Iskustvo od koja vozrast e naj dobro da se prati deteto vo gradinka sakam posle dve dogini no koj period septemvri ili pred leto nie 2 ke polnime vo maj i neznam sto e pravilno
Септември ќе ти е таман. Мојов така тргна, во март наполни две години, во октомври почна. Брзо се прилагоди, ама плачките почнаа кога сфати дека секој ден, пет дена во неделата треба да оди во градинка. Тогаш беше и интензивниот период на тантруми, плачење без причина. Тешко ни беше, ама помина. Во однос на разболување, ок е, фала Богу, не сме имале некои посериозни проблеми, ама тоа е до детето.
Според моето искуство, колку порано толку подобро. Син ми го пратив на 4 години и не се навикна никако. Одеше само два месеци и јас како мајка не можев да се носам со тоа што секој ден го носев со плачење. Ништо не јадеше во градинка, па почна и дома да не јаде, па кревање температура.... Малку од самото дете, малку од мене, малку од воспитачките, имавме лошо искуство со градинката. Ќерка ми ја запишав на 10 месеци и нормлно дека плачеше ама побрзо се привикна. Сега одиме со пеење
Се ближи времето за враќање на работа. Немам кој да ми ја чува малата па барав жена за чување. Сакав првата зима да ја помине дома, а потоа да ја дадам во градинка. Но жена доверлива не можам да најдам. Затоа бев најблиската градинка, во Аеродром. Искрено не знам како искочив од таму. Едвај се воздржав да не заплачам. Во една соба спијат, играт, јадат. Воспитувачката ми вика 30 деца 2 воспитувачки. Ми рече дека 9 месечно бебе е мало за градинка. Божем јас незнам.. но кој да ја чува?? Вика овде нема држење во раце. Кој како се снаоѓа.. Се собраа околу мене бебчињата, со малите очиња ме гледаа тажно..едното ми кавта, другото ми се смешка.. уште толку се разнежнив и натажив. Сега прочитав за градинка Црвенкапа(приватна). Дали има некој искуство со таа градинка?
А која е цената во таа градинка? Мене малата жена ми ја чува, погодена ни е, прашај по луге со препорака барем додека да прооди.
12500 е во црвенкапа но мене ми дадоа попуст -2500(заради икс причини). Најдов една женичка и 2 девојчиња. Ке се видам до сите другата недела и ке одлучам. Извини што ке прашам но дали може да ми кажеш колку плакаш за жената? Ако сакаш пиши ми во лп. Фала ти
200 евра за градинка?? Што вклучува градинката,приватна ли е?Со посебен режим на исхрана?Еден куп прашања ама од 1500 не сум плаќала повеке градинка и ова ми е чудно.Студент толку не плака.
Приватна е. За жал ако треба ке морам да скратам од многу работи но во државна не ја давам на 8 ипол месеци. 1 година или приватна или жена дома а потоа ке оди во државна градинка. Во приватната во јасли повеке од 5 деца не примаат, јадењето убаво итн... Тоа е кога немам кој да ја гледа додека да прооди и прозбори.
Што кога ќе ти го вратат детето од јасли со искината облека, и ќе ти речат сигурно се тегнело со некои деца ние не сме виделе ништо? А дека не виделе верувам, многу често децата се оставени сами, баш и вчера кога моите отишле да ја земат децата биле сами, умните тие си седел на купче на земја во собата. Но очигледно не секогаш се толку умни. Отсекогаш имам разбирање за нивната работа и прифаќам многу "грешки" од нивна страна, дека многу деца не можат нели се на време да постигнат но оваа ноншалантност од нивна страна многу ме нервира. Редовно за време додека децата спијат тие двете се излезени не пред врата не во двор туку на улица пред градинка со кафе и цигара на муабет. Секој ден се затечени вака, кога мои познати кои си ги земаат децата околу пладне, пред спиење.
