^ За мене поразителен би бил фактот дека јас како родител не сум успеала на основно воспитание и култура да го научам своето дете, па да се радувам што во градинка успеале. Да правилно воспиташ едно дете треба време, посветеност, здрави нерви, секој ден, секој час, секоја минута додека си со него. Детето не постанува такво какво што сакаш само по твоја желба туку треба многу труд. Да кренам раце од своето дете уште од малечко и да речам -не можам, ќе го носам во градинка да се справат со него, како што кажав, поразително. Мислам на оние родители кои со таа цел ги носат децата во градинка, не затоа што мора да работат.
Без разлика дали е од куче или човек, мора да се вакцинира. Тетанус не е беснило, тука може да си помешала. Против тетанус се вакцинира секогаш кога има посериозна повреда со рана. Јас имам примано тетанус два пати во размак од 15 години (поминува дејството за не знам колку год.) за дупната глава и за исекотина на нога. Кој ти вика дека е задолжително? Остај што зборат на тв, реалноста е друга...мислам креирана по избор на луѓето,а не на институциите. Не верувам дека има посилна институција од став на исплашен родител. Јас имам другарки кои не си ги вакцинираат децата. Имам другарка која поливалентните вакцини само не ги однесе да ги примат, другите да. За упис во школо секогаш има некој кој може да се потплати. И ајт... А друг смешена работа ми е што мајка ми до 7 години немала примено ниту една вакцина, никој никако не реагирал, а фала богу жива и здрава е, а и во школо без проблем ја запишале. Баба ми не сакала да ја носи зошто многу деца во тоа време од вакцините сериозно се разболувале, на некои дури и забите им паднале. Во време на комунизам луѓето имале повеќе право на избор него ли денес. Јас затоа цело време си ја зезам дека е хипстер, не примала вакцини уште пред да биде модерно. Ама од друга страна ја признавам неопходноста од некои вакцини за болести кои се уште постојат, но не и тие што лажно набиваат тензија дека се вратиле од историјата или пак ја потенцираат нивната сериозност во време на напредна медицина кога може многу полесно, побрзо и поефикасно да се лечат и без вакцини. Се уште немам конкретен став, веројатно ќе ми се разбистри кога ќе имам деца. Надвор од темата сме, ова е веќе за дискусијата со вакцините, но нејсе, сакав да се објаснам само.
прво оффтопик Ранитепредизвикани од човек се сметаат како едно од најзагадените и ДА за нив се прима тетанус вакцина . Инаку ди те пер се прима во здравствен дом и тоа во 3 дози плус 2 ревакцинации и потоа повторно се ревакцинира Тетанус (по индикација) ако од пследната ревакцина поминале 10 год т.е лицето има возраст над 30 год, така да ако е поборник против вакцини детето на 22 месеци за да има заштита тр еба д аги има примено сите 3 дози. Второ он топик Ниту на едно дете не треба и не смее да му се случи тоа да биде изгризано или било како нападнато . посебно не во установа каде детето се дава на чување па макар и една воспитачка да е на 100 деца за тоа што се случи ама нема никакво ама баш никакво оправдувње и треба да биде санкционирано и тоа не само воспитувачките туку и родителите на детето
Баш така. Се сложувам потполно. Не може родителот да си воспостави авторитет над детето, па полесно им е некој друг да го направи тоа. Колку и да зборуваме за воспитачките, и нив не им е лесно. Секакви деца има, а денешните поготово знаат да бидат разгалени и да немаат однесување, а при тоа не смееш пола збор да им речеш, зошто мама, тато се познати или видни луѓе. ^ Spoiler Мислам дека децата кои не се вакцинирани ги премачкуваат на изгребаното само со хидроген или со нешто друго. Затоа и пишував во темата за ова, поточно во темата за грижа кога детето не е вакцинирано. Си има и тоа начин, не е оставено само на себе.
Во градинките се врши СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА! Домашно воспитување не може да се стекне ниту во градинка,ниту во училиште ниту на факултет.
