Никаде не пишува дека дете мора да почне од септември. Што со тие мајки кои треба да се врата на работа во март? До септември кој ќе им чува деца. Имав познаничка на која се обидоа да и подвалат ваква приказна, па кога се распраша и кажаа дека нема врска. Може да почне било кога.
Мојата ќерка тргна во градинка во април, и да, исто ни го кажаа, дека групите во септември се формират па пожелно е да си тргне тогаш. Сепак со врски, некако, успејавме да не не одбијат и од април да си оди во градинка. Тоа е пред две години, и во град каде и не е некој проблем запишувањето во градинка, не знам сега како е. Мене деновиве друго ме измачува. Ќерка ми е најмала во групата, 5 дечиња се 2014, другите сите 2013 и ќе одат од септември во училиште. Ќерка ми ќе ја преместат во друга група, со други деца и други учителки (кои патем ми се блиски и велат дека ќе и обрнат внимание за да се адаптира лесно). Во моменталната група веќе децата наголемо си зборат за училиште па мојата упорно не прифаќа дека ќе се раздели од учителките и другарчињата! Знае да ме потпраша зошто сите ќе се ученици а она не, често ми вели дека не сака нови учителки, дека не сака нови другарчиња... Осеќам дека ќе имаме проблем! Инаку досега не сме биле во ситуација да се менуваат учителки и деца, од страт и се истите, и лесно се адаптира. Ама сега дека поголема и веќе поврзана ептен со овие учителки и овие другарчиња некако ми изгледа вознемирено! Сама започнува да прашува како ќе биде догодина! Имате некоја идеја како да го минеме ова полесно? Што да зборам? Што можам да преземам? Како вашите деца реагирале кога имале нови учителки или сте ги преместиле во нова група?
И големиот син ми беше во таква група, на две и пол години почна, роден во 2011, со деца родени 2010. Две години пред да почне во училиште, односно една година пред да одат децата од неговата група во школо, беше префрлен во група соодветна за неговата возраст. Од градинката намерно го префрлија порано, за да не му дојде како повторување, оти во последната година од градинка интензивно се спремаат децата за училиште. Лесно се навикна, брзо ги прифати новите другарчиња, дури мислам дека и поубаво му беше во таа група, само негувателката не ја сакаше. Ама нема дете во градинката што ја сака неа, оти не ја бива да работи со деца. Небитно, детето си беше ок, јас мислам и твојата ќе биде добро.
На 2 години и 8 месеци возраст во каква група го ставаат во градинките? То ест во групата со кој опсег на возраст се децата?
а ако е цело време со нив, и ако си е роден во почетокот на годината, не би го пуштила порано на училиште? Онака, не знам, тоа ми текна.... @Grungie во група од 2-3 години би требало
Јас не би. Мојов е роден во март и законски не ни можеше да тргне во училиште. Со 6 полни се почнува, или да полни 6 во годината во која треба да почне на училиште. И да можеше, не би пуштала дете порано, многу менува една година. Нема ништо посебно да добие ако тргне порано, само преголемо оптоварување со училишни обврски, имајќи предвид дека програмата е прилично обемна и имаат по 6 часа два пати неделно, а другите денови по 5 часа.
Кај нас со 2ипол тие што имаа во септември ги ставија во прва мала, син ми со неполни 2ипол односно 2 и 4м остана во последна јасли, има 4 јаслински групи. Искрено мене ми одговара за да немам такви ситуации како на снегулка. Моето со 6 полни и 4м ќе оди во школо што за мене е премија. Премали се со неполни 6 во школо, внука моја тргна така, не е спремна, не знаете која мака е. Детето не е ни по раст ни по развој за во школо.
Ако тргне порано до јануар мора да наполни шест. Има кај син ми дете тоа сега наполни осум, а другиве девет веќе полнат. Цела година разлика. Не заостанува во ништо одеше во градинка, но во прво спиеше на часовите наутро.
Засега ептен пружи отпор, не знам дали ќе се промени до тогаш или уште повеќе ќе се изфрустрира кога ќе сфати дека е со други деца и други учителки. Реално, не сме имале досега проблем околу комуникација со деца (со возрасни знае да биде тешка), ама она шо го осеќам е дека некако и е повредена гордоста, се осеќа понижено дека сите ќе се ученици а она не! И да, доста учат годинава, а и догодина ќе е истиот материјал па ќе и дојде како повтрување! Не знам дали ми е паметно сега да ја преместам, уште од сега да оди кај новите деца и учителки! Не одговара, помала е, догодина дури треба да оди во училиште. Може порано да тргнат во училиште деца родени во јануари! Ви благодарам на одговорите! Ќе пишам како ќе минеме со префрлувањето! Убав ви ден!
