За заспивање, на почеток ќе ја заспијат во раце па после сама. Мојава од прв ден сама заапивала, баш се чудеа. Дома во раце ја заспиваме сеуште а 16м е. Адаптација според дете ама ти диктирај. На нив ако оставиш може и месец дена да влечат по 2ч на пример. Носи од вторник со појадок
Ние се навикнавме за нецели 3 недели. После тоа мораше да почне, ја оставив, па ако има нешто ќе ми ѕвонеа. Седи веќе цел ден и со спиење и тоа после направена пауза зашто беше болна. 10 месеци е.
Дома ја успивав со саати и со цице и во градинка од прв ден обид да спие таму заспала за 3-4 минути и така и продолжи за неколку минути заспивала сама. А мислев дека е невозможно! Адаптација минимум две недели. Максимум еден месец. Се разбира некое дете ќе се адаптира за пократок или подолг период од ова. Ако има цуцла ќе заспива со цуцла во градинка. Ако нема не пробувај тек сега да му дадеш само за да заспива во градинка сам. Ако има некое омилено мече или ќебе со кое што спие дома може да го однесеш во градинка (ако е дозволено) да заспива со него.
Женички да ве прашам,дали за крај на годината т.е кога завршувате со градинка им купувате некаков подарок на воспитувачките и негувателките
Секој месец се носи влажни, а останатото е различно, зависи што фали. Ние прошли месец имавме влажни и тоалетна, овој влажни и течен сапун, следен може само влажни... Крема и јас не мачкам, им реков само ако е црвен да мачкаат, не треба иначе и ме слушаат. Мојот е алергичен на пудра бебешка, од неа се праи рани, им имам кажано и не ставаат. Во принцип во договор без нервози се средува се. Имаше една мајка прв ден се искара со негователката и еве сега уште се во тивка војна, два дена го носи, трет се кара, еден месец не го носи, се нешто нејзиното беше запоставено и тргнато на страна, неубаво избришано и што ти јас знам што. Имало ситуации да биле за расправање, има една негователка маче не би и оставила а камоли дете, одбивна е, ама тоа е што е, не се расправам таму. Една ми рече дека детето ми е аутистично, онака од чиста мира, колку да ме растресе, па се извинуваше после. И мене некогаш не ми е денот па знам да свикам на работа, тоа е што е.
Точно секое дете различно. Моето иде во градинка и фаќаше вируси кои исто се тешки дур поминат, еве појдовме на одмор се вративме со гнојна ангина, па сега прв пат и антибиотик пие. Значи ако фаќа ке фаќа и надвор од градинка. Така растат така старееме.
Мами, таму заспива сама, а дома бара нишкање? Јас па викам ко ќе почне таму сама да заспива, ќе спие и дома сама. Ко трупче е мојава. Ми попаѓаа раце
Да бе, да се чудиш а и јас на тоа уво спиев ама ништо Е ако имам одвишок време (зш брат и сакам со мене да заспие а нејзе татко и почесто ја заапива, може да лежиме на спална и така да заспие ама и треба многу време, а во раце за макс 5 мин е куфер. Али у градинка одма заспивала
Ме разочара сега Мм ме убедува да почнам да ја оставам да спие, демек ќе научи да заспива и мисли нема да има нишкање веќе. Ко ќе му кажам сега
Кукла не и се сеќирај многу. Моево до 2ипол со цуцла исклучиво и со рака кај мене на уво, ме откорна. Како ја остаивме цуцлата така дете почна само да заспива. Не нишкав ама мораше до него да си, да го гушкаш. Сега знае и сам да рече, ај пицкиуцкам во кеветче. Во градинка кога заспива им спие сам, ќе се покрие и толку, така и дома прави.
Не се разочарувај, една е па имаш поише живци за тренинг. Јас од мн мал го научив него. Некогаш требаше и 2 саати ама упорна бев и немав други обврски. Легнете на спална во темница и ќе се научи
Потрпелива биди. и мојата сакаше само у раце, па научивме самосо лежење и кревет, не ја зимавме никако. Не бива на 3 години уште у раце. Нема никакви навики со мече, со играчка, или пижами, цуцли... самоау кревет да и кажувам приказни и заспива. Од градинка научи дека она реба да спие а некој да ја чува, па не смеам да замижам додека н заспие, да сум ја чуфкала
Ми викаат и во градинка да ја оставам дека ќе заспие. Ги гледа таму децата и дома легнува и вика "шшшшшш" нане 30мин ја оставам. Прошлава недела 1 заспа сама. Има надеж
Затоа ја нишкам. Она се мази со лицето во моето, па ми вика мамиии. Си викам нема вака да е цел живот. И кога ќе почне да ме пече желудник од тежината си викам мора да ја научиш. Дај Боже
Дома преку ден до скоро заспиваше во количка. навечер на спална со млеко и некој да лежи до него. од пред скоро и денските дремки гледам да се на спална легнат. Ако забележам дека ќе биде долг процес зошто пробува да ме заигрува, мижам и глумам дека спијам и на крај ќе се предаде и ќе заспие. Ама не реагирам дури и кога се обидува да ми се качи на глава или да јава коњче - џиха, џиха Е денес ме побудале. три пати се обидував да го заспијам - прво во 12, па во 13 и на крај во 14:30 заспа. Дали дека слабо истрчан - дека изгор е надвор, па брзо се прибравме, ама ме побудале. Јас три пати задремав со него глумејќи дека спијам, а он си игра низ кревет - дипли кебиња, стани седни, ама никако да заспие Од пред два дена го оставам во градинка со спиење и спиел без проблем. Првиот ден дури мајка кога отишла да го земе во 2 морале да го будат - се успал дечкото. Така да ја поминавме и таа фаза и сега може да тера целодневна. Нормално мене насабајле ме излудува со кенкање додека го однесам, ама битно весел излегува од таму и јаде/спие.
Еј мене ми се случи еднаш, станата е, јаде супа Сакала да дојаде, па ќе дошла ))))))))))) дете мое супата да си ја дојала ))) И веќе и да можам, пред 3 и нешто не ја зимам, за супа да си јаде
Синко во петокот плачел за ужинката. Додека се спремале за да излезат, ја донеле ужинката, и дете кутро почнало да плаче. Од сега ќе си го зима во 15-15:30 и среден проблем