Ќерка ми ја пуштив во градинка на 8 месеци. Немав пари за приватни градинки и жени, нема кој да ја чува. Се навикна за 0 време, сега на 15 месеци со песна оди натаму, со плачки накај дома. Има навики кои врсници нејзини што не одат во градинка ги немаат, најадена е секогаш, пресоблечена, газето и е бело како дома кога ја чувам. Расположено и среќно дете земам секој ден, Ама баш секој ден! Учителките ги гушка како мене што ме гушка, сите ги вика тете. Не знам што ви е толку жално и тажно. Дали ќе оди на помала и поголема возраст, ако еднаш мора да оди подобро на помала. Дали нашето искуство е такво во таа градинка не знам, ама сите родители истото го мислиме и зборуваме!
Да исто и мојата од 10 месеци, брзо се навикна, исто тете тете, до сега и јас имав само убави зборови за се што се случува таму, иако неколку пати дојде дома изгризана, иако многу пати ја затекнавме во креветче додека другите трчаа доле за тоа што таа најмала не одеше уште -лазеше, па другите ја газеле, иако кажува како тете ја плеска по газето или ја скубе по коста, таа си ги сака, штое нормално толку часа поминува со нив таму, ги чуствува веќе баш како тетки. Но искината облека со образложение не сме виделе е тоа ме застрашува, може да се случат полоши работи без тие да видат!
А кој и дава право на негувателката да го скубе или плеска по газе детето?Ако неможе да излезе на крај со толку деца нека отстапи место на некоја поцивилизирана.Или тоа е начин да ги смири малите за да може госпожата кафе да пие и турски серии да раскажува.
Се зависи од воспитувачката и негователката. Еве на пример ќерка ми пред еден месец си дојде дома цела искасана. Не виделе и тоа е се. Друго објаснување не даваат. И да ги прашуваш, нема што да ти кажат. Во оваа група се 17-20 деца што не е многу. Од други работи сум задоволна. Се случувало да ја држат во раце цело време заради тоа што не оди. И моето е секогаш преслечено и најадено. Мене ми пречи само тоа што не обрнуваат премногу внимание на хранењето на децата. Сепак се мали. Ми нема некоја логика да ја оставаат малечката сама да јаде. Па Боже мили годинка и нецел месец има. Воглавно оние кои ја водат групата на ќерка ми се фер и коректни а и имаат нерви за работа со деца. Тоа е најбитно Од друга страна, син ми го запишав на 4 години и да ви кажам имавме непријатно искуство. Негователката беше женска која нема нерви и од далеку се гледаше дека е груба. Не само со моето туку со сите деца беше насилна и имаше многу поплаки. Првиот ден го оставивме син ми и не сакал да легне да спие. Им рекол дека ќе ме чека мене да го земам и таа го истргала за косата и го одвлечкала до креветот. Повеќе не отиде во градика. Жената ја суспендираа заради тоа што истепа дете. Родителите нормално тужеле. Сега син ми е исто со добра негователка, мада има 6.5 години и можеш да се разбереш на секаков начин. Јас мислам дека се е до вработените а не до децата.
I ovde vo Amerika gi ostavaat decata sami da jadat I toa uste pred da napolnat godinka. Za nas roditelite ne e sfatlivo zatoa sto trcame so lazicata po niv doma, no veruvaj za nivno dobro e. Se ucat na dobri naviki, se jade na masa vo odredeno vreme, a ne po cel den da se trca po nego da se hrani. Isto taka na ovoj nacin si sozdavaat I kontrola kolku im e dosta za jadenje bez nikoj da gi zalazuva ili da Im veli ajde uste ovaa lazicka Ovde pak gi ostavaat po cel den vo patiki, duri I so patiki spijat. Ova go pravat za vo slucaj na pozar ako treba da gi iznesat od zgradata site da se spremni. Go sfakam ova, no od druga strana si velam, pa na toa dete ke mu se poti nozeto cel den vo patiki. Sega I nie ke go prakame maliot vo gradinka I mislam deka na mene ke mi e potesko da se naviknam odkolku na nego.
