Кажав има стрептокока и место да се проверат воспитачки и деца, они ништо. Ни на родителите од групата не пренеле. Фер ли е мали деца да си шетаат стрептокока? Јајферски кажав, за превенција. Е па не е фер. Утре и мене нема да ми кажат за моето дете.
Чекаат кога ќе дојде јајцето на газот. Еве, кај синот во градинка се појави шарлах и дури тогаш требаше сите да се проверат. А претходно демек не требаше? Можело да се спречи.
И ние од септември се враќаме во градинка. И мене коски ми се тресат. Ни сугерираше докторка да ја вакцинирам за стрептокока пред да ја пуштам пак.
Мајки синко останува и да спие во градинка веќе од оваа недела, прв ден плачел малку, но од вторник навака е супер. Јас кога му кажав ке спиеш он мислеше ке го оставам до вечер и дека 24/7 ке биде во градинка, ама добро виде дека не е така и прифати. Е сега да прашам кога спијат пижами облекуваат? Што ако детето не знае да облече само? (Син ми не знае)... Го прашав дали спие во пижамите или алиштата ми вика во алишта вака спијам
Им помагаат, барем кај нас е така. Ќерка ми за една недела почна сама да ги облекува и дома, видела од другите деца и дури и таму инсистирала сама да си ги облекува. Али на почеток негувателката и воспитувачката ја облекувале.
Баш и денес ке го прашам, па ако каже дека спие во алиштата ке ги прашам во градинка во пон . Доле знае да се облече ама нагоре не...
Исто и мојата само надоле знаеше. И дури ја применува техниката на облекување на другите деца, а мојата ја одбива
Моето не спие во пиџами, јас им имам кажано бар надоле да го соблакаат, ама јок, ништо. Како оди така спие. Дома го соблакам по пиџами и сам си бара, ама нема.
Kaj sin mi samo gore piżama. Koj znae sam, koj ne vospituvackite. Konkretno sin mi ne znae sam. Nekade do 3 godina i gore i dole im oblekuvaa.
Пробај на овие два броја, ако не ќе го прашам мм покасно па ќе ти пишам. Само мислам денес не работат. 070239625 023225845
Јас пак имам друго искуство во нашата градинка и моево имаше стрептокока и немаше симптоми ама не го пуштав за да не пренесе на другите дечиња се јавив кажав после 15мин ми се јавија да ме прашаат за која точно стрептокока станува збор и пренесоа на сите родители да си ги проверат дечињата .
Колку ви препорачуваат докторите да седат дома а не градинка малите со воспаление на бели дробови? Не е нешто многу, она си е вака супер сем што кашла
Немам искуство со градинка, но за воспаление е подобро да седи дома и по можност што повеќе да одмара за да може да се излечи побрзо. Ние имавме 3 пати за два месеци. Со лесно
Малата? Нека седи дома барем месец, воспаление ич не е зафрканција. Брзо се развива, а бавно се лечи. Јас од искуство да ти кажам
Малата да, во козле вчера ми рекоа мало воспаление. Ја снимаа ртг Кашла месец дена, а вака си е супер Ми препорача месец дена да е дома. Секако ќе ја носам кај сајковски на второ мислење ама сакав и други искуства.