Во врска со градинките и адаптацијата, наидов на ова, па сметав дека е корисно да се прочита. Спојлер: Градинка Овие осум фрази, кои родителите често ги користат, можат да ја спречат брзата и безболна адаптација на детето во градинка. Некои од нив го плашат детето, други го лажат, трети ја разубавуваат реалноста, но сите тие пречат при приспособувањето. Дознајте кои фрази треба да ги заборавите ако вашето дете тргнува во градинка. 1. Научи да јадеш сам, мислиш дека некој во градинка ќе те храни? На овој начин кај детето формираме негативна слика за градинката и го уверуваме дека таму никој нема да се грижи за неговите потреби. Подобро кажете: „Веќе можеш сам да јадеш, па ти си веќе голем! Многу сакам да те гледам кога јадеш сам!“ 2. Подели ја играчката со другарчето – во градинка ќе мораш да делиш! Сите играчки се заеднички! Ова не е аргумент за дете, иако тоа би требало да научи да дели за да успее да комуницира со другите деца. Подобро е да кажете: „Види колку му се допаѓа твојата играчка на другарчето, дај му ја малку, па ќе ти ја врати“. 3. Не плачи, сега веднаш те водам во градинка! Градинката како казна? Така го плашиме детето и му оставаме впечаток дека во градинка е лошо и таму може да биде повредено. 4. Ќе бидам со тебе во група (ако не го направите тоа, станува збор за лага) Мамејќи го детето, сами си копаме јама, бидејќи со време тоа повеќе нема да ни верува, а ќе научи и дека со лаги ќе може да си олесни некаква непријатна ситуација. 5. Ќе ти купам… ако одиш во градинка без плачење! Детето ќе се навикне лесно на фактот дека секојпат кога ќе оди во градинка мирно, неговата мајка нешто ќе му купи и со тек на време ќе почне да манипулира и да бара многу повеќе. И тоа нема да биде негова вина. 6. Кој било негативен впечаток за воспитувачките, градинката воопшто, дури и само интонација или превртување очи (во присуство на детето) – се забранети! Вашите зборови за децата се вистина што не се преиспитува. Ако реагирате негативно на воспитувачките, тие за нив ќе имаат негативен став. 7. Не плачи! Гледај, другите деца не плачат! А ти… Не споредувајте го со другите деца. Никогаш. Во никои услови! Подобро е да кажете: „Ти си малку тажен бидејќи мама мора да оди на работа. И ти ќе ми недостигаш, но штом завршам со работа, веднаш ќе дојдам по тебе!“ 8. Во градинка е толку забавно! Има многу другарчиња, играчки… Сите играат и се забавуваат! Овие фрази родителите ги користат со најдобра намера, но тие не можат да предизвикуваат високи очекувања кај детето и да му остават впечаток дека градинката е луна-парк и дека од првиот ден ќе биде многу убаво. Затоа подобро кажете му ја вистината, воздржано, предупредете го дека децата мора да научат и некои правила, да ја почитуваат воспитувачката и да бидат добри другари. https://deca.mk/kako-roditelite-ja-otezhnuvaat-adaptatsijata-na-deteto-vo-gradinka/
Дефендил е за деца кои веќе имаат проблем со имунитетот, кои се многу често болежливи. Нашата матична е против овие сирупи бидејќи имунитетот неможе сам да се изгради ако има ваква поддршка. Јас би ти ги препорачала капките на Херба натура од масло од семки на грејпфрут. Или нешто друго на природна база. Нас ни вршат работа капките во зимскиот период кога има многу вируси. Туку јас што да давам или ставам на малово за да не се разболува од сестра ѝ? Големата само што тргна во градинка после одмориве, а малата ја чекаат многу пропуштени вакцини ради болести.
Се согласувам скроз со напишаното,ни нашата матична не препорачува вакви сирупи ако не е компромитиран имунитетот,еден куп вируси и бактерии поминавме во градинка ама не сум давала имуностимулатори. Е добро што ме потсети за маслото од грејпрфут и ние го користевме кога почна во градинка и бев задоволна,посебно после варичела прележана го давав дека нели тогаш имунитетот паѓа и оттогаш почна многу ретко да се разболува. Китен можеш и на малата да даваш од него И обавезно овој период давајте пробиотици ,во септември има секогаш многу стомачни вируси,се сеќавам дека и мојава почна септември и за неколку дена одма со стомачен вирус беше,и приметувам дека секој септември во групава е покос од стомачни вируси
Дефендил е за заштита од вируси. Нема врска дали детето има или нема проблем со имунитетот. Некои родители (како ја на пример) не сакаат да чекаат да се направи проблем со имунитетот па после да бараат чаре. Боље спречити него лечити, нели? Капките од семки од грејпфрут ќе ги давам ако треба да направиме пауза од дефендилот.
