Мм имал приватен тел од докторката и тој не би можела да ти го дадам. Еве @Bozica1980 знам оди кај истата докторка може знае на кој број може да се закаже.
И јас имав мака вчера и ѕвонев на тел што се на фб никој не ми крена па си помислив дека се на одмор. На клиника бев да завршам работа не појдов до врата.
Мамички и момата кај мене од 1ви септември ќе почне во градинка да оди здравје. Е сеа да ми кажете на почеток што да очекувам. Што треба да и купам за таму. Исто ми кажаа дека им давале тетра сок а мојата цуцка не пие сокче искрено и ич неќам да ги пие тие али јебига како на сите така и на неа. Поздрав и убав ден
Ако не пие не мора да пие. Ама ќе пие пошто сите пијат. Јас знам и Цедевита дека им даваат, мене и таа работа ми е шубе, ама како за сите и за моето. За почеток ранче, топлинки и наједноставна облека, хеланки и маички, тренерки и тенки блузичиња, искрено ги гледам девојчињата по фустанчиња во градинка ама за мене тоа не е убаво, седат со голи газиња на теписоните, греота е. Јас ни фармерки не облекувам, само тренерки, фармерките ни се за дотерување некаде ако одиме, живи неизносени. Ќе ти дадат од таму список што треба да носите плус, влажни, сапун, тоалетна, брисач, чашки...
Р Фала ти на одговорот јас мн мразам кога ќе видам мали деца со сок у уста ама тоа е. Тука не сме моќни
Не е дека е болест деца да пијат сок, да се разбереме, едноставно да не е редовна практика. Моево денес најде низ дома некоја фанта, од реклами ја знае, којзнае од кога купена не испиена, испи една чашка,не е крај на светот, ама претходно чајчето со доручекот го мавна. Од една чашка не им е ништо, башка не е секој ден, ама од поише богами е проблем.
Мамички од септември ќе ја пуштам малата во градинка со полни 12 месеци. Д сеадали ќе ми ја примат без вакцина за морбили поштону книшката пише на 16. Септември да ја прими вакцината. Или треба сеа да ја вакцинирам 10 дена пред да наполни година.
Не ми е јасен тој момент со приемот на децата во градинка. Ако детето има пример 9 месеци (примаат во јасли бебиња), тогаш како може да ја има примено вакцината кога таа е пропишана на 13 месеци (така беше, нели?) Би требало да го примат детето, па ако не доставиш потврда после пропишаниот рок, тогаш имаат право да ти речат да не го носиш повеќе.
После епидемијава не примаат ни 9 месечни без вакцина. Јас ја боцнав на 9 месеци, за да тргне во градинка.
Јас ке го боцнам на 9 месеци а од 10 ке почне,не ги ни зимаат дукументите без вакцината. Се надевам нема да не изневерат и ќе го примат.
А ако недај Боже се случи нешто од вакцината примена на 9 месеци, кој ќе биде крив?...градинката или родителот ?
Ова е вака бидејќ сеуште има епидемија. И не е ништо ново, ниту измислено кај нас. Во цел свет е практика. И безбедна е вакцината и за 9 месечни, без гајле. Нека ме исправат ако грешам, ама мисалм дека не се дава пред 12 месеци бидејќи имаше нешто врска со стекнувањето имунитет и тие деца треба да примат 3 дози.
Ако нашле начин со делење на доза е сосема ОК, ама нели не е во ред да се боцка дете од 8 месеци со вакцина која притоа е пропишана да се прими на 13 месеци. Незнаев дка дозата се дели.
Да, ние ќе примиме 3 дози. До 7 години или 6, како е по распоред, Ако не дај Боже нешто требало да се случи, односно ако тригерот би била вакцината, ќе се случи и на 9 и на 12, 13. Не дај Боже. Не се дели дозата. Таа е една.
Како што ми кажаа во диспанзер и моите докторки, вакцината е безбедна да се даде уште после 6-от месец. Истото го прочитав и на нет. Тоа важи во вонредни ситуации, како на пр. епидемија или патување во друга земја. Разликата е што место две дози, детето ќе прими една доза плус, односно таа пред првата година, и останатите две по вакцинален календар.