Има, уште повеќе сака со мама и тато дома, ама без проблем одиме. Нас ни е проблем кога седи дом подолго ради болест, па пак да почнеме.Ако заоди некоја недела, нема мака после. Среќна е, гледам слики секој ден, насмеана, кажува колку си ја гушкала учителката, се бањале у дворче, ама и кога е тажна, ми кажува. На пример, ги носеле у градски парк, ама не си играле на лулашките кај што ја носиме ние. Очите полни солзи кога ми кажа дека на друго место отишле. И што да правам? Тоа е. Или не сакала да јаде грав А јаде. Или, црешите не и ги чистеле како мене, па објаснувала како требало да и ги сервираат. Или на некое дете кога играле некоја игра му се истурило сокче и било тажно и она плаче оти било тажно. Мора да помине тоа, не знам што да правиме.
Мајки, сте пријавувале во градинка дека детето ви закачило стрептокока? Наводно, ќе правеле инспекција сега, па и дезинфекција. Или ми мачкаат очи?
Исправно е да се пријави. Јас секогаш сум пријавувала. И добивав превртување со очи, оти ќе требало и они да се тестираат
Во принцип, секое подолго отсуство треба да се пријавува, а стрептокока обавезно. Само, како што кажав не се секогаш воодушевени
Јас поучена од баба наша многу не коментирам, ние сме 40 мајки, они се 2-3, верувам им е смачено секој ден од приказни. Нашите негователки се супер и многу си ги сакаме, знаеме повремено да си напраиме муабет ама најчесто е сама некоја па за да не остаи деца сами брза и не коментирам. Е сега за Варичела отидов кажав, си напраивме муабет, баш рекоа дека треба се да се најавува и они дека си запишуваат, сепак они поминуваат со децата малтене поише време него ли јас, мора да знаат. Моментално малото ми е со крвавење од носето, сабајле заборавив да напоменам и сега жива се јадам, причинител не знам и не е често, ама ме стави во мисла. Здравје утре обавезно ќе им кажам да припазат, да ми јават ако се појави пак. Стрептокока е високозаразна бактерија, мислам дека треба и да се каже и да се реагира, така ми кажа и матичен и рече дека кога се појавуваат повеќе случаи и они сами реагираат по градинките, а баш се чудев зошто ме прашаа кога тргна во градинка во која оди.
Мајки се запишавме во градинка па да ми објасни некоја подетално какви точно брисеви се прават пред да се тргне? Каде се прават? Мојава не седи мирна ни на општ преглед со стапче едвај успеваат грлото да и го видат како ли ќе успееме да направиме брис мислам дека е невозможно кажете искуства и детали немам вреем да барам низ темава.
Седела не седела ќе држите ќе направите брисеви. И моето не е среќно кога го боцкаат и прават брисеви ама тато или јас стискаме, држиме и така е минутка работа. Кога планирате да тргне? Брисевите треба да се 2 недели максимум стари, најдобро да ги направите неделата пред да тргне. Брис од нос и грло. Ние со брисевите отидовме кај матичниот ни напиша потврда и сосе резултатите на 1ви септември.
Кај матичен по у пат или директ во Авицена без упат, искрено никгоаш не сум правела со упат, секогаш во Авицена 350ден комплет. Нашата градинка бара и потврда од матичен, а за да напише потврда нашиот матичен ни бараше и брисеви секако.
Ме интересира што све треба да се стави во ранчето за у градинка да ми наброите зошто прв пат се запишуваме па незнаеме баш како стојат работите, инаку малата ќе биде 2год и 8-9 месеци кога планираме да појде па ме интересира за оваа возраст дали им ставаат лигавчиња кога јадат? Дома уште си користиме за некои јадења па морав да си прашам.
Пелени ако користи,ма да на таа возраст ќе ги одвикнуваат. Алишта резервни. Влажни. Ние за бебињата ставаме и шише и помада за пеленска регија.
Влажни, чаши пластични и ролна за раце ни бараат на месечно ниво. И лрем за гз ако користиш уште пелени. Секој ден ставам по три пелени, и комплет облека резерва. За лигавче мислам дека нема да ти дозволат.
Веројатно зависи од градинката. Кај нас бараат месечно чаши, влажни, крема (за тие што носат пелени), а во ранчето секој ден му ставам пелени, резервна облека и пижами. Во нашата група лигавче не бараат зошто уште ги ранат, ама веќе од септември бараат кецела зошто ги оставаат сами да јадат.
Кај нас, во Детелинка во Ѓорче, се дава на месечно ниво влажни и плус уште нешто што ќе побараат зависи што имаат потреба. Секој ден имам обавезно резервна облека и пелени, друго ништо плус. На почеток даваа цуцла ама еден период сите фатија бактерија па ги забранија пошто си ги мењаат. Шишиња како што гледам не дозволуваат воопшто. Играчки исто не дозволуваат ама ако дете ептен се запне за некоја знаат да ја земат ама одма чим влезе внатре ја враќаат во шкафче или ако си уште тука ја даваат на родител. Лигавчиња имаат нивни големи, дете прилично чисто ми се враќа од градинка. На сам почеток на запишување бараат обавезно влажни, чаши, тоалетна, брисачи и павловичева.