Фана како и докторите така и родителите имаат поделено мислење за имуностимулаторите. И едното и другото не е грешка. Отпорноста која треба да ја ствара Дефендилот, треба да штити од вируси. Ете јас сметам дека не треба да давам ништо. Сакам да пробаме вака. Ако ептен не бидува, ќе уклучам нешто. Немам ништо против нив.
За додуше не дека нема проблем со имунитетот де. Во 2 месеци (од март до мај) 4 пати бронхит имаше а е цело време дома Се ужаснувам штом помислам што ќе биде со плус 30 деца.
Уф, значи лесно спушта. Давај тогаш, бар малку да е покриена. Со лесно на сите тогаш да ни биде. Ќе се тешиме за скоро. Како вчера да се родија оваа генерација бебиња, а они спремни за у градинка веќе.
И нашиот матичен е против вештачки помагачи. Тие се даваат на деца кои често се разболуваат. Еве вака ми опиша мене една докторка - кога треба организмот да биде нападнат од вирус и сам си ствара клетки кои го убиваат вирусот. Кога му дават вештачки препарати, они се борат, а не телото, телото испраќа мала доза клетки за борба. Кога ќе прекинеш со ове вештачки помагачи, телото не знае да се бори само, не е научено да праќа повеќе клетки за одбрана, и се разболува. најдобро е со природни работи да се помага на телото - лук, овошје, зеленчуци, месо...маџун, мед... се природно. Маж ми имаше другар кој пиеше цело време вакви вештачки витамини и кога прекина, не можеше една година да се опорави, телото немало никаков имунитет само. Затоа, давајте вештачко ако доктор рече дека мора. Мојата се разборува у просек еднаш на 2 месеци, а на почетокот и почесто кога тргна во градинка. Кога спомнав на матичниот да давам нешто (поучена од тука) он ми рече, здраво ти е детето, не ми треба ништо. Викам 40 темп? Нормално е за деца, здраво е детето.
Нас ни даде сируп докторката, иако малава има одличен имунитет, од причина што треба да се породам со второво на зима. Дотогаш бебка се надевам ќе биде адаптирана, ама целта е колку може да биде здрава (условно кажано) и да носи дома што помалку вируси при новороденче. Не би давала да не беше ваква ситуацијата, ама бидејќи е специфична, секако дека ќе давам се’ што можам превентивно. Особено стопати ми нагласи др за пробиотик да давам цело време, дека е многу битен. Инаку, мое мислење, а и на докторката, е дека дете што генерално е здраво, треба да се остави само да се избори - секако, не по секоја цена. Друго е за дечиња со загрозен имунитет, или мали бебиња во јасли.
Мојава кога имаше варичела, целата беше дерматити. Кожен ми кажа да давам Дефендил. Почнав. По две недели одам на матичен, вика тоа не е за сега. Зимно време се пие, а и не и треба неа тоа. Давај пробиотик, витамини, разновидна исхрана. Зошто правиш бубрезите да работат дополнително (влијаел дефендилот лошо, не знам што имал)... па ми падна шубе и го прекинав. Планирам Молерс да и давам од септември.
Мене ми препишаа Kinderimmun за имунитет, ама сеа читам над 2год е,а маливе се 15 мес. Има некој користено под 2год?
Матичната(истата ваша)е на одмор на замена е некоја Наде и сега несака да даде потврда без к.с.Вчера брисеви правевме сега да го малтретирам безпотребно пак?Многу се изнервирав
Давај масло од семки од грејпфрут, како природен антибиотик е тоа. Мене синко ми оди од Март, Април во градинка, а летово и спие и да не го подречам ама супер е, не се разболел. Не давав никаков сируп за имунитет, давав од маслото некој период. Планирам и на двајцата тоа да им давам, па ако има потреба и се разболуваат почесто ке давам некој сируп за имунитет. Доста другарки се задоволни со маслово. Башка ставивме и превенар вакцина, па ке видиме како ке тераат.
Јас вчера бев и ни Наде не беше таму, сосема 3та ми даде потврда и плус ми го пополни и тоа од досието за градинка, удри печат од Олгица и она се потпиша. Ние правевме крвна слика за вакцини, ама резз беа готови од кога ми ја даде потврдата и не ми ни побара крвна воопшто.
Епа таа била др Снежана и од денес е Наде ама зошто последната крвна слика ни била од мај да сме донеле нова заедно со брисевите