Ако едно дете оди во градинка од годинка не значи дека родителите му се незаинтересирани или мрзи Твое право ако мислиш дека најдобро е да седиш дома додека да тргне на училиште. Јас тоа нема да го сторам. Градинка си е градинка, не може да се спореди со седењето дома. Она што ќе го научи таму, сигурно дека нема да го научи на улица и дома. Сепак, улога игра и тоа какво е детето. А дека ќе биде мирно и послушно ако седи дома со мајка му, многу грешиш. Размислувањето дека ќе работиш и платата ќе ја тргаш на страна за кога ќе го родиш да си седиш дома 6 години воопшто не ти држи вода
Мене во градинка воопшто не ми беше убаво, секој момент кога ќе ме разбудеа во 6 сабајле да се спремам за градинка ми беше мачен (и во самата градинка не бев среќен). Видоа не видоа моите после некој период ме отпишаа така да имам многу убави спомени од детството дома и секако немав никакви проблеми со социјализација. Знам и случаи на деца што во градинка нон стоп се разболуваат а чим останат дома се здрави. Како рекоа некои погоре, има секакви деца и за некои градинката е убаво решение додека за други е сосема несоодветен избор така да нема едно правило што ќе важи за секое дете и родител .
Мислењево на XMan ме поттикна да побарам мислење од вас. Ќерка ми има 2ипол години и е запишана во градинка но воопшто не сака да оди. Има некој невиден отпор кај неа за градинката иако буквално сите и објаснуваме и кажуваме дека е таму убаво, дека ќе научи песнички, да црта, ќе стекне друграчиња но ништо не помага. Од првин мислев дека ќе се адаптира но при секој почеток имаме 3-4 дена одење па се разболува, па пак одново. А додека е дома е супер не се разболела никогаш. Почнав да размислувам да не ја носам на сила бидејќи во деновите кога оди дома е лута па дури и во сон плаче да не оди во градинка. Учителките викаат дека е ок таму јаде, соработува со нив но јас сум ја приметила и на улица со децата е малку смотанка порадо ќе игра топка со мене отколку со нив. Мислам дека и фали социјализација. Јас не одам на работа од причина што нема баш никој друг кој да ја чува така да решение да се поместам од ситуацијава ми е единствено градинката. Не знам не сум паметна, сакам да оди а од друга страна па не сакам да ја фрустрирам.
А си размислувала да ја запишеш во друга градинка? Можеби си има проблеми со некои деца, а тоа воспитувачките го немаат забележано па сега вака индиректно ви кажува дека не сака да оди таму.Секакви деца одат во градинка, а понекогаш помирните не можат да се прилагодат на нив.Кажувам од искуство, брат ми е таков.Избегнува контакт со избувливи и наметливи деца.
Не се жали од децата туку општо од концептот градинка и одвоеноста од мене. Како расте гледам дека не сака да дели играчки, сака да доминира ама во домашни услови само
И јас мислам да пробаш со друга градинка. Но битно е и по колку време ја оставаш да седи. Дали седи по цел ден или ја земаш пред спиење.Ако не е подготвена тогаш земај ја пред спиење и тоа прави го подолг период. Јас со првото дете имав такви проблеми. ВО првата година во јасли имаше инцидент па го отпишав и седеше дома со дадилка. Во втората година го запишав во друга градинка, и баш ми се расплакуваше навечер односно ноќе и врескаше не сакаше да оди.После се разобле и се до три години моравме дома да го чуваме.тогаш збесна, ама буквално на глава ни се качи.Кога дојде септември и кога веќе имаше три години и подобар имунитет, си го однесовме детето назад во градинка и нема бегање.Искрено јас сум презадоволна до градинките, барем во искуството со моите две деца. Нависитна има работи и навики кои не можат да ги стекнат дома!