Се изначитав разни мислења во кои децата кои се чувани од баба и дедо, а градинка со нос не помирисале биле поагресивни.Нешто друго? Мене од секогаш ми било премногу криво што мајка ми цело време работеше, и уште работи.Заминуваше во 6наутро а се враќаше во 3 уморна в крај, физичка работа беше.И сега ми текнува колку ми беше криво што никогаш не дошла да ме земе од училилиште. или дедо и баба, и тато работеше ама доаѓаше понекогаш или си се враќав со другарки.Сето тоа од прво одд.Гледајќи ги сите деца со мајки за раца, јас уште помнам што чувства ме обземаа тогаш.Али, никогаш не сум сакала да одам во градинка.Детството на предучилишна возраст го поминав надвор и ми било преубаво.Пробаа да ме запишат во градинка, поодев само 1 месец и едвај чекав да си идам дома па да излезам надвор.Се откажав после месец, кога мама се породи со брат ми и одредено време отседа дома.Бев пресреќна ради тоа што ќе биде по цели денови дома, а за градинка не ни сакав да слушнам.Исто и брат ми, растен е со мене, со баба дедо и мама и тато. АЛи времето кои мојите го поминуваа дома, беше буквално искуристено за нас.И нај уморни беа, но сепак што и да и речевме правеа.Во парк со точак сакам, на излет сакам, сакам на тост, сега сакам да гледаме сите филм заедно.Нема проблем.Денес јас и брат ми да не се фалам ама сме многу културни и добри деца.Градинката не ни смена ништо. А разлика.Братучедите мои се растени буквално во градинка.Тетин ми тотално незаинтересиран, работата му беше изговор, а тетка ми беше жена мрза.Иако беше по цели денови дома никак0о не успеа на да изведе на прав пат.Братучед ми е агресивно дете, и тепач, а брачедами е многу повлечена, премногу. И што смена градинката тука?
Бубаче како бре што бара 21 месечно бебе во градинка Како каде била мајката? Ти го прочита убаво постот на мајката? Јас прво би прашала како тоа не ја известиле од градинката? Ти си одела во градинка? Ако да, од која возраст си тргнала? Утре кога ќе имаш дете ќе си дремиш дома и ќе си го чуваш, а мажот, свекорот, свекрвата ќе работат за да те издржуваат? Алал да ти е ако мислиш дека вака ќе биде.
Нати кој ти е проблемот на тебе? 21 месечно бебе седи дома мајката треба да го учи на главните манири, од кај ќе знае 21 месечно бебе што треба да прави во градинка. Обиди си ти да му кажеш на тоа бебе дека нема се да негово, дека мама мора да работи, дека мама нема време за него. Те молам, ти немој да ми кажуваш како ќе бидеее, немој да ми ја предвидуваш иднината. Мене ме пратиле во градинка на 6 години ама тогаш мајками не работеше си имаше стаж работа и пари на страна за мене, се што сум сакала сум добила, се ми било овозможено. Тогаш знаев дека нема се да биде мое, дека има други деца, дека ќе делам со нив и храната и собичката. 21 месечно бебе ова ќе го знае??? Затоа дошло до таа ситуација мајкаму не работела пред да го роди што е факт дека е нејзина грешката. Ако сакаш твоето дете да го учи "туѓа" мајка додека ти работиш и се шеташ за тоа време и по ручеци одиш тоа е твое размислување. Но, кога на дете ќе му кажат нешто тоа ќе му влезе во глава и тоа така ќе мисли дека е а уствари не е. Оди извади го кажаното после. И после децата биле агресивни и незнам уште какви. Како порака прочитај го постот на Христина над тебе и ќе ти стане јасно. Ако не ти е јасно твој проблем. Како ти ќе го воспитуваш твоето дете тоа е твое право. А за едукација и дружење со други деца има време. Не ви бега тоа никаде.
Бубаче вработи се па купи си стан за кој ќе треба да плаќаш секој месец рата за кредит , па пробај да заштедиш за да седиш 6 години дома и пофали ни се кој работодавач ќе те прими по 6 години кога ќе изгубиш секаква допирна точка со професијата .
