Јас најсреќна ќе бидам ако треба само доручекот и ужинката да си ја носиме како кај Дани, манџите не се спорни, спорно е Цевитана која до 7г не е препорачлива за деца, спорно е вака леб и крем, такви ствари. Не разбирам зошто ги избегаваат житарките со млеко и јогурт, за деца се ептен лесни. Ама имаат палента, тарана, јуфки, има убав доручек кај нас, крем и леб нема. Во јасли ме бунеа некои комбинации, пример грав, пилешко и кисело млеко, ама видов дека кисело млеко им е јогурт и тоа додаваат уствари кога деца не јадат.
Јас пак си викам камо дома да ми јаде тоа што јаде во градинка Апсолутно е невозможен. Сега сме на викенд па тука јаде добро, дома истите тие работи не ги погледнува, а виси пред фрижидер гладен.
Во едукативните далеку подобро е менито. Крем супи со брокула, тиква, свежо сезонско овошје, свежа салата, ручеци манџи, домашни банички и пити... Барем така ми имат кажувано блсики чиј деца одат во Еурека! или нив ги лажат дека е така! Не знам!
Како се оставаат децата во јасли при почнување? Прво 15,20 мин, колку време, па кога се зголемува времето? Јас сакам сега да почнам да ги носам, во Август тргам на раб па мис дур сум дома да ги носам да се привикнат.
Мислам дека сега не примаат деца ама распрашај се. Политика на градинките е во лето да не примаат деца. Тебе примени ти се?
Прво по пола саат па еден саат и така се зголемува,зависи од детето како ќе прифати.После останува на јадење,па на спиење.Нас скоро еден месец не фати адаптација дека он првата недела не сакаше да јаде таму па го зимав порано.Сега кога го зимам плаче за градинката
Бива ама не е па и за врски работава. Деца во лето нит ќе се адаптираат нит ништо. Иначе имав врски и јас, ама врската ме седна и ми рече сакаш дете да ти се адаптира или сакаш да тргне у градинка? Во лето нит се знае кој ги чува, нит се знае кој ги гледа, сите се на купче и бебињата под дифолт седат во креветче за да не ги удрат големиве. Па се замислив и си го прибрав јазикот нааа пуштен да пцујам. А да знаеш каква прилика испуштив за таа градинка, душа ми плаче, неповратен кредит вратив од 6000е за отварање фирма заради тоа што не ми го примија во градинка. Сите опции ги пројдов, жена не идеше тогаш во предвид, ем немав никој, мајка со тато болен не може да дојде, свекрва на работа... И тоа е тоа.
Мене па и ми беше несватливо, зошто не во лето, па тогаш нема вируси, нема болештини, ама не и не, рече верувај нејќеш. Е сеа пошто свекрва ми работи во градинка и вика сме имале деца кои се адаптирале во лето и верувај ми нејќеш да го однесеш, тие деца никогаш не се адаптирале како што треба и решив да ги послушам. Ама што викаш, ако е зорт, нема друго.
Какво јадење сакате вие за 1500 денари? А не се толку. Пола од родителите не плаќаат редовно. Колку пари, толку музика. За дете најдобро е да тргне од Септември во градинка. Тогаш ќе има формирано група.
Па затоа 1500 е партиципација, а не цела сума. Другото е на државата. Зборуваме за сезонско овошје и зеленчук кој и не кошта брдо пари.
Јас кај што го носам син ми секој ден има овошје и зеленчук. А што се однесува до алергиите, за тие деца не се готви посебна храна. Им се дава нешто друго. Храна од дома не е дозволена.
Ќе си ги следиш децата. Јас не ги прашував негувателките, туку оставав колку сметав - нормално следев дете да не се трауматизира или е исплашено. За неполн месец се адаптираше мојов, со тоа што првиот ден 45 минути, веќе наредните по 2 часа седеше. па однесов на доручек, па ручек и на крај со спиење. Нормално ќе видиш и со јадење како ќе се. Мојов за жива среќа одма почна да јаде.
Мојата од прв ден седеше до 12. Ми рекоа со 10-15 мин не правиме ништо. А муабетот дека лето не добро не ми држи вода. Голема работа дали се повеќе/помалку деца, кои негувателки. Секако тие од групата 2 недели ќе ги нема. Се е до детето, никакви правила не важат.
@Bibi30 и мене ми рекоа за помали деца дека не е за 15 мин. Јас ја оставав прво до 10 - 2 дена. Па до пред спиење 2 дена. Петтиот ден кога заспа ја земав после спиење. После тоа ја оставав до крај. Се навикна со седење, супер беше. Сега само имунитет да набилдаме и се враќаме.
@augustd која возраст е твојата? Мојот има скоро 3 и пол години и последниве неколку недели секој ден е иста песна: не сакам градинка. Се влече по дома, се гали, па прашува кога ќе дојде викенд па кој ден сме денес и така во круг додека се спремаме. Отвараме врата за надвор и среќен кажува чао без проблем влегува во кола, во градинка влегува без проблем кога го земам е весел. Се си мислам дека му е некоја фаза. Тестира и за други работи што може, што не па веројатно ова е дел од пакетот. Мојов плус нешто беше болен па не одеше скоро десет дена и мислам дека се му се спои. Ако има некој проблем низ игра пробај да го откриеш. Играјте дома градинка па ќе видиш што ќе излезе. Мислам дека и @Cka пишуваше дека поминале низ фаза нејќам градинка само по дома.