Ми треба искуство од мајки околу градинки и вакцини. Синко до сега има примено само првата шестовалентна. На почеток на март планирам ако не стивнува епидемијава да го боцкам ммр. Па после тоа да продолжам со поливалентните. Е сега во идеални услови дури во јуни би завршила со вакцини а на ум сум да го запиштам од мај во градинка. Дали и колку е безбедно без последната поливалентна да тргне?
Сосема безбедно. Секако има антитела од претходните дози, а и болестите од кои штити не се раширени по градинките (ниту по државава).
Мојата тргна на 8+ без ниедна примена вакцина. Сега прими мрп, и таа и е прва. Здравје ќе ги прими и другите. Само да биде здрава (од кога оди во градинка нема еден месец да го оди цел без да се разболи). Така да, глеј што може да прими пред да тргне, нека прими. Не се знае, може нема многу да се разболува, ама никогаш не си на чисто.
Бебенце требa зa месец и пoл дa тргне вo грaдинкa,јaсли oд 9 месеци. Ме интересирa дaли претхoднo сте ги спремaле, вo смислa дa дaвaте дa јaде вo периoд кoгa би билo вo грaдинкa и сл. Ние сме спaнкoвци, стaнувa кoн 8 ќе цицa и призaспивa дo 10-11. Мислев дaли ќе требa дa гo будaм пoрaнo, дa јaде вo периoд кoгa немa дa цицa....милиoн прaшaњa вo глaвaвa и стрaв кaкo ќе се нaвикнеме нa грaдинкa
Дур да помине адаптација се ќе смислиш. Патем секогаш може таму да си продолжи да спие ако тоа време спие..
Син ми оди во јаслински групи, најголемата, ама има бебиња коиги носат заспани и си продолжуваат таму, ќе им објасниш дека е мал да сочуваат храна и после да му дадат појадок. Ќе им кажеш што јадел што не и тоа да му даваат. Само со оглед на тоа што кравјо млеко користат за кашите може не е лошо да му воведеш за гриз, сутлијаш и слично.
Јс сум малку изгубена па да си прашам тука. Дали давате подароци за 8-ми Март во градинка? Што давате како подароци за 8-ми Март во градинка? Не знам каква е праксата. Она што знам е дека би купила нешто симпатично. Не ме бива многу за домашни изработки, а и детево не сака бап со тоа да се занимава па без врска ми е да се мачиме околу тоа. Здравје кога ќе биде поголем може да имаме такви обиди ама сега за сега не.
Лани им направив на негователките на сите по една бомбоњера со персонализирани чоколатца, многу беше убаво, годинава нема да оди во градинка ама ќе спремам нешто сигурно, задоволна сум од женине, не можам да речам лош збор, ќе им земам по некоја ситница сигурно.
И јас истото го мислам да им подарам. Мислам дека и рачно изработена честитка би била доволна. Па може и таква некоја да направам.
Мислам дека е најбитно вниманието, а не самиот подарок. Со душа чекам моето дете да почне да црта, твори, тие подароци ќе ми бидат најдрагоцени. Не знам ни мојава дали ќе оди, болна е, на антибиотик, утре сме на контрола. Сакам од понеделник да ја пуштам. Нема тт, нема мрсули, само кашла. До понеделнил може и антибиотикот ќе го заврши. Аман веќе од ова седење дома. Овие ги правев јас, иам и помала варијанта, секако и кутијата малце декорирана.
Јас секој пат нешто симболично сум купувала,кога беше во јасли по една ружа,имам купено еднаш марами,а лани шоља за кафе нацртана со ќерка ми името и со текст за малку пари, а многу убави и како спомен,ептен беа воодушевени учителкиве.
Исто и син ми кога тргна во градинка се уште цицаше. Се навикна и таму не му текнуваше, ама затоа кога ке ме видеше уште дома не стигнати беше на цице.
Јас сум на мака. Некои градинки т.е групи имаат група на фб и Viber. Па се договараат за 8 ми март и слично. Е сега јас не знам ни еден родител од кај мали. Што ако собираат пари за поклон, а син ми однесе посебно? Не сакам да се двои, глупо е. Нов е во градинка и битна ми е адаптацијата. Не знам како да најдам родител, или како да знам дали постои група каде родителите комуницираат? Оди некое дете во Сонце, Ново Лисиче? Нека ми пише пп, не барам идентитет да ми открива.
Јуле, прашај ја воспитувачката дали имаат група на вибер и ќе ти даде контакт од некој од родителите. Обично има еден што е задолжен да пренесува информации, друг е благајник и сл. Барем така функционира нашата група.