Ќе разговарам утре отворено, факт е дека детето е потешко за адаптација препишувам на карактер, на воспитување, на околности како е растен. Фактичка состојба е дека ќе се оди тежок пат и ќе ги прашам дали се нафаќаат да соработуваме и да помогнат во процесот или да си барам чаре друга група, друга градинка. Значи дете мора да се опушти и социјализира може ќе треба недели и месеци, ама еднаш мора да го помине овој пат
Значи 50 е до детето а 50 до самите тие. И мојов ќе рикаше ако не соработуваа. Мора малце да ги стегнат.. Оди пожали се слободно. Не се плаши. Јас затоа во дирекцијата го префрлив. Таму ги прати директорката ептен
Не знам кои дирекции мислиш, јас зборам за градинката во која е директорката на сите клонови во населба.
Има главна градинка централната, а останативе се по населби ние спаѓаме во оваа која ни е на 3мин, централната ни е на некои 15 мин @wannaBeMomma се плашам од контра ефект, охриѓани сме племе народ ќе замачка очи пред директорот, а врз дете ќе тера исто па и полошо и уште ќе бара начин да ти се одмазди
Ќе пробам утре да разговарам, значи неможам да остварам комуникација, како се во брзање како да не ме ислушува не ми одговара. Ако не успеам да разговарам утре ќе одам на следен чекор разговор со дирекција ако видам нема промена ќе барам да го префрлат.
И кај нас бидна првиот ден во градинка.Без проблем си влезе таму одма отишол кај играчките,ги изгушка сите деца.Е сега неговата група е нова значи ново оформена плус нови воспитувачки и буквално како сите да се на адаптација.Од цела градинка во неговата група највеќе плачеа,како он издржа да не се расплаче незнам.Битно среќен и задоволен утре ќе одел пак.Искрено мислам дека кога ќе сфати дека ова не е игротека ќе има плачки ама тоа е што е.Седеше саат време,утре ќе видиме планираме околу 2,5 3 саати нормално ако он е спремен за тоа.
Неможам да редактирам помина време дали се случувало кога ќе тргнат во градинка да се будат навечер и да плачат.Еве денес нит плачки ништо ама станува нон стоп со плачење.Да не е од променава нова средина некој страв или па сосема друго?
Втора вечер како не спијам од кошмари кај детево. Сѐ супер си беше досега, синоќа наеднаш почна да спие немирно со плачење во сон и од денеска не сака никако да чуе за градинка. Ама ме замисли со постов сега
Веројатно некогаш ќе се жалам, ама сега би сакала да ги пофалам! Вчера оди дете, нова група (истите деца), нови учителки. (Не беше цела недела претходно, на одмор бевме). На врата ја зема старата учителка и ја носи во старата просторија. Ја погледнав малку чудно, и си помислив нели е сега во другата група?! Ми вика: ќе ја однесам попосле таму, прво да се врати на тоа што го познава. Пауза правеше, не доаѓаше.... Има и такви педагози, мислат и на дечињата.
Да, кај нас со големата беше така. Инаку промената на градинка кај средното помина супер. Од прв ден 8 часа останува.
Колку би било полесно да е дозволено да влегуваат родителите првите неколку дена додека престраши детето. Ова буквално ко грабање му доаѓа на детето, го зема непозната жена, го вовлекува во непозната просторија и затвора врата!!! Шок за дете од 2-3 години, ништо повеќе! Траума! Џабе се сите психички припреми од претходно кога ретко кое дете ова ќе го доживее позитивно. Мојот ќе биде ист како на @Vennera.aa , знам уште од сега. Многу ќе биде тешко.
Се надевам полесно ќе се адаптирате од срце ви посакувам, еве седам во дворов на градинкава 40 мин не е престанат да плаче, ма не плаче се дери хистерично вика, слушам му зборуваат го смируваат воопшто не ги слуша, сега ќе ѕвонам и ќе го земам
Фала ти мила! Бетер ќе биде мојот. Дали ќе успеам од раце да го испуштам кога ќе ми се закачи за врат. Ќе пишам наредната недела