А биди спремна и да се одвикне од цуцлата во градинка, а дома да си ја бара. Мислам, многу често сценарио е ова.
Јас кога пријавив на учителката ме убедуваше дека нема шансид а од градинка,бидејќи сите деца биле здрави Инаку ,ја фати стрептококата псоле 1недела запишување и почнување во градинка за прв пат у неговиот живот.Таа недела дур одеше во градинка,освен дома-градинка,немаше мешање со др лица. Моето лично искуство ми кажува дека во градинкиве(или барем моево каде што е запишано), ич не е важно дали имаш бактерија,дали др детенце ке се зарази и слично...Терај батка... Мој начин единствен за справување сос трептокока ми е вакцината против истата.
И мојава со стрептокока. На здравје. Нос и тече, и тт до 37.8 качи. Терапија дури утре. Ми рече докторката да ја види прво, лесно било за анрибиотик, битно прво да ја види. Кажав во градинка и ко очи да им извадив. Они се проверувале на 6 месеци.
Кој знае што хара по градинките, ама ние еве на клиника завршивме. Бактериско воспаление на коската позади уво. Се молиме да заврши само со јака венска антибиотска терапија
Мојата зимото кога имаше Воспалено уво специјалистот баш викаше дека треба да се внимава на коската и брзо да се лечи. Панцеф пиеше, прв пат толку јак антибиотик. 40 8 имаше тие денови. Ама ќе мине. Иначе вработените у градинки одат на 6м на брис, ама џабе кога децата секој ден носат со нив бактерии. Само вакцината е спас.
За чести воспаленија на ушите мене матичната ми препорача да ја боцнам малава со вакцината за стрептокока. Таа не е задолжителна ама многу помагала особено за дечиња што одат во градинка. Ова може е за друга тема ама јас тука ќе пишам. Инаку Неда од март оди во јасли. Тргни застани беше до скоро, сега, да не се подречам, веќе 2 месеца оди без прекин. Јаде, спие, си игра... Ја носиме цуцлата ама само пред спиење и ја даваат инаку во ранче седи. За јадење немам замерки, овошје и манџи секој ден јадат. Големава во градинка се научи од чаша да пие, дома абер немаше да фати чаша. И пелени во градинка и тргнаа. Се на се за мене градинката е мн позитивно искуство.
Јас се помирив дека мора да го пројде детските болести. И така беше, на две недели поседуваше по некој ден дома со вироза. Да на орл не примија денес после цела голгота. Фала мајка. Прцлата се опорави целосно?
Како што ми објасни докторката што му откри рече дека кај мали деца е многу опасно вакво воспаление на коската зошто може менингит да фати дете. Затоа се денес ургентно се случуваше. А и во понеделникот го гледаа ушињата на орл и вчера во систина на ургентно и ништо не кажаа. Среќа што го однесов кај д-р. Мирка Шалиќ и на време се реагираше. Фала мајки на сите
Со помин нека е само @Ano , многу ми е жал Ќе се среди, сте изреагирале на време. Систина у последно време многу утки прават и пропуштаат сериозни дијагнози, од повеќе луѓе слушам периодов Ама ај, тоа е друга тема, да не одам офф. Јас без вакцина за стрептокока не ја пуштам во градинка, обавезно ќе ја прими пред одење. Не дека е тоа некоја огромна гаранција, ама сепак штити од поопасните видови. Инаку раат секако нема да бидеме никогаш, ама тоа е. Нека се живи и здрави.
Тоа е, на ургентен што ќе ти се погоди. Дете кое три саати без престан плачеше и имаше расклемпавено уше, плачело од склет, а ушето каснато било. Жива среќа што денес го однесовме на специјалист. Само да поминува, тоа е. Очигледно е зошто сме со недоверба и бараме по сто мислења.
@Ano баш ве мислев. Мислев сте подобро. Нека мине мајки само. Нема потажно од болно дете. Секогаш велам само да се здравички, па и бесни нека се. Периоди се ќе минат. Од болештините од градинка ми е најмногу страв. А знам дека ќе се соочиме сите со истото, но тоа е. Само нека минува. Имунитетот мора да се гради некако.
Добра е сега @Ano Јас имам позитивно искуство од клиника од ОРЛ. Условите се тие што се, посебно со бебе што мораш да молиш да го чуваат за да мочаш, ама ја оправија за еден ден. Најбитно е здравјето И нас у Систина ни рекоа од грлото е а ваму испадна дека нема ништо на грло. Исто едното увце ни беше клемпаво.
Боже, од склет плачело Не ми се верува како може да не видат воспалено уво, и тоа ваква сериозна инфекција, ама ајде, поминало. Битно сте добиле помош на време, ќе се среди сега со терапија Извини Ано, уште ова ќе те прашам. Др Мирка Шкориќ работи на клиника? Да си знам за недај Боже
Мислиш на Мирка Шалиќ? Не е на клиника. Позади дом на градежници во куќата, интергин мислам се вика ординацијата.