Јас би му зборела, му зборев. Сметам дека не можеш ништо да изгубиш, напротив. Кажувај му дека за неколку дена на пр "Јана ќе слави роденден...кога ќе се стопли ќе ги шетаат во ЗОО...ќе гледаат претстава",финти што упалиле кај многумина И пробај со доручек, таман ќе имаш неколку дена да испиташ терен дали јаде, како реагира, па по потреба да се интервенира соодветно дури преземат баба/дедо.
И зборев и јас и уште и зборам. Почна со доручек после 3 дена бидејќи не плачеше, па за 1 недела и со ручек. После 2 недели почна со плачки, најмногу плаче во понеделник, петок веќе подсмирена е Ја однесов одма и на првиот роденден кога доби покана да види дека и надвор од градинка ќе се дружи со децата и пресреќна беше.знам дека е твојот помал ама пробај однеси го ако веќе полнуваат да се канат по родендени.
Блиц прашање,каква е дтп хекса? @AngelOfArh ова е првата дтп на 2 м што се прима ? Ме збуни дека рече после следува ревакцина...а реално уште една доза има па ревакцина (и ние пред некој месец почнавме со вакцинација па затоа се заинтересирав)
Не не, втора доза било, па трета и ревакцина за 1г. Имаме закажано за следна недела ама ќе си почека малку.
Имав и јас за оваа недела,ама пред една недела бевме на антибиотик,па ќе почека закажаното да помине одреден период после антибиотик. Добро, се разбравме
Ние сме моментално со стомачен вирус сите дома а он со црвено грло. Језа. Не го боцкам уште еден месец сигурно.
@Цвет88 @PUPICA @M&M благодарам за советите. Јас му зборувам цело време, ама мислев да не го притискам па да се исплаши. Реално он не бега. И кога го земам си поседуваме барем уште 5 минити и му објаснувам колку ќе ми биде убаво, дека ќе пеат песнички, ќе си играат. Дека го носам да си игра со дечињата и дека јас секогаш ќе го земам дома и ќе си се гушкаме заедно. Си плаче повеќе од солодарност. Пред некој ден на игралиште едно девојче плачеше и он од солидарност си рикна да плаче. Малку се смени, порано не ме ни перцепираше толку, повеќе јас го гњавев за гушкање и се. Сега малку накај пијавичка тежнее, иако прееска го оставив кај моите и со нив не прави проблем. Додуша навикнат си е зошто они го чуваа и летото, а и последниов месец - два. Останува да видиме времето ќе покаже. Утре дефинитивно ќе го носам на доручек. Сакам со мене да ја помине таа фаза, за да биде посигурен. Па после ако треба другите фази ручек и спиење ќе ги темпираме во од.
Јас и зборев за градинката секогаш позитивно и насмеана.Никогаш не ја плашев ако не си мирна ќе те оставам таму.Секогаш кажував што ќе прави таму.Добар е чим за 1 недела 2 часа оди.Ќе се навикне не се сеќирај некое порано некое подоцна.Договори се најдобро со воспитувачките како да правите. Јас и ден денес ако не оди неколку дена ја потсеќам на градинката.Како ќе оди па како ќе си игра со другарчето.Некогаш ја фаќа криза и за викенд ми бара градинка, а колку тешко се адаптира.Како расте ќе свати дека мора да оди оти нема кој да го чува. Трпение само ќе успеете
И јас и зборувам убаво за градинката, дека ќе оде кај децата, ќе си игра со нив. И кога ја земам ја прашувам што правела, со што си играла ( вика гол ), ја прашувам дали спиела и она заврте главата, замиже и почне да рче. Нема ништо лошо во зборувањето
@Ava.84 @forumce ви благодарам. Денес добро пројдовме. Го однесов на доручек. Имаше плачки, ама тоа е. Кога го земав ми рекоа дека доручкувал, а и дека ужинал пред да го земам што ме радува. @Ava.84 не можам да се договарам тука со негувателките, зошто нив ако ги прашам ќе ми викаат секој ден да го земам за пола саат. Си го пратам детето. Знам дека е неизбежна фазата со плачки, ама ќе помине.
Јас ја однесов денес во градинка. Убаво времево викам ајде денес среда среќен ден. Да земам уплатница, па остана 1 час. Весела била и се смеела. Од 9 до 10 седеше. Фино беше. Плачки немавме. Се плашам само како ќе заспива таму, ништо друго. Какви се вашите искуства со спиењето во градинка?
Теди и мене ова ми беше најголема дилема кога тргнуваше ќерка ми во градинка на 9 месеци,како ќе заспива,бидејќи дома заспиваше со цуцла и нишкање,галење.Е таму е друга приказна ги легнуваат сите во креветче и они сами се успиваат,може ќе плаче ама ќе се навикне.После тоа како растеше и дома ми викаше да ја оставам во креветот сама да спие (ова за дневно спиење зборам).
Теди јас исто прашав иако мојот батко е. Воспитувачката ми рече дека ги тапшаат по грбче да заспијат ако се мачат или се адаптираат и не знаат како сами да заспијат. Не знам дали важи за секаде, јас овој одговор го добив.
Во нашата градинка бараа и потврда и картончето вакцинално да го однесам. Денес ја пратив мојава цура само со потврдата, не ја вратиле ама побараа и картончето да го однесам. Здравје утре.
Е картонче не ми побараа, потврда имав во документите за упис, па видов дека ја гледаа, и ме препраша кој датум примила ММР, не се читала некоја бројка.
Јас поднесов картонче, ама ми рекоа кога ќе можам да земам некаква потврда од диспанзер. Каква е таа потврда тебе што ти ја дале?
Moevo dete e zapisano pred edna godina ama ne odese zimovo radi vakcinata. Denes prv den od dekemvri ni bese.