Мајки да ве прашам за искуство тие што имате 2 дечиња од кои едното бебе, дали си ги чувате двете заедно или поголемото оди во градинка? Како се справувате со болести и вируси кои се неизбежен дел од градинката? Поголемото ќе биде неполни 3 год кога ќе дојде бебе некаде во август па многу размислувам дали да го запишам уште сега во градинка да почне со адаптација или да седи дома и некако да се справувам со 2 бебиња. Иако е мн темпераментен и приврзан за мене, мн се плашам доколку оди во градинка и носи вируси дома. Сепак ја ценам градинката како установа, вака дома немаме скоро никаков ред на јадење, спиење, играње, ама тие болести некако мн ме плашат особено за бебе. Што мислите вие и баш би сакала да прочитам слични искуства. Поздрав
Мојот план е секако да оди во градинка. Прво, да не се стресува дека помалку ќе мунпосветувам внимание, туку да си продолжи со рутината и дружњњеро, и второ, неколку саати ќе.имам да се посветам на бебето повеќе.
Јас во период на вируси, додека е бебето премало, не би носела. На кумата моја и кажаа големката да ја чува месец дена дома зошто веднаш донесе бактерија на бебе. А бебе мало сирото на 2 недели со антибиотик, греота е.
Од тоа и ми е страв најмногу, бебе мало и неотпорно а голема веројатност да закачи нешто од поголемото. Од друга страна со две дома знам што ме чека (или не знам ). Ќе размислам уште некое време па ќе одлучиме
А замисли со две дома од кои едното болно, другото префатило, не иде. Што знам јас не би носела. Ем ќе се створи револт кај големкото, ем ќе страда бебе.
@kikin до сега како сте терале со малото, болежливо ли е или минете со полесно? Мојов ретко се разболува ама па дома седи, е сега не го чувам во стаклено ѕвоно ама кога би бил изложен на поголема група деца сиг ќе закачи нешто. Што знам, не сум паметна ич
Јас кога останав на породилно, ја оставив големата дома со мене и тоа поради две причини. За да не носи од градинка вируси и бактерии, а и за полесно да ја прифати новата ситуација и да се навикне на бебето. И искрено, не зажалив воопшто. Среќна беше што е со нас постојано, а и сакаше да ми помага околу бебето, да бутка надвор количка, да го гали дур се успива, да го бања заедно со мене. И, искрено мислам дека сега се толку блиски и приврзани зошто не ги одвоив ни минута од сам почеток. Кога тргна малото во градинка, тргна и големата без никаков проблем. Дури и среќна беше што заедно ќе одат. И трето кога би се решила да родам, би ги оставила двете со мене дома баш поради приврзувањето и лесното прифаќање на новиот член. Што и да одлучиш, со лесно
Moe licno iskustvo. Dve godini se razlika. Koga se rodi bebeto ne go prekinav. Super pominavme. So nekoja viróza. Ne gledav pricina da mu go remetam redot i rutinata na golemoto zaradi bebeto. Eve posle godina i pol rezultatot maloto e pootporno i site bolesti mnogu polesno gi pominuva od brat mu.
Моите се 2 год разлика. Син ми си одеше без прекин во градинка и немавме никаков проблем освен што малата пред 40 дена се разболе ама без терапија пројде среќа. Ама тогаш сите дома бевме со некоја вироза,може и маж ми од работа ни донел. Сега откако почнаа грипови и епидемии,не оди во градинка, да се смири малку ситуацијата па ќе го пратам пак,несакам да дреме дома, градинка си е градинка
Nie nemavme ni 40 Dena sinko ideshe vo gradinka malava nisto ne fati. Sega sme doma radi vakcinata ama pak ke odi. Pred se sekoj treba da si gi znae odgovorot odgovornostite i na decata ne treba da im se rushi sekojdnevieto za smetka na noviot clen
Јас ја пратив по 3-4 месеци во градинка. Ѝ требаше градинката, а во меѓувреме сфати дека бебето не е замена за неа. Од психолошки аспект немавме никакви проблеми, ама од здравствен, ѝ донесе бактерија.