Не е до тоа дека јас не мислам на другите деца, јас имам бебе дома, зар ако навистина мислам дека е опасно ќе оставам така да си ја носи, па прво на сестричката ќе ја пренесе.
Е па затоа е подобро да ја истретирате. Евњ пример. Другарка ми сред лето крева тт и грло партал. Стафилокока во грло. Се проверуваат сите дома. Помалото и во нос и вп грло. Никакви симптоми. Сопругот само во нос. По логика другарка ми треба да е поиздржлива, ама ете прво кај неа се јави реакција. По препорака на педијатар сите се на антибиотик за да не си ја предаваат. Зошто не пробаш локално со оригано и ацидосалус. Ништо не губиш.
Нормално дека ќе пробам, 7 дена додека сме на одмор ќе испирам носе, ќе прскам срејчиња и ќе мачкам хлорамфеникол, се надевам ќе ја снема. Лани цел месец го правевме сето ова и пак не успеавме.
Ако (недај боже) лолипоп не ја "излечи" (пошто детето не е болно) бактеријата во носот, а МОРА да тргне на работа, како да постапи? Отказ да даде? Или жена да плати? Баба сервис ќе ја исклучиме од игра. Ќе се секира за моето дете и ќе земе боловање, кога ќе се врати на работа ќе ја шутнат. Јас ќе се секирам за неа дека е без работа? Не. Знаеме како треба, не секој може да си го дозволи тоа.
Кај нас нон стоп чистат, ги гледам кога и да одам. И во 8 и во 9, и кога сум ја зимала во 12, во 15, во 16...
Слободно. Јас мислам ориганото си го направи своето затоа што превентивно ставав ацидосалус подолго време. Не можам точно да кажам, па двете во пакет ги спомнувам. Јасно дека не е лесно жена да се најде и плати плус. Затоа и треба да ја лечи (не подразбирам антибиотик тука). Што правиме ако се активира дур е во градинка? Па боловања, триста чуда. После е потешко.
Многу нормално дека никому нема да биде гајле. Цела година бел ден не видов, само 2ра и 3та одев, со мм само за викенди се гледавме, дури да пркна синко. После се нафатија свекор и свекрва да го чуваат кога јас сум прва, но тоа беше само 5 дена во месецот и траеше пола година. Но сега се 2, сега до нареден септември малото не планирам да го пратам, ако остане и синко дома дури тогаш ќе е нашето. Лани имаше коментари дека сум будала, требало да му дадам сируп и да не се мачам, до тоа дека сум немајка, детето имало бактерија јас не сум сакала да го лечам (ова од микробиологот) итн итн.... А ваму на 10ти септември да упадне некој и да им земе брисеви на децата и негувателките гарант 70% ќе излезат позитивни. Башка па што има родители што еден ден не сакаат од работа да изгубат и праќаат деца во градинка со многу посериозни инфекции од стрептокока.
Знае некоја како се одвива адаптацијата во градинките или да ме посоветува... Осеќам дека ќе има плачки или можеби не, ќе се изненадам само не знам како е најправилно да постапам. Родител внатре не пуштаат така?
А даваат воспитувачките извештај како го поминале денот? Моиве уште не зборуваат,мали се, да беа поголеми немаше толку можеби мисла да ми е.
Кај нас на почетокот ќе има состанок да се запознаат родителите со воспитувачите и ќе се оформи вибер група каде за се ќе бидеме известувани.Верувам воспитувачите ќе соработубваат со вас ќе ве информираат
Пред да почнат во градинка давате ли нешто екстра за имунитет и што? Се мислам изопринозине да купам ама матичната ми вика суѓ немала потреба , имало имунитет моево а ако сакам нешто дефендил сирупче да купам. Досега не сум давала ништо, пиеше зимата два месеци омега на хелт еид, а цела година давам само по ена лажичка маџун насабајле. Леле како иде септември не ми се пушта во градинка Има кој да го чува ама сакам да оди. Се си мислам ќе одложам за пролет
Сега давам Бевиплекс, Омега (Молерс) и витЦ, ради проблем што имаме со лупење на кожата, ама секако планирав пред да се врати во градинка да давам нешто такво. Дефендил ќе почнам од октомври и ќе давам 3м заедно со Д вит. Иначе Омега и вит Ц не ми бега секако.
Не ти е малку касно од октомври? Мене ме советуваа од август да се почне. Јас оваа година давам комбинирано, исоприназон и матичен млеч, плус Ц. По потреба пробиотик. Ќе видам како ќе поминеме. Лани бевме само со матичен и Ц, не беше страшно.