бугарите во пракса имат подобро здравство и доктори, барем според искуства на наши луѓе кои таму биле на лечење. Додека кај нас, еден да се пофали нема.
Дтп е тровалентна, се даваше до пред 3 години пред да ги донесат петто- и шестовалентните. Посебно одеше таа (бугарска), посебно хиб и полио со лажичка. За деца што така ги примаа има ревакцина дтп на 4 години, после откако почнаа повеќевалентните (француски) таа ревакцина се укина.
Изнапишав и ми го снема Сега, со целава фрка и збрка јас дознавам за ова со дитепер. Тогаш ние што редовно сме ставиле други вакцини, се било ок, без проблем да си ставиме ммр?? Ми се здосади веќе од седење дома, скоро никаде не ја носам. Ептен ми е страв од морбиливе. Знам дека не се воопшто наивни. Што може да се испита пред ммр? Освен нормално кс и црп?? Или треба индикации за такви испитувања? Не сум баш паметна, докторите ми велат детето е супер, не одложувај многу. Секако ќе вакцинирам, само не знам кога.
Какви генетски ако детето нема никаква индикација? За такви испитувања треба да имаш дебела причина, а дај Боже да немаш. Крвна слика и евентуално црп е доволно.
Прво дали имате генетски болести у фамилија. Второ, дали детето имало некои болести специфични. Трето, дали било здраво изминатиот период. Иначе у Авицена какви тестирања има... уште пред да се роди се ќе ти кажат не па сеа. Ако се сомневал дека можеби имате наследена болест провери.
Јас испитав за едната автоимуна болест и има ген, па следуваат други испитувања. За другата, од кај татко му невролог кажа нема зошто да чепкаме оти нема индикации, симптоми и никој не може да гарнтира дека ќе ја наследи. И од имуно истиот одговор, зошто да испитуваш кога нема засега потреба. Генетски се прави строго според индикации. Не испитувајте за џабе и не си правете додатни стресови.
@Cka Детето нема ништо, сосема нормално с0е, чат пат со настинка, вирусче. Крвна слика стално одлична. Генетски, верувам дека не можеме баш секогаш да знаеме кој од нас што носи. Посебно во време на толку случаи на рак, дијабет и слично... Вероватно ова се информации кои секој доктор би требало да ги каже пред вакцина доколку има потреба. Чисто онака се информирав, зошто доста исфорсираа. Секакви болештии измислија дека се причинети од вакцината. Па ете чисто, кога веќе се нуди таква можност, зошто да не се испита и мирна глава. Фала ви, ја малце лаички, ама подобро да си праша човек.