Божице, тој период е многу деликатен за воведување на градинката, јас од тие причини чекав до 3 години, т.е. до моментот кога видов дека е емоционално зрела за да го прифати тој концепт. Пак имаше плачки, не дека не, ама само неколку дена и сега си е сосема ок. Мојата е сепак поголемка, знае да си ги изрезонира своите чувства и затоа се' оди полесно. Еве сношти баш ми рече: "Многу те сакам мамо, и многу сум среќна кога седам вака со тебе. Кога сум во градинка сум тажна и чекам само кога ќе ме земеш. Ама ако, голема сум, затоа престанав да плачам по тебе" Меѓутоа кај неа нема екстра плачки и лутења затоа што оди во градинка, нема никаква промена ни во сон, иако очекував дека такво нешто може да има, и дури и агресивната фаза и' помина, сега пак си е плашливото девојче Јас лично, ако гледав дека одењето во градинка и' создава повеќе стрес и бес, отколку радост, немаше да ја носам. И на тоа бев спремна. Мојата нит спие нит јади таму, јас така одлучив, само 4 саати за "социјализација", за која искрено и не сум сигурна колку е правилна. Не може социјализација во ЗАТВОРЕН простор, без опција за друго. Не може! Не може да ставите 2-3 годишни деца, кои појма немаат кои се и зошто се таму, кои се наоѓаат во страшни фази, а не се свесни за тоа, да почитуваат правила, и уште повеќе - да го затворите своето дете со својот "непријател" (дете од кое се плаши и бега) без опција за одење на друга страна. Да беа на улица, природно ќе се поделеа, затоа уличната социјализација ја сметам за најприродна и најнефорсирана. Имаат време кога ќе научат како да живеат и работат во колектив, и јас тоа го научив, а ниту ден во градинка не сум била. Ама што е тука е... Уште полошо што во оваа возраст баш и немаат активности секојдневни (да не речам никакви) и затоа и' е досадно на ќерка ми...ја прашувам што правеа, таа ми вели: Седевме, седевме и седевме, и после ме извадоа кај тебе. Ние со татко и' сме ептен на ум за градинкава....може од септември ќе имаат повеќе активности, па нема да и' биде досадно. Ќе ја оставам сега до јуни да оди, после времето само надвор ќе го поминува, нема шанси да ја оставам затворена во 5х5 со 20 деца наместо на сонце и воздух....
Bozica1980 и мојава тртла беше иста приказна. Беше лепенка и се поради тоа што практички толку долго време поминувавме време зедно во денот. И сега со второво исти грешки не правам порано ќе го одбијам од цицање дури и сега на година и 2-3 месеца се мислам дали да престаам за да не ми се случи иста приказна како со ќерка ми. мојава даваче отпор на 3,5 години ама сакав баш поради тоа да научи дека е убаво да се дели а не да се биде себичен ,да знае и сама да се заигра а не секогач мама да учествува во сите нејзини игри. Затоа и ја запишав и е згречив. Многу не беше дружељубива не зато што не сакаше дева,туку не знаше како да се однесува. адаптацијата траече многу малку што искрено не очекував. Ама затоа едната од негувателките многу ми ја бендиса. Првата недела не ја оставававме на спиење ја земавме после ручек. Секое оставање беше со солзи мене срце ми се кинеше и јас неможев да ја носам. Ја носече мм сабајле кога одеше на работа. езнам како измина тој период. Иако повеќе бече дома одколку во градинка ја фати зимово секоја можа настинка. И одкога почна да се здружува со децава повеќе не заплака кога ја остава мм. Дури самава воспитувачка вели не е истото дете кое бече кога ја запишавме. Но се појави друг проблем кога негувателката сакала да оди во Вц мојава одела со неа Не можела дури и кафето да си го допие на раат. Сега е подруго. Но еве во петокот не беше,зошто изрази револт во четвртокот. На саканата негувателка и се слошило и останала со другата (која многу вели дека е строга и им викала ептен) и ми вика мамо јас не сакам повеќе да одам . Џабе убедувања кога ми текна да извадам џокер од рака (имав купено стикер пласичен со прицеза за на шкавче) и и го давам викам сега ти несакаш да одиш ама што ќе правиме кај ќе ја залепиме принцезава. И еве денес отиде Јас сватив дека мора да се играат ситни игрици понекогаш за да вродат со плод,за било што па така и со идењето во градинка. Мојава многу сака да се дотерува,па секој ден заедно се спремаме што ќе носи утре. А и дома мали ја нервира се и претура и мислам тука се пројави желбата. Иако мислам дека некогаш главна улога игра и негувателката и самата средина. Мојава сака да е во цетар пажња па затоа и беше тешко првите денови зожто таму нели не е како дома. Мислам да не форсираш ти, нека ја носи некој друг ако имаш можност дали баба,дедо мм. Така полесно ќе прифати.Барем така беше кај нас,ако не пробај да ја префрлите во друга група,ви посакувам среќа
Зависи колку време е ситуацијата таква. Првите месеци се такви, многу деца тешко се прилагодуваат, а болестите се очекувани. Посебно првиот и вториот месец постојано се болни, кашлица, течење нос, вируси бактерии. Плус плачење и одбивање да оди, или промена на расположение. Хаос е тој период како за детето така и за мајката. Многу мајки во тој период размислуваат да го отпишат своето дете. И ние поминавме низ истото ама состојбата се среди. Дајте си време, ако подолго време гледаш дека не е среќна, ако воспитувачките кажуваат дека не е опуштена и весела во текот на денот тогаш превземи нешто. Само не брзај.