Ајде бе важи. Ти гарантирам дека нема да изгубам ништо. Ама ти ќе изгубиш најважната работа во твојот живот - воспитанието на детето. Кога ќе порасне и ќе загуби контрола над нешто да му речат "Мајкаму на ништо не го научила". Тоа ќе те боли, ќе видиш ама тогаш ќе се сетиш што е било поважно ти да го научиш или други да ти го учат.
Но донекаде ја разбирам бубаче што сака да каже иако претерува со годините. Јас направив избор да не одам на работа првите неколку години од раѓањето на моето дете, немав некоја работа за која би ми било жал ако ја изгубам, немав помош од баби и дедовци, не сакав на година дена да носам бебе во градинка, па се снајдовме некако со една плата. Затоа сега за второ не можам да се одлучам, затоа што имам добра работа, и ако решам повторно да родам, ќе треба да оставам бебе во градинка. Јас лично не можам, мене ми е тешко кога гледам други бебиња како ги носат во градинка, можам да замислам на мајките како им е. Но кога се нема избор и кога се мора, се мора.
Демек сите што се дома чувани се највоспитани на свет а сите останати што по некој сплет на околности биле носени во градика се деликвенти и карактерни пропалитети.. Мислам шта речи сувишно е да се дебатира после овој заклучок ..
Со 6 години во денешно време децата тргнуваат на училиште. А, Бубаче, со твојот дрзок однос кон другите феминки, се гледа разликата помеѓу деца растени по дома и во градинка. Имај во предвид дека половина од нив се постари од тебе. Нешто што во градинка те учат е да ги почитуваш постарите и врсниците. Детето, според мене, се воспитува од првиот ден. Тоа секако ќе пробува да изгура по негово, но должност на родителот е да го научи што е правилно, а што не. Од друга страна, пак, родителот поради преголемата љубов кон детето ќе сака се‘ да му удоволи, а во градинка на детето ќе му се постават граници. Низ играта со другарчињати и низ вежбите коишто ги работат со учителките на детето му се развива керативноста, му се шират погледите и се здобива со знаење. Јас до ден денес се сеќавам на вежбите по математика во градинка. Не сите родители се педагози, па да знаат точно какви вежби му требаат на детето додека е во предучилишна возраст. Во градинка знаат. Градинките многу придонесуваат во психофизичкоит развој на децата.
Дали ти сакаш да кажеш дека ние кои сме иделе од мали у градинка, пошо мајките ни немале стаж и морале да одат на работа, за да има доволно за сите, СМЕ НЕВОСПИТАНИ?
Не, туку оние кои седеле со баби и гледале серии се невоспитаните. Отиде дискусијата во генерализации, ги поделивме децата така просто и едноставно на оние кои одат и оние кои не одат во градинка. Секое дете, семејство, си е приказна сама за себе, и не треба толку лично да ве погодуваат туѓи мислења.
Spoiler So ste se zapnale da mu objasnite nesto na dete. Od nea trgnete kakvi se decinjata so se rasteni od majki so staz I pari nastrana, razgaleni, a pred se nevospitani. So deca ne se diskutira nesto tolku seriozno. Decinja stalno mislat deka se vo pravo, sakat se po nivno da bidi. i jas mislam deka temata se napravi kasa-popara.