Ќерками заврши со малата група , од јули почнуваме во големата група . Правиме пауза од 3 месеци пошто за тоа време ќе бидеме во Мк. Презадоволна бев од учителките од групата ,беа 3 учителки на вкупно 11 деца. Во групата беа 11 деца , со тек на време се намалуваше бројот пошто тие што наполниле 3 години ги симнуваат во долните поголеми групи . На сам крај останаа 7 деца . Од самиот почеток им се води папка. Во неа запишувале сите работи поврзани со детето , со слики документирани . Во врска со јадењето , ние доручек си носевме од дома. Ручек спремаа во градинката . Го оставаа сами да јадат , кај поголемите не беше проблем сами да јадат ,на кај помалите им помагаа секако. После ручек им даваа десерт , на ќерками и даваа само ако имала пробано барем малце од салатата, инаку нема десерт! Што сметам дека е во ред После спиење им даваат некоја ужинка . За пиење само обична вода или незасладен чај . Малово планирам да го пуштам исто од полни 2 годинки , исто во групата каде што одеше и ќерками
Јас најверојатно, со господ напред наскоро ќе почнам на работа, па така да и навремено почнав да бркам во градинка. Значи да не ти се верува ти велат редовно чекање на листата дури во септември. Да до ивееш да бркаш врски буквално како на факултет да треба да го запишам. Но ја изоставив таа варијанта, па пробав прво со муабет и убаво ме разбра психологот и реле не ќе е проблем. Па сега неделава брис треба да правиме и така.
Еее Сноу, јас за мојот да тргне во градинка на 8 месеци, пред да наполни 40дена ги дадов документите. и пак не знаевме дали ќе го примат. Знам за случаи каде што им гарантирале дека ќе го примат, па го немало на список детето, така што мој совет ти е да им се јавуваш почесто и да проверуваш, не оставај на збор. Што се однесува до мајката погоре, со искинатата облека во јасли. Многу зависи од негователките. Кога мојот беше во старата градинка, ме убедуваа дека он ги тепал другите деца, а детето имаше 9 месеци, не знаеше ни да лази како што треба. Па гребаници, па касано, се он се закачал. Се додека не го земав претепан и испогребан на лицето, за што ме убедуваа дека сам си се гребел. Реагирајте обавезно, јас се препишував на она „деца се“, па после животот ми се скрати и до полиции и тужби завршивме.
Ние малиот уште пред месец и пол го запишавме во градинка, имаше место во таа што ни се допаѓа и сега од 1 Октомври го чекаат Од тогаш му е гарантирано местото, кога ќе почне да оди, ќе видиме. Приватна е градинката, со многу малку деца во група, кога бевме да ја видиме имаше по 5-6 деца во секоја група. Ми се допаѓаше концептот на градинката, има денови кога родител може слободно да дојде и да седи во градинката со групата во која е детето, се организираат средби на дружење на родителите, така што сите родители се познаваат меѓу себе, се помага во градинката кога треба да се организираат разни активности......Она што особено ми се допаѓа овде е тоа што цената на државните и приватните градинки е иста, градинката нема право да одреди цена туку државата ја одредува цената. И тоа нема фиксни цени, туку секој плаќа врз основа на примањата-колку помалку примања, толку помалку се плаќа во градинка. Како добро искуство од градинки во Скопје би можела да ја потенцирам градинката кај полициската станица Беко. Сестра ми таму го носеше внук ми од 2 години до сам крај, внука ми оди од 2 години таму, сега е во најголемата група....И двајцата се презадоволни и од воспитувачките (иако не им беа истите), и од храната, и од хигиената.......Се случило неколку пати некој да не е пресоблечен, но никогаш ниту внук ми ниту внука ми не се вратиле искасани, истепани, со искината облека, или пак воспитувачката да ги плеснала по газе или да ги скубне, никогаш. Ниту пак се случило нешто такво во нивните групи.
Ние сме во Снежана Чаир, јатрва ми и двете деца и беа таму, едното е сега прваче, а другото е уште таму и е задоволна. Вака што сум слушала и гледала само од една негувателка се жалат другите се сите задоволни. Дури побарав да е кај негувателката што беа децата на јатрва ми, го пишаа во тој список, утре ќе одам брисеви, во петок ќе им однесам и здравје од понеделник да почнеме со адаптација. Инаку да пред 3-4 недели беше последниот муабет за листа на чекање, па кога отидов последниов пат да им кажам дека ми е итно и дека најверојатно од 1ви ќе сум на работа, Никола ми го немаше никаде запишано на листа за чекање, и уште ми вели изгледа одамна не сте се јавиле а тоа 2-3 недели дали имаше поминато,