Мојата сега ќе прави 9 месеци и кога отидов во градинка ми рекоа мора да прими ММР. Кога се обратив кај матичната истото ми го кажа и мене немале никаков допис. Прашав и во диспанзер ми рекоа мала е не се нафаќаа да ја вакцинираат бар 9 месеци да има па може. Така да и јас сум на иста мака немам излез ќе морам на 9 месеци да ја вакцинирам
Дописот, односно забраната за одење во градинка гласи единствено за ММР вакцината, поради епидемија на морбили. Е сега, децата кои се помали од 1 година, ако примат ММР на помала возраст има обврска да примат уште два пати, односно повторно на 13 месеци, па на 6 (или 7) години ревакцинација. Значи 3 пати ќе се боцкаат со ММР зашто треба бустер на имунитетот.
Се врзуваат на 9 м затоа што во упатството пишува дека тоа е најмала возраст. Хмммм. Јас дописот кој го видов вика по календар, не ммр.
Ама вие сте 13 месеци, мислам поголемки сте. Матичнава ми вика ако сакаш и на ден роденден вакцинирај ја, не порано. И ја би така, али... Денес ќе прашам во градинката. Ќе ви пишам. А до кај е епидемијава?
Незнам дали е точно, може некој што боцка во Грција ќе потврди, ама познаничка која го вакцинираше малиот на 12 месеци (значи по календар) во Грција кажа дека наводно таму посекако ревакцинираат три месеци по првата боцка. Наводно тоа кај нив било пракса по календар откако имале епидемија пред некоја година.
Јас во овој случај имам само чувство дека сите прават кој како му одговара. Докторите не се кадарни да кажат застани не смее така, градинките се оградуваат бидејќи казните се огромни, не сакаат да ризикуваат, диспанзерите креваат раменици. И кој е сега паметен да постапи? Инаку! Во Србија се најавувал закон кој вели дека деца кои немаат примено вакцини ќе немаат право на здравствено (или матичен) не ја разбрав тетка ми, овие казни и кај нив постојат и истите ќе важат и за матичните лекари. А знаеме во Србија колку се озбилни со оглед на тоа што приведуваат мајки за невакцинирање и одзимаат родителско право.
Мајки да споделам. Вчера бев во градинката на ќерка ми да ја земам уплатницата. Ми кажаа дека стигнало допис од труд и социјала да се испишат сите деца кој не одат во градинка, а плаќаат за место. Истото потоа го разбрав и од човек чија жена работи во градинка. Наредниот период ќе има инспекции од министерство кои ќе ги "чешла" списоците на децата и сите кој се запишани а не се појавени ќе ги избришат.
Da i kaj nas samo mmr ja baraat. Sin mi odi. Mmr ima primeno, ama revakcini na dtp ne site. Koja gradinka ova?
Глупаво би било да е така. Пошто помалите додека се адаптираат почесто се разболуваат, па прават паузи од градинка, некои и подолго време не одат. Нема логика, ама веројатно од министерство сакаат да го решат проблемот со немање место во градинките. Ама ова не е начин.
Мене ми кажаа повеќе од 3м нема да чуваат место веќе. Односно ако повеќе од 3м плаќаме а не оди дете ќе не отпишат.
Фала за информацијата. Добро, три месеци е веќе ок. Мислев да не почнат да ги отпишуваат тие што не се појавуваат по две-три недели. Ми олесни.