У нашата градинка не. Ако јадат супа, па ручек, јадат помалце од јадењето отиим се полни мешето. Вака јадат после 3. Појадок у 8, ужина во 10 и пол (овошје) ручек во 12, ужина во 2 (овошје) и супа у 3. Овошјето надвор го јадат најчесто, им сецкаат овошја и си играат и јадат. И секогаш кога ќе ја прашам мојава, што јадевте денеска, супа вика среќа ни даваат лист што е јадено во текот на денот, колку спиела, што си играла, па знам дека јадела на пример месо, па за вечера нешто посничко да направам.
Мислам дека е нормално да јадат кога ќе си дојдат дома. И моиве кога идат како јадење да не виделе цел ден се, а таму и репете бараат, по две чинии јадат од ручекот, башка кутиите со појадок и ужинки ги празнат целосно.
@Cka @danichap, ја земам одма после ручек. Она кога е најадена нема сила што ќе и бутне нешто во уста. Ужинка по 200 грама што не се случува кога не оди. Гладна е.
Мали се порциите во градинка нема ни 200 гр. Моето репете барало таму, кај баба сркнал тањир манџа и дома уште еден сркна. Верувам дека јаде оти сега јас го зимам и ми мириса на манџичка. Го гледам пуштил бутки, гушичка, заоблен е, тежок трупче. Дур разбираат убаво да кажат се ќе помине време и оп прво дошло.
Па прашував колкави се порциите. Викаат 200+грама. Леб еднаш и дале, демек да ја држи. Дома не и давам и реков да не и даваат веќе. Нема да се тове безвезе.
И мојата ќерка кога е слабо јадена во градинка (вторникот зелка манџа ич го нејќаше) дома како гладните од Африка! Одма знам дека не јадела оти уште во кола, дома не стасани јадење бараше. И поголемка беше околу 3год. па и ми кажуваше дека не јадела. А учителките колку ги давев со прашања -јадеше ли? Колку? Сама или и дававте? Ама сфатија дека важно ми е како е со оброците и дали јаде па обраќаа внимание и ми пренесуваа мислам точни информации. Ќе пораснат и ќе дојде момент кога сами ќе ви кажат колку изеле, што јаделе, дали било вкусно. Сега на 5 години ми кажува и какво манџи сака, па како мојата манџа повкусна од градинка била или како тетките од градинка прават вкусна макарони манџа која патем јас воопшто и не ја готвам. Туку ова сакав да прашам. Во вашите градинки го менуваат менито секоја недела или исто е? Кај нас се е исто. 3 години исто мени, жими вторникот од зелка манџа променија во каша и ќофте.
Менито е тоа, две недели па пак од ново, на две недели го мењаат мислам. Што знам, па не е лошо менито. Моето во зелка манџа се дави.
Не се големи порциите во градинка. Затоа имаат често по нешто да јадат. Знам дека сте во приватни градинки ама мислам дека и таму од она што го слушам е исто. Јас пред некое време разговарав со педијатар што на времето била вклучена во одредевање мени во градинки и она ми вика вие очекувате премногу на еден оброк да изедат. Правилно е помалку а почесто и наводно порциите се мерени според тоа правило. Плус рачунај дека во градинка нема застанување. Се нешто прават и со нешто се занимаваат па и тоа ги огладнува. Мојот ги јаде сите оброци во градинка и кога доаќа дома кај 5 руча и потоа на игралиште нешто се случува да грицне и во 8:30 вечера. Значи ќе му дојде дека јаде како што јадеше кога беше бебе на некои два-три саати нешто јаде.
Затем ќе те лажат дека јаде? Верувај таму јадат се. И мојата едно време мислев не јаде зш дома одма се фрлаше на јадењето ама ко фаза и беше
Мојата дома не јаде грашок, грав и леќа. Таму јаде редовно знам оти кога уште беше у пелени гледав што кака. А сииите деца после градинка јадат дома
И синко после градинка е како дупната вреќа и јаде. А таму ми викаат дека јаде. Генерално откако е тргнат јаде многу повеќе. Во состојба е постојано да меле нешто. Претпоставувам се трошат таму и затоа е така
Мојов го зимам еднаш во 12 и ми велат леле не му давај ништо и доручек и ручек репете јадеше. Идеме дома гребе по фрижидер... Нешто не ми беше јасно ама за таа една недела колку што седеше се збумбари јер ручек таму пред спиење, у 12, а дома тоа време овошје јаде..
Може и не ме лажат, ама може и малку калории има храната. Немам друго објаснување. Ја земам ОДМА после ручек. Јаде, ја земам и дома е 10 мин по јадење. Јаде 200 грама оброк. Нема шанси да ме убеди некој дека убаво се најала. Не е јадач мојава за да кажам дупло јаде. Кога не и се јаде, нема да и бутнеш со сила. Јаде кога она сака.
Праиш брисеви и со нив одиш кај матичен ти ја дава, нашиот матичен не ја наплаќа ама некои доктори ја наплаќаат. И некои доктори не бараат брисеви, дури и некои градинки не бараат брисеви.