Значи ниедна тема не може без расправи и препукувања. А да не зборувам за постојаното убедување ти не си во право, јас сум итн. Понатаму контра реплика и напади и темата отидна во неповрат. Секој има право на свое мислење, друго јас мислам вака, а некој друг онака. Тоа е ок. Темата е такава каква што е, секој споделува некое искуство што го имал. Темава е за родители и деца, а не коментира кој како ќе стигне и хаос се прави. Друго СИТЕ ДЕЦА НЕ СЕ ИСТИ, секое дете е различно на свој начин. Значи дека нема потреба од убедувања. Родителот е тој кој одлучува што е добро за неговот дете, така и нивна лична одлука е дали ќе ги пратат децата во градинка или не. Немата право да се мешате во туѓ дом и да менувате нечиво мислење. Јас мислам дека треба на темава да комуницираат и споделуваат искуства само родители. Нема никаков ред значи, а најмалку респект спрема некому. Јас не сум одела во градинка и што ми фалело мене а? Тоа одењето во градинка не значи секогаш и правилен развој и социјализација на децата. Секое дете е различно, нема исто дете. Познавам и деца кои не сакаат да одат и тешко се прилагодуваат во градинка. Познавам и родители кои ги отпишале своите деца од градинка првенствено поради не прилагодувањето на детето во градинката. Тука се зборува пред се за не сакање и плачење да детето, одбивање храна и спиење, добиени вошки, инфекции итн. Сведок сум и на пример каде дете кое оди во градинка научило да пцуе и да зборува секакви вулгарности од неговите врсници во градинка. Сепак во градинка има секакви деца. Воспитувачите понекогаш не можат доволно на сите деца да им се посветат, се остава простор и за вакви работи. Зборот ми дека секое дете е приказна за себе и секој различно се прилагодува кон градинката, потоа се отвора и нов аспект за предностите и недостатоците на една градинка како установа која се грижи за деца нели. Понатаму постојат и деца кои преку градинката учат многу корисни и убави животни навики. Деца кои драстично се менуваат на подобро од оној момент кога почнале да одат во градинка. Зборот ми е дека постојат и позитивни и негативни страни на оваа тема- Децата и градинките. Различни деца, различна адаптација и различни градинки и услови. Родителот ќе одлучи што е најдобро за неговото дете. Доверувањето на децата на нивните дедовци и баби и тоа си има и мани и предности. Во главно се зависи од самото дете и вредностите на кои се подучува од постарите. Јас не сум родител еве, ама морав да ви пишам зошто ве читам редовно и баш ми е мака кога ќе видам дека на сите теми истово се случува. Позз до сите.
Јас ја разбирам Бубаче. Не знам што толку и се нафрливте, па и трол ја направивте. Мислам дека стварно не сте фер и не е коректно. Досега ја читав, многу фино си пишува, а ја направивте не знам што. ** Ја разбирам, зошто да сме реални: мајчината грижа, нега и воспитание никој не може да ги замени. Никоја жена однадвор нема да ви се грижи за вашето дете подобро од вас самите. Една е мајка ! Посебно бебињата во јасли. Лично јас сакам да сум тука кога детето ќе ми прооди, кога ќе му растат запчиња, кога треба да се менуваат пелени, кога треба со љубов да си заспие, кога ќе треба на глава да ми се качи. Не верувам дека некоја жена од в градинка ќе го прави се ова со толку љубов и грижа како мене. Не ни сакам друга жена да ме замени. А, на детето најважна му е љубовта ! Потоа, во јасли се по неколку дечиња. Мислите на сите им обраќаат целосно внимание ? Зошто е грешно ако некоја мајка сака во најважните и најмалите години да си е со своето детенце ? Гледаме какви се денешните институции и колку ги ‘учат‘ и ‘воспитуваат‘ на децата. ** Да ги оставиме парите и можностите настрана (зошто тие се оние кои не тераат на определени работи), немојте да обвинувате некој кој сака да биде повеќе време со своето дете, а посебно бебе !!! Spoiler Конкретно за дечињата, како што пиша Македонка, во градинка има сенекакви деца. На улица не го оставате да се дружи со којгоде, ама в градинка немате можност да наредувате со кој да се дружи. И јас сум сведок на наши дечиња од фамилија кои биле во група со побесни и поневоспитани деца, па се научија да пцујат, да се тепаат, да се катастрофа. И прашај ги кајо го научи ова: в градинка.
А тие, поневоспитаните деца, од каде научиле да пцујат? Од родителите научиле. Значи џабе ќе си го чуваш дома, ако не внимаваш како го чуваш и што зборуваш и правиш пред детето. Никој не ја доведува во прашање љубовта на родителите. Овде станува збор за тоа дали градинката позитивно влијае врз развојот на детето, и, конкретно, за состојбата во нашите градинки.