И нас прва априлијада во градинка Ке го маскирам, го носам јас после доручек (поради посебна исхрана, еден месец што морам да ја терам), па ке си го земам пред ручекот и ке шеткаме надвор. Таман да си се сликне, знаат и да ги шетаат надвор ако е убаво...
Мајки дали ги пуштате децата во градинка со затнато носе? Малиот ми е затнат му правам инхалации, спрејче од вчера му прскам 3пати на ден само ме мачи тоа дали да го носам во градинка а само што се навикна па ако не го носам неколку дена потоа да не ми прави пак драми плачки нервози
Во ред е да се носат со затнато или растечено носе, но под услов дека е утврдено оти станува збор за обична настинка, алергиска реакција...! За жал, поголемиот дел родители на своја рака си утврдуваат дијагнози, а можеби станува збор за бактерија, вирус и ете беља за здравите деца во групата во градинка. Можеби некој (ќе) ми се чуди на паметот, но, пред се заради своето дете и за растечено носе носам на лекар. Сепак, сакам да сум раат.
И со температура носат, Дур ја чекав малава од адаптација доаѓа типацов збори на телефон и кажува како го викнале детето оти има тт и цела ноќ изгорело. Еј!!!! Цела ноќ изгорело и го однеле човече. И тоа во групата кај син ми. Му го донесоа и за рака го фати и по скали надоле, бар у раце да го земеше. Учителкиве беа мн лути, ифрит! А и јас исто, па им пишав и на групната на фб. Сабајлето на носење плачел а мајката рекла го удрила случајно па затоа плачел. Што држи земјава..
А не ги враќаат назад? Овде воспитувачките ако не приметат одма а приметат по половина час дека детето е донесено болно се јавуваат одма да си го земеш и секогаш те потсетуваат да има поминати 48 часа од како последно му е измерено висока тт Исто се однесуваат и со вирусите и обичните настинки Растечено носе поминува..
Тие родители уште не ги разбрав, детето да си го однесеш со температура. Па ајде, настрана тоа што може другите да се разболат, за своето дете малку грижа, не го ноам така, срцето не ми дава да се мачи.
^Еден комшија на мм му се пофалил дека детето со пролив го дал на градинка.Како се изнервиравме со мм и ако не е во нашата градинка.А ние почитуваме период од 48 часа.За кој ,заради детето .Болно дете сака само дома само со мама и тато да е ,ни да игра ни ништо.
Епа веројатно не го приметиле дека има во моментот или може и немало, кога го приметиле ги повикале. Ова беше накај 9.30 сабајле И белешка побарале од лекар пред да го вратат назад. Али знаеме белешки како се даваат кај нас Кога родителитр немаат совест и жал за СОПСТВЕНОТО дете да го пуштат таму на "мачење" јер тоа не е дома и не се мама и тато таму, тогаш ги заболе дал моето или твоето ќе префатат. За нос и кашлање ми е ок, ама тт или пролив или вошки ни е големо НЕ. (среќа кажала за вошките па ја вратиле) @kikin
Ова со тт и пролив, страшно, немам збор...не ли им е грев и страв пред се за сопственото дете Не може никој да ми тврди дека не може 30 мин да излезат од работа, да земат слободен ден, отворат боледување и слично, за да однесат дете на лекар. Тукууу, познавам многу родители кои викаат во стилот „еее боледување, ќе ми скратат од плата...што ќе трошам денови од одмор... “Налет и плата и одмор, ако дете ми се разболи. И мене не ми се трошат денови, и јас не сакам помала плата, ама детето пред се. И си признавам, ми се темни, особено на ммкога треба да се иде на лекар, речиси од еден до друг крај на градот, ама тоа е... Ќе повторам, во ред со растечено носе и кашлица, но, доколку лекар утврди дека станува збор за настинка, алергиска реакција!!! А, не лие нос, заради бактерија или има вирусна кашлица и носат дете во градинка, не одат на лекар. На 2 год од навидум обична кашлица завршивме со бронхопневмонија, а го однесов по неколку закашлувања веднаш на лекар! П.С. Па може и јас многу се потресувам, не знам...
Колку нејќам да ми кратат од плата, ете со боледувањата од јануар уште не можам да се ставам во колосек. Колку сакам да си чувам денови за во јуни на одмор да одиме. АМА, АМА, се тоа само ако е океј мали. Ако нешто му се случува, ма ич не ми чуе за парите и деновите, ИЧ. Се кaрам и со доктори за боледување, и на работа се објаснувам, и се праам, ама дома си седам со него. Ете така. ( а пари на сите ни трербаат, сите имаме сметки кредити давачки...тоа не ми е изговор,)
Кога ќе влезе човек во јасли, кај моиве, пола деца кашлаат пола деца се со мрсули. Чисто сумљам на некое од нив да провериле брисеви. Во градчето е само една ординација, па не верувам дека имаат избор да се префрлат кај други, а принципот на работа таму е тој. Се сеќавам секогаш кога беа зелени мрсулите викав барем крвна слика или брис(не дека се правило зелени мрсули, ама сепак мала индикација вредна да се провери), не и не. На моиве еднаш само, од око стрептококата ја видоа на брза помош(оти едни исти бактерии се вртеле меѓу децата, тие биле), антибиотик дадоа. Со матичната немаше разбирање дента, па на полноќ со над 40 трчавме во болница. Лани кашлаа буквално пола година без престан. Хорор. Не се сеќавам точно, но мислам дека 8 недели им беше ок, дека не треба да се третира. Воздух не можеа да земат, сто пати ги носев на лекар, ништо. Еднаш прашав дали детево рота има, симптомите слични беа. Одговорот беше што ми менувало. И кај нас може секој момент да ти се јават да си го зедеш детето доколку не му е добро.
Мене еднаш ми се јавија да ми кажат дека малата има висока тт, веднаш отидов да ја земам и воопшто не беше топла. Од градинка на лекар отидовме, ја прегледа, немаше ништо. Малку беше скисната заради забите и поткашлуваше. Сум ја носела и со растечено носе и ако поткашлувала. Мојава зимоска беше стално таква. Ама не беше болна, туку обична настинка. Ниту еднаш во овие година и пол не пиела антибиотик. Еве сега како се стопли времето ни кашла, ни нос и тече. Не ја носев во градинка само кога ја вакцинирав со мрп. Ама да имала некогаш висока тт, пролив, повраќање секако дека не би ја носела ни тогаш.