Децата дома и у градинка се различни. Мојата таму си спие секој ден,дома заспива у 8 најкасно 9. Кога не е у градинкане преспива никогаш, и заспива у 9 вечерта. не јадеше сама никако, оти нели баба ја чуваше, ама откако е у градинка, секогаш јаде сама. Они ја научија сама да мочка, да се облече и соблече и да се избрише па сега и дома истото ми го прави. Дури и ми вика, оди ти у друга соба.
Моето дете во градинка кога не спие го носеле во трпезарија да си црта за да не смета на децата кои спијат. И ме известуваат дека не спиела тој ден. Ако несака-нека не спие, и дома кога несака не ја присилувам на дневен одмор.
Да не му се сеќираш ич на нејадењето, и на неспиењето, ама ич. Магично во градинка се ќе прави, едноставно гледаат од другите деца и прават се за да имитираат. Иначе има и родителски, веднаш во септември ќе имате родителска, во јасли нема, ама во 1 мала има. И да нема родителски има секогаш место за комуникација, ќе си земете број од негователката, ќе си контактирате, во градинка веќе имаат и групи на вибер, имате комуникација. Децата до последно се оставаат на одмор, и според мене тој одмор е сосема потребен, и јас сеуште на 3ипол скоро инсистирам да одмара на пладне и ќе инсистирам додека не тргне во школо. Он може и без спиење ама тоа не е тоа. Оние кои не спијат ги носат на друго место за да не ги будат оние кои спијат. Не ги присилуваат. Јас и ти некако најмногу верба имаме во градинката. Додуша ти во приватна. Искрено јас сум од градинка презадоволна и ми помогнаа многу во процесите на учење без цуцла, без пелени, во учење, во зборење, во се... Имаме и несогласувања, ама убаво ни е воглавно. Оставете им на негователките и воспитачките да си ја работат работата и нема гајле. Децата можат и повеќе од тоа што мислиме и знаеме, децата дома и во градинка се скроз различни. Искрено скоро 1 месец е дома и се размази скроз, друго дете, разгалено е, не јаде, не пие, едвај чекам назад у градинка.
без разлика каква е градинката, воспитувачката е најбитна. Јас не сум имала мака досега, ми пишува секој ден на ливче како краток извештај, што јадела, дали јадела и дали јадела сама или со помош. Кога одвикнувавме од пелени, иако мноооогу брзо беше кај нас тоа, кажав дека ќе имаат помочување на преспивање. Они на другите деца за спиење им ставаа пелени, јас кажав дека веќе никако не ставаме и ако треба нека се помоча. Сега веќе не моча и во спиење. Деновиве се на одмор екскурзија, и јас немам проблем да ја пуштам 3 дена, ама она не сака да се двои од мене, иначе им верувам и би ја пуштила као сака да оди. АКо не им верувам, не им давам дете 8 саати да ми чуваат.
Апсолутно! Јас знам често да кажам, им верувам на негователките и на свекрва ми за чување дете, на никој друг. Оти имаш ли недоверба во тие жени, тежок ти е денот, се таму мислата ќе ти биде, а што викаш и нема да можеш да го оставиш толку долго.
Јас ја мислев првите денови, ама кога почна да ми кажува што правеле, како си минеле... знам се, за сите деца, за сите муабети, за сите јадења...
Ние изгледа пак ко лани ќе се бавтаме. Пак бактерија во нос без никакви симптоми, С. ауреус овојпат, ќе третираме локално со хлорамфеникол. Се надевам нема пак да го изгубиме местото оти план Б немам.
А зашто лечиш бактерија која е асимптоматска? Јас има стрептокока и не ја лечам. Во нормална флора спаѓа кога нема симптоми
Лани не ја лечевме и го изгубивме местото во градинка, не можев да добијам чист брис. Ама бев бремена и знаев дека за кратко ќе останам на породилно и не се потресов многу. Сега ми е многу битно да тргне во градинка, од декември се враќам на работа.
Направи се да добиеш чист брис. И онака таму ќе ја добие и да ја нема. Во спротивно треба да се прават брисеви секој ден
Јасно ми е, поглупа работа од ова барање на чист брис за упис ми нема. За 1 ден може да ја префати бактеријата и онака повеќето деца па и возрасни ја имаат. А антибиотик орално нема да дадам за жива глава додека е без симптоми.
Ретко дете без стрептокока у градинка. Ама ете демек треба здраво дете да се прими. Тоа што за 3 дена таму ке си фати стерептокока и за 10 стафилокока, па коњуктивит.... деца се.
Не може ли некој со врски да ти напише дека брисот е ок? И ако сите се примени со чист брис како ја има бактеријата во градинка?
Оти децата не одат само у градинка и дома. Одат насекаде, игротека паркови гости... на 1ви нема да има стрептокока на 2ри ќе има. Ете така.
Лани пробав на секаков начин и не успеав да издејствувам. Лани беше стрептокока пнеумонија. Сега е стафилокок, осетлив е на хлорамфеникол, а му го наполнив носот пред да му земеме брис и пак е позитивен. Викендов тргаме на одмор, после одморот ќе мислам што ќе правам.
Тогаш нека се достави барање да не се бара брис за во градинка. Не знам што е попаметно дали да се бара или не. Кај нас не се бараше.
И не треба да се бара зашто е БЕССМИСЛЕНО. Денес ја немаш утре ја имаш, а брисеви само при упис. Измислиле некои правила као демек да глумат строгост, а тоа што нема логика нема врска.
Како бе со врски ќе барате чисти брисеви.Ако вие немате симптоми има деца што креваат тт до 40,зошто да им пренесувате бактерија?Моето 2пати за еден месец ја фати и секогаш беше со висока тт.Чисти брисеви не за нив туку за вас и останатите дечиња.Му ставив вакцина и еве го цел месец иде во градинка и не ја фатил бактеријата.По секоја цена праќате болни деца во градика после се чудите од каде пак ја има бактеријата.