Никој никаде не напомена дека сте невоспитани. Сами се правите и самите си го кажавте тоа. Упорно си сфаќате како ви одговара а не реално и како треба. Жалосно...
ние периодот на адаптација многу го поминавме лесно, за една недела се навикна и со спиење почна да седи. ама сега ме плаши како ќе биди, еве ова ни е втора недела како седи дома, а и не знам кога ќе оздрави целосно да го пуштам пак, можи и уште две недели да поминат, и ми е страв како ќе реагира пак, и дали ќе можи лесно пак да се навикни.
И мојава Моира слично како твоето девојче вика не сакам во градинка досадно ми е таму! Одпрвин мислев дека отпорот е очекуван а не дека со тек на време ќе расте Учителките викаат дека кога ќе влезе внатре престанува да плаче и е ок. Не ја оставам со спиење туку само до 12 после секогаш се договараме што ќе правиме, некоја активност што навистина ја сака и верувајте од се е спремна да се откаже само за да не оди во градинка. Инаку учителките релативно ги познавам и заради тоа и таму ја запишав така да тие не ќе да се проблемот, плус и она сама кажува дека се добри и место со децата одела по учителките. Ќе бидам трпелива до 3 години, нема да ја носам па тогаш ќе се обидам уште еднаш па ќе видам дали годините имале улога.
Годините секогаш имаат улога, зошто од нив им зависи емоционалната зрелост нели...мојата дека поголемка + јас непопустлива (ама сега, кога знам дека детево ми е спремно) го прифати одењето во градинка, иако против своја желба, и тера така некако по 3-4 саати. А тоа дека е врзана за тебе, и дека сака само со тебе да игра, дури и надвор кога има деца, и јас го поминав. Си мислев дека засекогаш ќе остане таква, ама не било така Не ја форсирај за ништо, има време за се', уживај додека е дома, ионака за миг ќе пораснат...
Кога ја видов сликата на детенцето на Миа многу ми падна жал, навистина, зашто секогаш другите деца ги поистоветувам со моите...И јас би ја дигнала целата граднка, ако не јас, ама мм сигурно посебно што е во правната струка... Но мене ми е интересна една друга работа, како ние како читатели реагираме... Пред некоја година кога детето на Ребека во градинката Веселата Дружина го гризна своето другарче, и кога родителите на децата од таа градинка почнаа да се закануваат дека ќе ги отпишат своите деца, се случи потполно обратна ситуација од оваа.... Сестра и Хелена на ФБ страната почна да ги напаѓа родителите и градинката за нивниот однос кон нејзиниот внук со посебни птреби и ги направи сите лом зашто немале разбирање. Може и се сеќавате колкава поддршка доби, до таму отиде работата што за малку човекот ќе трбаше да и каже благодарам што твоето дете ми го гризна моето, ама буквално повеќето им дадоа поддршка на социјалните мрежи. Е сега бидејќи пак се работи за медиумска личност пак сите паѓаме во несвест... Значи толку лесно се покрева нашата маса од медиумски личности оа чудо едно....само не секогаш на вистинската страна...овој пат според мене е вистинската. И на крај, не треба да генерализираме дека сите воспитувачки се лоши, неодговорни и слично...Сите имаме право на пауза на работа, па и ако излезат да се напијат кафе во дворот не е страшно, но секако треба некој да ги замени внатре. Мене повеќе ми е чудно како се случило ова при 9 деца, но за бељата не треба многу, секунда е доволна. Ќерка ми пред мене падна и си ја повреди устата, пред мене, не на 100 метри подалеку. А некој ако гризне дете не треба веднаш да се тргне зашто може да му откине парче месо од образот, па воспитувачката и да видела на време не смее веднаш да го тргне детето, туку пополека, да го убеди да го пушти.
