Штом еднаш направила воспаление на бели дробови, консултирај се за бронховаксон да пие од септември. И купувај совреме, затоа што многу тешко се наоѓа.
Мене ми кажаа дека кај нас го нема Бронховаксомот. Во Бугарија во првата аптека го најдовме. Во вторник иде мм пак, кажујте ако треба.
30 капсули и се пијат по шема. Шемата ја одредува докторот. Не треба да се пие истовремено со друг имуно-стимулатор. Како вакцина делува, штити и од бактериски, и од вирусни инфекции, кои прават проблем на бели дробови.
Јас уште не ги почнав. Деновиве ќе се исконсултирам. И таман пројдоа 15 дена од антибиотик, па да се провериме, евентуално и вакцинираме и да се спремаме за во градинка.
Јас лани се снабдив со 2 пакетчиња од Бугарија, а претходно 1 една лента која ја најдовме само во Кавадарци. Да, од Кавадарци ни ја носеа, се јавивме во сите аптеки низ цела Македонија Али ќе те барам ако е поминат рокот, немам проверено. Да, таму го има и во Грција мислам некој спомна дека го имало.
Не сум сигурна, ама мислам дека може дури и со антибиотик да се пијат. Треба да го проверам упатството, нешто така ми има останато во сеќавање.
Не. Јас ја прашав брисеви рече па како сакаш и онака мора одма антибиотик. Ако не бива тогаш.. А беше мн истрауматизирана од ртг (кој правел, знае) реков не правам
Пнеумослајд мислам можеш да направиш и кога пие антибиотик. Друг вид на испитување е, покажува антитела.
Тој се прави преку крв.Антибиотик не делува. Кај моето кога лежевме во Козле му открија 3 бактерии и вируси прек пнеумослајдот. А брис негативен.
Јас бидејќи првата година имаше 3 опструкции правам на 6м, контролен. Првиот пат имаше аденовирус некој, го пројдовме и еве дувам и на јогурт.
Не знам јас кога спомнав брисеви, ме праша дали е гладна за искашлок да пратат на микро. Дека ќе ја надраНуваат дрн дрн, и као не мора. Па дека ептен истрауматизирани и двете одбив. Ќе зборам со сајковски па се што треба ќе нашравиме. Поим немав дека преку крв оди
Со искашлок е многу покомплицирано, дали и добро ќе се направи испитувањето кај толку мало дете. Ова преку вена се зема крв, исто не е пријатно, ама поверодостојно и пократко.
Беше околу 1800 по приватните. Али јас би те советувала да си земеш упат за микро, затоа што неколку пати го имам правено испитувањето, и на микро најдобро боцкаат. А и повеќе им верувам.