точно е тоа, дека медиумски познатите личности, можат да направат „хајка“ од вакви случаи, кога за разлика од нас обичните смртници, ништо не ни помага. За Ребека убаво се сеќавам, само што незнам не ја следев дискусијата на ФБ.Ребека бараше детето да и остане во градинка зошто тоа е потребно за децата со аутизам, со цел да се обезбеди социјализаицја на истите, па марак и под услов таа да вработи дефектолог во градинката. Ама немаше разбирање. Не знам што да кажам и ние имаме проблеми со внукот. Не може една воспитувачка да постигне со сите тие деца.И не знам веќе што да се каже повеќе.
Незнам што е тука жалосно и од каде ти толку паметна да кажуваш што мора и што треба и што е реално и што е нереално... Седи дома и чувај си ги децата... Јас и кога би седела дома, моето дете одреден период ќе поминува во градинка, со својата генерација, ќе се дружи, ќе игра... Јас и мојот сопруг сме вработени, малата 4 месеци ја чуваше мајка ми..Месец дена веќе оди во градинка...На 14 месеци прв пат тргна... Разликата е огромна...Дур беше дома со мајка ми и пред тоа со мене, беше диво девојче..Ќе дојдеа други деца и таа сама игра..Сама со себе...Ќе одиме некаде, таа само со мене седи... Сега е друго дете...Си игра со децата на брат ми, дели играчки, сака и други деца, се радува, мавта по нив...Повесела е и понемирка..Денот и е исполнет комплетно... После градинка поминува време и со мене, играме, се гушкаме...Почна и да спие по цела ноќ... Сака друштво, таму си добива..За децата да бидат со деца нема ништо поубаво... Никој неможе да обвини родител кој своето дете го дава во градинка, најмалку па некои исфрустрирани мајки кои мислат дека ако тие ги чуваат дома во златен кафез, повеќе ги сакаат од нас...
Мислам дека во оваа држава, навистина фалат повеќе градинки и училишта. За во другите градови не знам, ама во Скопје, во градинките се по 20 деца, што е ужасно за работа, а во училиштата по 30 деца во паралелка.Не се работи така.
Се согласувам со мислењето на даниелка,значи јас бев без работа моето дете одеше на градинка,според мене поубаво е во градинка отколку јас да го чувам или бабите,ај сега одам на работа и го носам,детето ми е по социјализирано,по друштвено,сепак дружбата со деца е друга,дружбата со бабите и дозволување на се од нивна страна е друго,што некогаш ме вади од кожа,сеа друг проблем е тоа што се многу деца малце воспитувачи,значи не е само скопје и во струмица е така,па дури треба и врски да си фатеш да ти го запишат детето во градинка зошто има многу деца и не сакаат воспитувачите повеќе зошто не можат дда ги пазат,па и во право се ,зошто едно е дома па не можеш да го спазиш а не над 20 деца да гледаш во исто време и да ги ранеш,забавуваш ,воспитуваш и што ли уште не
За една недела одиме во градинка. Денес бев да земам документи и да потпишам договор. Жал ми падна, а бев прв поборец детето да ми оди во градинка, веќе има 3 годинки и милсам дека му е време,. Има кој да го чува ,но премногу му е допуштено и од таа причина не сакам да ми „затупува“ дома... Како најнапред да го адаптирам на почетокот?
И да не работев детето ќе ми одеше во градинка зошто нели бараш работа и ако ти се најде некоја понуда што ќе им кажеш абе чекајте да се снајдам за детето па после ќе почнам на работа. Детето мое оди во градинка од 9 месеци и секој ден имаат активности што дома неможам да и ги пружам. Ја гледам дека напредува и учи нови работи кои ме изненадуваат. Плус таму со другите деца има предизвик за побрзо да прооди, прозбори итн. Јас кажувам едно големо ДА за градинките.